Leviticus (21/27)  

1. И пак му рече Господ на Мојсеја, велејки: "Кажи им на свештениците, синовите Аронови, и рече им да не се допираат до мртовец од народот свој.
2. Само до близок роднина свој, до мајка, до татко, до син и до керка, до брат,
3. до сестра, која е мома што живее кај него, а немажена, може да се допира, и со тоа да не се осквернува;
4. инаку, не смее да се оскверни со допир до кого и да било од народот свој, за да не стане нечист.
5. Не смеат да ја бричат главата своја, ниту да го расипуваат обликот на брадата своја, ни да правата зарези по телото свое.
6. Тие треба да бидат свети пред својот Бог и да не го осквернуваат името на својот Бог, бидејки тие сами Му принесуваат дарови на својот Бог, и ке бидат свети.
7. Тие не смеат да земаат жени блудници и порочни, не смеат да се женат ни со жена, отерана од својот маж, затоа што се тие свети пред Господа, својот Бог.
8. И свет нека ти биде, бидејки тој Му принесува дар на Господа, вашиот Бог; тој треба да ти биде свет, затоа што сум свет Јас, Господ Бог ваш, Кој ги осветува.
9. Ако свештеничка керка се оскверни со блудство, таа го осквернила таткото свој: со оган да биде изгорена.
10. А големиот свештеник ме у браката свои, врз чија глава е излеан елеј за помазание, и е совршен за да се облекува во одежди, да не ја открива главата своја и облеката своја да не ја кине;
11. и до никаков мртовец да не прио а; да не се осквернува со допир ни до умрениот татко свој и ни до мајката своја.
12. Чад од светилиштето да не излегува за да не го оскверни осветеното од својот Бог, зашто светиот елеј на Божјото помазание е врз него. Јас сум Господ.
13. За жена тој треба да зема девица од родот свој;
14. не смее да зема вдовица или оставена или осквернета или блудница, туку само девица од родот свој тој треба да зема за жена.
15. И да не го осквернува своето потомство во народот свој: затоа што сум Јас Господ Бог, Кој го осветува."
16. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
17. "Кажи му на Арона: никој од твоето семе во сите родови, кој има телесен недостаток, да не пристапува да Му принесува дар на својот Бог.
18. Никој, кој има телесен недостаток, да не пристапува; ни слеп човек, ниту хром, ниту, пак, со крив нос, или со рецкано уво,
19. ниту таков кому му е раката скршена или ногата скршена,
20. ниту грбав, ниту гурелав, ниту со перде на очите, а ни крастав или со лишај, ниту килав.
21. Никој човек од родот на свештеникот Арон, кој е со телесен недостаток, не смее да пристапува за да Му принесува жртва на твојот Бог; бидејки има недостаток, нека не пристапува да принесува дарови Божји,
22. но од даровите на својот Бог, од осветените жртви, тој може да јаде;
23. само до завесата да не се доближува и до жртвеникот да не пристапува, затоа што има недостаток: да не го оскверни светилиштето на својот Бог, оти Јас сум Господ, Кои ги осветува."
24. И Мојсеј им го соопшти тоа на Арона и на синовите негови и на сите синови Израилеви.

  Leviticus (21/27)