Leviticus (16/27)  

1. И му зборуваше Господ на Мојсеја по смртта на двајцата Аронови синови, кога тие, откако принесоа ту оган пред Господа умреа;
2. па му рече; - "Кажи му на братот твој Арона да не влегува во светилиштето зад завесата во секое враме пред очистилиштето, што е врз ковчегот на сведоштвото, за да не умре, бидејки Јас ке се јавувам над очистилиштето во вид на облак.
3. Еве вака да влегува Арон во светилиштето: со теле како жртва за грев и со овен за сепаленица.
4. Тој треба да го облекува осветениот ленен хитон, на долната половина од телото свое да има ленена облека и да се опашува со ленен појас, ленен кидар да става - тоа се свети облеки; прво треба да го измие целото свое тело со вода и потоа да ги облекува.
5. И од заедницата на синовите Израилеви да земе Арон два козела од козите како жртва за грев и еден овен за сепаленица.
6. Потоа Арон да приведе теле како жртва поради гревот свој и да се помоли за себе и домот свој,
7. па ке ги земе двата козела и ке ги постави при вратата од скинијата на сведоштвото.
8. И тогаш Арон ке фрли жреб за двата козела: еден жреб за Господа, а другиот за отпуштање.
9. И да го доведе Арон козелот на кој паднал жребот за Господа, и да го приведе како жртва за грев;
10. а козелот на кој паднал жреб за отпуштање, да го постави жив пред Господа, и откако се помоли над него, да го пушти во пустињата за отпуштање, и козелот ке ги понесе врз себе сите нивни беззаконија во непроодна земја.
11. Потоа Арон да го приведе телето како жртва поради својот грев и да се помоли за себе и за домот свој и да го заколе како жртва поради гревот свој.
12. А потоа да земе кадилница, полна со разгорени јаглења од жртвеникот, што е пред Господа, и да ги наполни рацете со чист темјан, и тоа да го внесе зад завесата;
13. и да го стави темјанот врз огнот пред Господа; и димот од темјанот ке го покрие очистилиштето, што е над ковчегот на сведоштвото, за да не умре.
14. И ке земе од крвта на телето и со прст ке го попрска очистилиштето од источната страна; седумпати да попрска од крвта со прстот свој пред очистилиштето.
15. Тогаш да го заколе козелот пред Господа - жртва поради грев на народот, и да внесе од крвта негова зад завесата, и со неа да направи исто што направи со крвта од телето, и да попрска врз очистилиштето и спрема очистилиштето,
16. и да го очисти светилиштето од нечистотиите на синовите Израилеви и од неправдите нивни, и од сите нивни гревови. Така треба да постапи тој и со скинијата на сведоштвото, која е ме у нив, среде нечистотиите нивни.
17. Кога влегува во светилиштето треба да се помоли, и се‘ додека тој не излезе, никој да нема во скинијата, а и да се помоли за себе, за домот свој и за целото општество на Израилот.
18. Потоа ке пристапи пред жртвеникот, што е пред Господа, и ке се помоли над него и ке земе од крвта на телето и од крвта на козелот, и ке го помаже роговите на жртвеникот наоколу,
19. и ке попрска со прстот свој од крвта седумпати, за да го очисти и освети од нечистотиите на синовите Израилеви.
20. Па, откако ке ги очисти светилиштето, скинијата на сведоштвото и жртвеникот и откако ке ги очисти свештениците, ке го приведе живиот козел.
21. Потоа да ги положи Арон двете свои раце врз главата на живиот козел, да ги исповеда над него сите беззаконија на синовите Израилеви, и сите нивни престапи, и сите нивни гревови, и да ги стави врз главата на живиот козел, и да го пушти преку раката на определен човек во пустињата;
22. и козелот ке ги понесе врз себе сите нивни беззаконија во непроодна земја; и да го пушти козелот во пустињата.
23. Тогаш Арон да влезе во скинијата на сведоштвото, да ја соблече ленената облека, во која беше облечен при влегувањето во светилиштето, и таму да ја остави,
24. и да го измие телото свое со вода на свето место, да ги облече своите алишта, па, штом ке излезе, да принесе сепаленица за себеси и за сиот народ, да се помоли за себе, за домот свој, за народот и за свештениците;
25. лојот пак од жртвата за грев да го принесе врз жртеникот.
26. А оној, што ке го одведува козелот за отпуштање, да ја испере облеката своја, да го измие телото свое со вода, и по сето тоа може да влезе во населбата.
27. А телето за грев и козелот за грев, чија крв се внесува во светилиштито за очистување, да ги изнесат надовор од населбата, и да ги изгорат на оган кожите нивни, месото нивно и нечистотиите нивни;
28. оној, пак, што ке ги пали, да ги испере алиштата свои и да го измие телото свое со вода, и тогаш ке може да влезе во населбата.
29. И тоа да ви биде вечен закон: во седмиот месец, на десетиот ден од месецот, смирувајте ги душите ваши, и никакава работа да не вршите, ни вие, нити придојдените, населени ме у вас,
30. зашто во тој ден ке се помоли за вас за да ве очисти од сите ваши гревови пред Господа, и ке бидете чисти;
31. тоа да биде сабота над саботите; смирувајте ги душите ваши - тоа ке биде вечен закон.
32. Ако се помоли оној свештеник што ке биде помазан и посветен да свештенодејствува место татка си: нека облекува ленена облека, облека света;
33. и да ги очисти свјатаја свјатих и скинијата на сведоштвото, и жртвеникот да го очисти, и да се помоли за свештениците и сиот собран народ.
34. Ова да биде за вас вечен закон: и да се помоли за синовите Израилеви еднаш годишно поради сите нивни гревови, како што му заповеда Господ на Мојсеја."

  Leviticus (16/27)