Leviticus (22/27)  

1. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
2. "Кажи му на Арона и на синовите негови да постапуваат внимателно со светите приноси од синовите Израилеви и да не го осквернуваат Моето свето име во тоа, што Ми го посветуваат. Јас сум Господ.
3. Кажи им: ако некој во целото ваше потомство во вашите родови има на себе некакава нечистотија и пристапи кон светите дарови, што синовите Израилеви Му ги посветуваат на Господа, да се истреби таа душа од пред Мене. Јас сум Господ, вашиот Бог.
4. Оној човек од семето Ароново, кои е лепрозен, или има излив на семе, да не јаде од светите дарови се‘ додека не се исчисти, и кој се допре до нешто нечисто од мртовац, или кому му се случи излив на семе при спиење,
5. или кој ке се допре до некој гад, па се оскверни, или до човек од кого се оскверни од каква и да било нечистотија,
6. тој што се допрел до тоа да биде нечист до вечерта и да не јаде од светите приноси, пред да го измие целото свое тело со вода;
7. но, штом зајде сонцето, да биде чист, тогаш да јаде од осветените дарови, бидејки тоа е негова храна.
8. Мрша или sверојадина тој да не јаде, за да не оскверни од нив. Јас сум Господ.
9. Нека ги пазат заповедите Мои, за да не навлечат поради нив грев врз себе и да не умрат поради нив, ако се осквернат. Јас сум Господ Бог, Кој ги осветува.
10. Никој од друг род да не јаде од светите приноси: кој се населил кај свештеник, ни наемникот негов, не смее да јаде од светите приноси.
11. Ако свештеникот си купи човек со пари, тој нека јаде од лебовите негови; исто така и домашните негови можат да јадат од неговите лебови.
12. Ако свештеничка керка се омажи за човек од друго племе, таа не смее да јаде од првините на светото,
13. а ако таа остане вдовица или биде разведена, а нема деца, и се врати во татковата кука, како што била на млади години, тогаш таа може да јаде од лебовите на татка си; но никој друг род не смее да јаде од нив.
14. Кој поради незнаење јаде нешто од осветените приноси, тој дел треба да му го врати толку на свештеникот и да додаде кон него уште една петина од тоа.
15. И да не ги осквернуваат светињите на синовите Израилеви, принесувани на Господа;
16. и да не навлекуваат врз себе беззаконие поради престап, со тоа што ке јадат од нивните дарови, зашто Јас сум Господ, Кој ги осветува."
17. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
18. "Кажи им на Арона и на синовите негови и на сите синови Израилеви кажи им: ако некој од синовите Израилеви, или од придојдените ме у народот Израилв, било поради исповедание или од благодарност принесува жртви какви што Му се принесуваат на Господа, за сепаленица,
19. за да му се прими жртвата милостиво, треба да биде од машки пол од стадата волови или овци, или кози, без недостаток;
20. а се‘ што има недостаток, да не Му се принесува на Господа, бидејки тоа ке Му биде непријатно.
21. И ако некој Му принесува на Господа жртва за спасение, исполнувајки завет или по своја воља, или на вашите празници, тогаш тоа треба да биде од стадата на говедата или овците и да биде без недостаток, за да му биде примена - и да нема никаков недостаток.
22. Животно слепо или сакато, или со пресечен јазик, или шугаво, или краставо, или со лишај - такви не принесувајте Му на Господа и од нив не давајте на Господа жртва на жртвеникот.
23. Теле или овца со долги уши или кратки нозе можеш да принесеш како жртва по своја воља: но ако е за завет, нема да се прими.
24. Животно со дробови слаби и болни, резано или тргано, не принесувај Му на Господа; во земјата ваша не правете го тоа.
25. И од рацете на ту инец на принесувате Му на Господа никакви дарови на вашиот Бог, затоа што тие се повреда, имаа недостаток: тие нема да ви се примат."
26. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
27. "Кога ке се роди теле, или јагне, или козле, да остане кај мајка си седум дена, а од осмиот ден и натаму ке може да се принесува како дар на Господа, -
28. но не колете ни теле, ниту јагне во ист ден заедно со мајката негова.
29. Ако Му принесувате на Господа жртва по завет, со радост принесувајте ја.
30. Таа да се изеде истиот ден, не оставајте од месото за другиот ден. Јас сум Господ.
31. Пазете ги заповедите Мои и извршувајте ги. Јас сум Господ.
32. Не осквернувајте го Моето свето име, за да бидам свет ме у синовите Израилеви. Јас сум Господ, Кој ве осветува,
33. Кој ве изведов од Египетската земја, за да бидам ваш Бог. Јас сум Господ."

  Leviticus (22/27)