Leviticus (13/27)  

1. И им рече Господ на Мојсеја и на Арона, велејки:
2. "Човек кај кого на кожата од телото негови се појави краста, оток, или, пак, по кожата на телото негово се појави знак на лепра, нека се доведе кај Арона свештеникот, или кај некој свештеник, еден од синовите негови.
3. И нека ја види свештеникот раната од кожата на телото негово; па, ако влакната на раната побелеле и раната на поглед е пониска од другата кожа на телото негово, тогаш тоа е лепра; и кога ке го види тоа свештеникот, ке го прогласи за осквернет.
4. Ако, пак, и отокот на кожата од телото негово побелел, и на поглед не спаднал, а влакната на кожата не побелеле, туку се темни, тогаш тој нека остане седум дена во темно место, а за раната свештеникот ке одлучи во седмиот ден.
5. А во седмиот ден нека ја види свештеникот раната; ако забележи дека раната останала таква каква што била и не се раширила по кожата, пак нека го одвои за седум дена.
6. Свештеникот, пак, нека ја види раната во седмиот ден, па ако забележи дека раната потемнела, а не се раширила по кожата, тогаш свештеникот нека го прогласи за чист; тоа е лишај; нека ја испере облеката своја и ке биде чист.
7. Ако, пак, раната се прошири по кожата негова, откако свештеникот ја видел и го прогласил за чист, одново нека му се покаже на свештеникот; и ако свештеникот види дека раната на кожата негова се изменила,
8. тогаш нека го прогласи за нечист; тоа е лепра.
9. Кога човек има лепра, нека го приведат кај свештеникот.
10. И свештеникот нека го види; ако струпот на кожата станал бел, а и влакната се побелени, ако и здраво месо има во струпот,
11. тоа е застарена лепра на кожата негова; затоа свештеникот нека го прогласи за нечист, и да го одвои, бидејки е нечист.
12. Кога лепрата се појави на кожата и ја прекрие целата кожа на човекот, од главата до нозете, колку што може да види свештеникот,
13. па кога ке види дека лепрата ја покрила целата кожа на него, ке го прогласи човекот дека е чист, бидејки се‘ побелело, па е чист.
14. А во оној ден кога ке се појави на него живо месо, тој е осквернет, нечист е.
15. Па, штом види свештеникот живо месо, ке го прогласи дека е нечист; живото месо е нечисто, тоа е лепра.
16. Ако живото месо се измени и побели, тогаш нека дојде кај свештеникот.
17. Кога ке види свештеникот дека раната побелела, ке го прогласи за чист, чист е.
18. Ако кај него на кожата имало чир, па поминал, а
19. потоа на местото каде што бил чирот се појави бела краста, струп, или плуска што се белее или црвенее, нека се покаже пред свештеникот.
20. Ако свештеникот на поглед забележи дека таа е пониска од другата кожа и влакната на неа се побелени, тогаш ке го прогласи за нечист; тоа е лепра што излегла од плуската.
21. Ако свештеникот забележи дека влакната на неа не побелеле ниту е таа пониска од кожата, туку потемнеле, тогаш свештеникот ке го одвои за седум дена.
22. Ако му се прошири по кожата, тогаш свештеникот ке објави дека е нечист; тоа е рана.
23. И ако плуската останала на своето место и не се проширила, тогаш тоа е воспалена рана; затоа свештеникот ке го прогласи за чист.
24. Ако некој на кожата се изгорел, па откако местото ке заздрави, остане бел или црвеникав или пробелен,
25. тоа треба да го види свештеникот; ако влакната од кожата на тоа место побелеле и ако на поглед тоа место е пониско од кожата, тоа е лепра што се појавила од изгореното; затоа него свештеникот ке го прогласи за нечист; тоа е рана од лепра.
26. Штом свештеникот забележи дека на тоа место нема бели влакна и дека тоа не е пониско од другата кожа, туку само потемнело, ке го одвои за седум дена.
27. Во седмиот ден ке го прегледа свештеникот, па, ако таа по кожата се проширила, нека го прогласи за нечист; тоа е рана од лепра, протекол гној.
28. Ако е, пак, тоа место светликаво и раната не се проширила по кожата, а и темно е, тогаш тоа е рана од изгоретина. Него свештеникот нека го прогласи за чист; тоа е воспаление од изгорено.
29. Кога при маж или жена се појави рана од лепра на главата или брадата,
30. а свештеникот ја види раната, и утврди дека е таа подлабока од кожата и дека влакната на тоа место се истенчиле и пожолтеле, него нека го прогласи за нечист: тоа е рана, односно лепра на главата или на брадата.
31. Но кога свештеникот ја прегледа раната и утврди дека таа не е подлабока од кожата и дека влакната на тоа место не пожолтеле, тогаш болниот што има рана нека го одвои за седум дена.
32. Во седмиот ден свештеникот пак нека ја прегледа раната. И ако таа не се проширила ниту влакната пожолтеле и се види дека таа не навлагле подлабоко од кожата,
33. тој треба да ги истриже влакната на кожата, на повреденото место да не се стриже и тогаш свештеникот повторно да го оддели за уште седум дена.
34. Во седмиот ден свештеникот одново да ја прегледа раната. Па, ако увиди дека таа не се проширила по кожата на острижените места и дека на навлегла подлабоко во кожата, болниот нека го прогласи за чист; а тој нека ја испере облеката своја и ке биде чист.
35. Но, ако раната се проширила по кожата, откако е веке прогласен за чист,
36. свештеникот пак нека го прегледа и ако утврди дека таа се проширила по целата кожа - тогаш нека не бара жолтеникави влакна, бидејки тој е нечист.
37. Ако, пак, раната остане неизменета и во неа изникнале црни влакна, тоа значи дека раната е исцелена: тој е чист. Свештеникот нека го прогласи за чист.
38. Ако по кожата на телото на маж или жена има пеги или бели дамки,
39. и свештеникот види и утврди дека по кожата има пеги, односно бели светли дамки, тогаш тоа е лишај, кој се појавил на кожата на неговото тело. Тој е чист.
40. Ако некому му паднала косата од главата, тој е келав - но чист е;
41. ако, пак, некому му паднала косата само од предната страна на главата, тоа е пак келавост - чист е.
42. Ако по келавото или прокелавото место се појавиле белузлави дамки или црвеникави пеги, тоа што се појавиле тие тоа е лепра на келавото, односно прокелавото место.
43. Свештеникот да го прегледа, и ако види дека отокот на раната е белузлав или црвеникав по келавото или прокелавото место и изгледа како лепра по кожата на телото негово,
44. тој е лепрозен, нечист; свештеникот да го прогласи за нечист: зашто на главата има рана.
45. На лепрозниот, кој има таква рана, облеката да му се раскине, и главата да му биде откриена, да биде забраден околу устата и да извикува: нечист сум!
46. Се‘ додека ја има раната треба да се смета за нечист; тој е нечист и треба да живее одвоена; неговото жевеалиште да биде надвор од населбата.
47. Ако се јави зараза од лепра и на облеката - волнена или ленела
48. или врз основата или јатокот ленен или волнен, или на кожа, или на се‘ што е направено од кожа,
49. и ако дамките се зеленикави или црвеникави на облеката или на кожата, или на основата или јатокот, или на каков и да било предмет од кожа - тоа е зараза од лепра; таа треба да му се покаже на свештеникот,
50. а свештеникот нака ја прегледа заразата и заразеното да го оддели за седум дена.
51. На седмиот ден свештеникот нака го прегледа заразеното: па, ако заразата се проширила по облеката, или по основата, или по јатокот, или по кожата, или по каков и да било предмет од кожа, лепрата е рана, нечист е.
52. Тој треба да ја изгори облеката, било основата, било волнениот или ленениот јаток, или каков и да било предмет од кожа, на кој се појавила заразата, бидејки тоа е вистинска лепра - на оган да се изгори.
53. Ако свештеникот види дека заразата не се проширила по облеката или по основата или по јатокот, или па каков и да било предмет од кожа,
54. нека нареди да се испере она на што има зараза, и повторно да го отстрани за уште седум дена.
55. А ако по миењето свештеникот види дека заразеното не го изменило својот изглед, па дури и ако не се раширило, тоа е нечисто: треба да се изгори на оган, бидејки се појавило на облека, основа или јаток.
56. Ако, пак, свештеникот види дека по перењето се појавила темна рана, тогаш тој нека ја истргна од облеката, или од кожата, или од основата, или од јатокот.
57. Ако се појави пак белег од заразата што се проширила на облеката или на основата или на јатокот, тоа е зараза: да се изгори на оган она на што се појавила заразата.
58. Ако, пак, откако ке се испере облеката или основата, или јатокот или каков и да било предмет од кожа, заразата се загубила од нив, треба повторно да се исперат, и ке бидат чисти.
59. Тоа е законот за зараза од лепра врз облеката волнена или ленана, врз основа или јаток, или врз каков и да било кожен предмет - како да се објави дека и тој чист или нечист."

  Leviticus (13/27)