Leviticus (18/27)  

1. И му рече Господ Бог на Мојсеја, велејки:
2. "Кажи им на синовите Израилеви и речи им: Јас сум Господ Бог ваш.
3. Не постапувајте според делата на Египетската земја, во која живеевте, не постапувајте ни според делата на земјата Хананска, во која ве водам, и не управувајте се според нивните закони.
4. Извршувајте ги сите Мои наредби и пазете ги сите Мои заповеди, одете по нив, Јас сум Господ, Бог ваш.
5. Пазете ги сите Мои наредби и сите заповеди и извршувајте ги, и секој што ги извршува жив ке биде, Јас сум, Гопода, Бог ваш.
6. Никој не смее да се доближува до сродниците по тело, за да ја открие голотијата нивна. Јас сум Господ.
7. И голотијата на таткото свој и голотијата на мајката своја да не ја откриваш; таа ти е мајка, не откривај ја голотијата нејзина.
8. Голотијата на татковата жена не откривај ја: таа е таткова голотија.
9. Голотијата на сестрата твоја, која е од татка ти или од мајка ти твоја, родена во куката или надвор од куката, да не ја откриваш голотијата нејзина.
10. Голотијата од керката на синот твој или од керката на керката твоја, не откривај ја голотијата нивна, зашто тие се твоја голотија.
11. Голотијата на керката од татковата жена, не откривај ја, таа ти е сестра по татко.
12. Голотијата на татковата сестра не ја откривај; таа е од иста крв со таткото твој.
13. Голотијата на мајкината сестра не ја откривај, таа е од иста крв со мајката твоја.
14. Голотијата на татковиот брат не ја откривај и до неговата жена не се доближувај, таа ти е стрина.
15. Голотијата на снаата своја не ја откривај, таа е жена на твојот син - затоа не ја откривај голотијата нејзина.
16. Голотијата на братовата жена не откривај ја, таа е голотија на братот твој.
17. Голотијата на жена и на керка и‘ не ја откривај; керката на синот нејзин и керката на керката нејзина не ги земај, за да ја откриваш голотијата нивна: тие се од иста крв; тоа е беззаконие.
18. Не земај ја за наложница сестрата на твојата жена за да ја откриеш голотијата нејзина пред неа, се‘ уште додека е жива таа.
19. И до жена, се‘ додека трае чистењето од нечистотијата нејзина, не доближувај се за да ја откриеш голотијата нејзина.
20. И со жената на ближниот твој не легнувај, за да излееш семе и да се оскверниш со неа.
21. Од децата свои не му давај жртва на Молоха и не го обесчестувај светото име. Јас сум Господ.
22. Не легнувај со маж, како со жена: тоа е одвратност.
23. И со ниедно четвороножно животно не легнувај за да излееш семе, па да се оскверниш со него; и жена на смее да легнува по ниедно четвороножно животно, за да се спои со него: тоа е гнасотија.
24. Не осквернувај се со сево ова, затоа што со сето тоа се оскверниле народите, кои Јас сакам да ги отфрлам од вас;
25. и земјата се оскверни од нив, и Јас ги казнив поради неа, и така земјата ги исфрли своите жители.
26. А вие пазете ги сите Мои закони и сите Мои повелби и не вршете ниедно од сите овие гнасотии, ниту вие овдешните, ниту придојдените кои живеат ме у вас,
27. зашто сите тие гнасотии ги правеа лу ето на таа земја, што беа пред вас, и земјата се оскверни;
28. за да не се налути земјата и на вас, кога ке ја оскверните, па да не ве исфрли, како што ги исфрли народите што беа пред вас.
29. Зашто сите, што ги вршат овие гнасотии, ке бидат истребени од народот свој.
30. И така, пазете ги сите Мои повелби за да не извршувате ниеден од нивните гнасни закони, како што постапуваа оние што беа пред вас, и да не се оскверните со нив, оти Јас сум Господ, Бог ваш."

  Leviticus (18/27)