Leviticus (20/27)  

1. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
2. "Кажи им на синовите Израилеви, говорејки: ако некој од синовите Израилеви или од придојдените, кои живеат ме у Израилците, му даде жртва на Молоха од децата свои, да умре; народот од земјата со камења да го убие.
3. И Јас ке го свртам лицето Мое против тој човек и ке го истребам од народот негов, затоа што му дал на Молоха жртва од децата свои, за да го оскверни Моето светилиште, и да се оскверни името на оние што сум ги осветил.
4. И ако народот од земјата ги затвори очите пред тој човек, кога ке му даде ма Молоха жртва од своите деца, и не го убие,
5. тогаш Јас ке го свртам лицето Мое против тој човек и неговиот род, ке ги истребам и сите едномисленици, што ке го следат во блудството негово со идолите на тој народ.
6. И ако некоја душа тргне по оние што гатаат на животински црева, и по магесници, за да го следат нивното блудство, Јас ке го свртам лицето Мое против таа душа и ке ја истребам од народот нејзин.
7. Бидете свети, зашто Јас, вашиот Господ Бог, сум свет.
8. Пазете ги Моите повелби и извршувајте ги, оти Јас сум Господ, Кој ве осветува.
9. Човек, кој го навредува таткото свој или мајката своја да биде убиен; тој што го злословува таткото свој или мајката своја: виновен е.
10. Ако некој изврши прељуба со мажена жена или со жената на ближниот свој - да бидат убиени и прељубодеецот и прељубодејката.
11. Кој ке легне со жената на таткото свој, тој ја открил голотијата на татка си; обајцата да бидат убиени; виновни се.
12. Ако некој легне со снаата своја, и обајцата да бидат убиени, тие извршиле нечисто дело - виновни се.
13. Ако некој легне со маж како со жена, и обајцата извршиле гнасно дело: да бидат убиени, виновни се.
14. Ако некој се ожени со керка или мајката нејзина, тоа е беззаконие: со оган да бидат изгорени и тој и таа, за да нема беззаконие ме у вас.
15. А, ако некој пристапи кај некое животно, за да се соедини со него, убиј го него и животното: тие треба да бидат убиени - виновни се.
16. И жена ако пристапи до животно, да се соедини со него, да ги убиете и жената и животното - да умрат, виновни се.
17. Ако некој ја земе сестрата своја, или татковата керка, или мајкината керка, и ја види голотијата нејзина, и таа ја види голотијата негова: тоа е срам; да бидат истребени од својот народ: тој ја открил голотијата на сестрата своја - затоа ке го прими гревот свој врз себе.
18. Ако некој легне со жена кога е нечиста од излив на крв, и ја открие голотијата нејзина, изливот на нејзината крв, и таа го открие изливот на својата крв: и обајцата да бидат истребени од народот свој.
19. Голотијата од мајкината сестра и голотијата од сестрата на твојот татко не откривај ја, зашто тој открива родбинска голотија, тие гревот свој ке го носат врз себе.
20. И ако некој легне со роднина своја, тој ја открил Голотијата на родот свој: нека умрат без деца.
21. Ако некој ја земе братовата жена: тоа е гнасно дело; тој ја открил голотијата на братот свој, и обајцата ке умрат без деца.
22. Запазете ги сите Мои повелби и сите Мои заповеди и извршувајте ги - и нема против вас да вознегодува земјата, во која ве водам да живеете во неа.
23. Не постапувајте според законите на незнабошците што ке ги изгонам пред вас; затоа што тие сето тоа го правеа, Јас вознегодував против нив,
24. и ви реков; вие ке ја наследите земјата нивна и вам ке ви ја дадам во владение земјата, каде што тече мед и млеко. Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве оддели од сите народи.
25. Правете разлика ме у чист и нечист добиток, и ме у чиста и нечиста птица, и не ги осквернувајте душите свои со добиток и со птица и со она што лази по земјата, она што ви го одвоив како нечисто.
26. Kе ми бидете свети, затоа што сум Јас, Господ вашиот Бог, свет, Кој ве одделив од сите народи за да бидете Мои.
27. Маж или жена, ако извикува духови на мртви, да бидат убиени; со камења да ги убиете, виновни се."

  Leviticus (20/27)