Leviticus (25/27)  

1. И му рече уште Господ на Мојсеја, на планината Синај, велејки:
2. "Јави им на синовите Израилеви и кажи им: кога ке дојдете во земјата, што ви ја давам Јас, земјата што ви ја давам нека ја празнува саботата Господова;
3. шест години засејувај ја нивата своја и шест години режи го лозјето свое и прибирај ги плодовите нивни,
4. а во седмата година е сабота за земјата - нека има одмор земјата; тоа е сабота Господова: не ја сеј нивата своја и не го режи лозјето свое.
5. Она што само ке израсне на нивата твоја, не го жнеј, и грозјето од нережаните лози твои не собирај го: нека биде тоа година за починка на земјата.
6. И за време починката на земјата тоа нека биде храна за сите вас - за теве и за твојот роб, за робинката твоја, за наемникот твој и за придојдениот, населен кај тебе;
7. а добитокот твој и за sверовите што се на земјата твоја, тие плодови нека им бидат храна.
8. И изброј седум саботни години, седумпати по седум, за да ти излезат во седумте седмици четириесет и девет години;
9. и објавете го со трубен глас по целата земја ваша седмиот месец, во десеттиот ден од месецот; во денот на очистувањето затрубете со труба по целата земја ваша;
10. и осветете ја педесеттата година и објавете слобода по земјата за сите жители; тоа да ви биде година на проштавање; и секој да се врати во својот имот, и секој да се врати при родот свој.
11. Педесеттата година да ви биде година на проштавање; во таа година не сејте и не жнејте го она што ке израсне само од земјата, и да не го собирате она што Му е свето на Господа,
12. зашто тоа е знак за опростување: свето да ви е тоа - од нивите јадете ги плодовите нивни.
13. Во таа проштална година секој нека се врати на имотот свој.
14. Ако си му продал нешто на ближниот свој, или ако си купил нешто од ближниот свој, не оскрбувај го ближниот свој;
15. ти треба да купуваш од ближниот свој според бројот на годините по прошталната, и според, бројот на годините на приходот тој треба да ти продава;
16. ако остануваат многу години, зголеми ја цената; ако оставаш за малку години, намали ја цената; според бројот на годините определи ја цената.
17. Не оскрбувај го ближниот свој; бој се од твојот Господ Бог, зашто Јас сум Господ, вашиот Бог.
18. Извршувајте ги заповедите Мои, пазете и исполнувајте ги законите Мои, и спокојно ке живеете на земјата;
19. и земјата ке ги дава своите плодови, и ке јадете до наситка и спокојно ке живеете на неа.
20. Ако кажете: што ке јадеме во седмата година, кога не сме посеале ништо, не сме собрале производи наши,
21. Јас ке испратам благослов Мој во шестата година, и таа ке даде плод за три години;
22. а во осмата година ке сеете, па ке јадете од старите производи до деветтата година; и додека не узреат плодовите нејзини, ке јадете од старото.
23. Земјата не смее да се продава засекогаш, зашто земјата е Моја; вие сте при Мене придојдени и преселеници;
24. по целата земја на вашите имоти дозволувајте земјата да се откупува.
25. Ако брат ти, кој е кај тебе, осиромаши и го продаде својот имот, тогаш да дојдте неговиот најблизок роднина и нека го откупи продаденото од братот негов.
26. Но, ако нема свој, кој да го откупи, тој самиот ке успее и ке најде колку што треба за откуп;
27. тогаш да ги пресмета годините од продажбата своја и да го врати другото на оној кому му го продал, и повторно да влезе во владението свое.
28. Ако, пак, не најде колку што треба, за да врати, продаденото нека остане во рацете на купувачот се‘ до шестата проштална година, а во светата година да стане слободно и повторно да влезе во имотот свој.
29. Ако некој продаде кука за живеење во град ограден, таа може да се откупи се‘ додека не измине годината на продажбата нејзина - во текот на годината таа може да се откупи.
30. Ако, пак, не се откупи додека не измине годината од продажбата нејзина, куката што е во градот, со тврда ограда, засекогаш ке остане во рацете на купувачот и родот негов, и нема да му се врати во прошталната година.
31. А куките по селата, што не се оградени наоколу, треба да се сметаа за ниви; тие секогаш ке можат да се откупуваат, но во прошталната година ке се вратат.
32. А што се однесува до градовите на левитите, куките во градовите на владението нивно, секогаш можат да ги откупуваат левитите;
33. ако некој од левитите нема средства да откупи, тогаш продадената кука во градот на нивниот имот ке биде вратена во времето на прошталната година, зашто куките во градовите на левитите се нивно владение ме у синовите Израилеви.
34. А селата околу нивните градови не смеат да се продаваат, зашто тие се нивно вечно владение.
35. Ако братот твој осиромаши и изнемогне при тебе, поткрепи го исто така како да е твој придојден или преселеник, та да живее кај тебе.
36. Не земај му ни лихва ни печалба, и бој се од твојот Бог; Јас сум Господ; братот твој нека живее при тебе.
37. Не давај му сребро свое со интерес, а и храната твоја не давај му ја со печалба.
38. Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве изведе од Египетската земја за да ви ја дадам земјата Хананска и да бидам ваш Бог.
39. Кога ке осиромаши кај тебе братот твој, и ти се продаде, не товари го со ропска работа;
40. тој треба да ти биде како наемник, како преселник, нека ти работи до прошталната година,
41. а тогаш нека си отиде од кај тебе, тој самиот и децата негови со него во прошталната година, и нека се врати ме у родот свој и пак да влезе во имотот на татковците свои,
42. бидејки тие се Мои слуги, кои Јас ги изведов од Египетската земја: тие не смеат да се продаваат како што се продаваат робовите.
43. Не товарај го со многу работа и бој се од твојот Господ Бог.
44. Ако сакаш да имаш свој роб и своја робинка, купувајте си роб и робинка од народите што се околу вас; од нив да си земате робови и робинки.
45. Исто така и од децата на преселниците, населени ме у вас, можете да купувате; и од нивните роднини во земјата ваша ако ги има, и тие да ви бидат сопственост.
46. Можете да ги предавата во наследство и на синовите ваши по вас како вечен имот; а браката ваши, синовите Израилеви, не обременувајте ги со многу работа.
47. Ако твојот придојден или твојот преселник се збогати, а братот твој пред него осиромаши и му се продаде на придојдениот, населен при тебе, или на некој друг од родот на придојдените,
48. тогаш по продажбата тој може да биде откупен; некој од браката негови треба да го откупи,
49. или братат на неговиот татко, или синот на стрикото негов треба да го откупи, или кој и да било од родот негов во племето, да го откупи, или самиот тој, ако се снајде да се откупи.
50. И да се пресмета со купувачот свој, сметајки од годините, кога се продал, па се‘ до прошталната година, и до го врати среброто за кое се продал според бројот на годините, при што да се пресмета и тоа дека кај него бил и како наемник - според бројот на годините,
51. и ако остануваат уште многу години, тогаш сразмерно на нив да го врати својот откуп во сребро, за кој бил купен;
52. ако, пак, остануваат уште малку години до прошталната година, да пресмета и сразмерно на годините на служењето да плати за својот откуп.
53. Во текот на сите години тој да биде кај него како наемник, но тој не треба да биде преоптоваруван со работа пред твоите очи.
54. Ако, пак, не се откупи на тој начин, тогаш во прошталната година да излезе самиот тој и децата негови со него,
55. затоа што синовите Израилеви се Мои слуги; тие се Мои деца, што ги изведов од Египетската земја. Јас сум Господ, вашиот Бог."

  Leviticus (25/27)