Leviticus (19/27)  

1. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
2. "Кажи му на целото општество на Израилевите синови и речи им: бидете свети, затоа што сум свет, Јас Господ, вашиот Бог.
3. Секој да се плаши од таткото свој и од мајката своја и да ги запазува Моите саботи. Јас сум Господ вашиот Бог.
4. Не одете по идоли, и излеани богови не правете си. Јас сум Господ, вашиот Бог.
5. Кога Му принесувате на Господа жртва за спасение, принесувајте ја за да биде примена.
6. Таа треба да се јаде во денот, кога ја принесувате, и вториот ден, а она што ке остане во третиот ден, да се изгори на оган.
7. Ако некој ја јаде во третиот ден, тоа не е жртва и нема да се прими.
8. Оној што ке ја јаде, ке навлече врз себе грев, бидејки го осквернил она што Му е свето на Господа, и душите на тие што јаделе, ке им бидат истребени од народот Негов.
9. Кога ја собирате жетвата од земјата своја, не ја жнеј нивата своја до крај, и паднатите класја од жетвата своја не собирај ги.
10. а и лозјето свое не собирај го до зрно, и паднатите зрна од брањето не собирај ги; остави го тоа за сиромавиот и придојдениот. Јас сум Господ, вашиот Бог.
11. Не крадете, не лажете и не клеветете го ближниот свој.
12. Не колнете се лажно во Моето име, на осквернувајте го светото име на вашиот Бог; Јас сум Господ, вашиот Бог.
13. Не навредувај го ближниот свој. Наградата на наемникот твој не смее да остане кај тебе до утредента.
14. Не навредувај глув човек и пред слеп не ставај ништо, од кое може да се сопне; бој се од Господа, твојот Бог. Јас сум Господ, Бог ваш.
15. Не прави неправда, а кога си во судот: не биди пристрасен спрема сиромавиот и не угодувај му на големецот; суди му на ближниот свој по правда.
16. Не шири лага ме у народот свој и не посегнувај врз животот на ближниот свој. Јас сум Господ, вашиот Бог.
17. Во мислите свои на завидувај му на братот твој; изобличи го ближниот свој и нема да ти се прими за грев поради тоа.
18. Да не се одмаздува раката твоја и не биди им непријател на синовите од народот твој, туку сакај го ближниот свој како самиот себе. Јас сум Господ, вашиот Бог.
19. Запазувај го законот Мој, не мешај го добитокот свој со добиток од друг род; во лозјето свое не сади различни лози; облека ткаена од две пре и не облекувај.
20. Ако некој преспие со жена, а таа е робинка, свршена за маж, но уште неоткупена, или уште не и‘ е дадена слобода, да се казнат и обајцата, но не со смрт, зашто таа не е слободна;
21. тој нека донесе пред Господа при влезот од скинијата на сведоштвото жртва за принос: еден овен,
22. и да се помоли свештеникот пред Господа, преку овенот за престап, за гревот што го направил, и извршениот грев ке му биде простен.
23. Кога ке влезе во земјата, која Господ, вашиот Бог, ви ја дава, и ке посадите секакво плодно дрво, очистете ја нечистотијата негова, три години неговиот плод треба да е за вас нечист и да не се јаде;
24. а во четвртата година секој негов плод е свет, посветен на Господа за благодарност.
25. Во петтата, пак, година, можете да ги јадете плодовите негови и да го собирате целиот негов род. Јас сум Господ, вашиот Бог.
26. Не јадете ништо со крв и не гатајте според летот на птиците.
27. Не стрижете ја главата своја наоколу и не расипувајте го изгледот на брадата своја.
28. Заради умрен не правете рецки по снагата своја и не цртајте букви по телото свое. Јас сум Господ, вашиот Бог.
29. Не осквернувај ја керката своја, со тоа што ке и‘ дозволиш да врши блудство и да се исполни земјата со беззаконија.
30. Саботите Мои пазете ги и бојте се од она што Ми е свето. Јас сум Господ.
31. Не одете по оние што повикуваат духови на мртви, и до ма есници не доближувајте се, и не дозволувајте да ве осквернат. Јас сум Господ, Бог ваш.
32. Пред седо лице станувај, почитувај го лицето на старец и бој се од Господа, твојот Бог. Јас сум Господ, Бог ваш.
33. Кога придојден ке се насели во земјата ваша, не жалостете го;
34. придојдениот ме у вас нека ви биде исто како тукашен; сакајте го како себеси, затоа што и вие бевте придојдени во Египетската земја. Јас сум Господ, Бог ваш.
35. Не правете неправда кога судите, кога мерите со теразија и кога измерувате;
36. мерките ваши да ви бидат точни, теговите точни, ефата верна. Јас сум Гопод, Бог ваш, што ве изведов од Египетската земја.
37. Пазете го целиот Мој закон и сите Мои повелби, и извршувајте ги. Јас сум Господ, Бог ваш."

  Leviticus (19/27)