Leviticus (15/27)  

1. И им рече Господ на Мојсеја и на Арона, велејки:
2. "Зборувај со синовите Израилеви и кажи им: ако некој маж има излив од телото свое, неговиот излив е нечист.
3. А ова е законот за неговата нечистотија: кога изливот истечува од неговото тело, и кога изливот се задржува во неговото тело, тоа е негова нечистотија во него самиот. Во сите денови на изливот од неговото тело, со што е опфатено неговото тело - тоа е негова нечистотија.
4. Секоја постела, на која ке легне оној што има излив од семе, нечиста е; и секој предмет, на кој ке седне оној кој има излив од семе, нечист е.
5. И кој ке се допре до неговата постела, да ја испере облеката своја и да го измие телото свое со вода и да биде нечист до вечерта.
6. А и кој ке седне на некој предмет, на кој седел оној што има излив од семе, да ги испере алиштата свои и да се измие со вода и ке биде нечист до вечерта.
7. И кој се допре до телото на оној што има излив од семе, да ја испере облеката своја и да се измие со вода и да биде нечист до вечерта.
8. Ако оној, што има излив од семе, плукне на чист, тогаш тој да ги испере алиштата свои и да се измие со вода и ке биде нечист до вечерта;
9. и секое седло на добиток, на кое седнал оној што има излив од семе, нечисто да е до вечерта;
10. и секој што ке се допре до што и да било, што било под него, нечисто ке биде до вечерта; и оној што ке го крене тоа, да ја испере облеката своја и да се измие со вода и ке биде нечист до вечерта.
11. И секој, до кого што ке се допре оној што има излив од семе, а не си ги измил рацете свои, да ги испере алиштата свои и да го измие телото свое со вода и нечист ке биде до вечерта.
12. Гленен, пак, сад до кој што ке се допре оној што има излив од семе, да се скрши; а секој дрвен сад да се измие со вода и ке биде чист.
13. А кога оној, што има излив од семе, ке си определи седум дена за очистување свое, да ја испере облеката своја и да го измие телото свое, со изворска вода, па ке биде чист;
14. а на осмиот ден да земе две грлици или два млади гулаба, и да ги донесе пред Господа при влезот до скинијата на сведоштовото, и да му ги даде на свештеникот.
15. А свештеникот едната од тие птици ке ја принесе како жртва за грев, а другата за сепаленица, а потоа пред Господа за него ке се помоли за изливот негов.
16. Ако некому му се случи излив на семе во сон; тогаш тој треба да го измие со вода целото тело свое и ке биде нечист до вечерта;
17. секоја облека или кожа, на која ке се излие семе, треба да се испере со вода и ке биде нечист до вечерта.
18. Ако маж легне со жена своја со излиено семе, тие и обајцата треба да се измијата со вода и ке бидат нечисти до вечерта.
19. Кога жена има излив на крв, што тече од нејзиното тело, треба да биде одделена седум дена додека е нечиста, и секој што ке се допре до неа, да биде нечист до вечерта.
20. И се‘, на што ке легна таа, додека трае очистувањето нејзино, да е нечисто; и се‘, на што ке седна таа, да е нечисто.
21. И секој што ке се допре до постелата нејзина, треба да ја испере облеката своја и да го измие со вода телото свое, и ке биде нечист до вечерта.
22. А и секој, што ке се допре до постелета нејзина, треба да ја испере облеката своја и да го измие со вода телото свое, и ке биде нечист до вечерта.
23. И ако некој се допре до што и да било што е на постелата нејзина, или на што и да е, на што седела таа, нечист да биде до вечерта.
24. А ако се неа биде некој, нечистотијата нејзина ке мине на него: ке биде нечист седум дена, и секоја постела на која ке легне тој, ке биде начиста.
25. Ако некоја жена има излив на крв многу денови, но не во текот за време очистувањето нејзино, и ако таа има излив подолго од нејзиното обично чистење, се‘ додека трае нечистотојата нејзина, нечиста е како за време на чистењето свое.
26. Секоја постела, на која ке легна таа во деновите на изливот нејзин, да биде нечиста како и постелата за време на нејзиното чистење; и се‘ она, на што ке седна таа, да биде нечисто, поради нечистотијата нејзина.
27. И секој што ке се допре до неа, да биде нечист, да ги испере алиштата свои и да го измие телото свое и нечист ке биде до вечерта.
28. А кога жена ке се исчисти од изливот свој, да изброи седум дена и потоа ке биде чиста.
29. Во осмиот ден да зема две грлици или два млади гулаба и да му ги однесе на свештеникот при влезот од скинијата на сведоштвото;
30. а свештеникот да принесе една од птиците како жртва за грев, а другата за сепаленица, и да се помоли за неа пред Господа поради изливот на нечистотијата нејзина.
31. Така пазете ги синовите Израилеви од нивната нечистотија, за да не умрат поради нечистотијата своја, ако го осквернат Моето живеалиште, кое е ме у нив.
32. Тоа е законот за оној што има излив од семе, и за оној што ке му се случи да има излив на семе при спиење, бидејки тоа го прави нечист;
33. а и за онаа што страда од излив на крв, и за оние што имаа излив, маж или жена, и за маж што ке преспие со нечиста."

  Leviticus (15/27)