Leviticus (12/27)  

1. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
2. "Кажи им на синовите Изрилеви и речи им - кога жената ке забремени и роди машко дете, нечиста ке биде седум дена, како во деновите на природното очистување свое, така ке биде нечиста.
3. А во осмиот ден нека му се обреже на детето крајниот дел.
4. А таа нека остане уште триесет и три дена чистејки се од крвта; до ништо свето да не се допира и да не влегува во светилиштето се‘ додека не изминат деновите не нејзиното чистење.
5. А ако роди женско дете, тогаш нечиста да е четиринаесет дена, како во времето на природното чистење, и шеесет и шест дена нека остане, чистејки се од крвта на својата нечистотија.
6. И кога ке се навршат деновите на чистењето нејзино, тогаш заради синот или заради керката нека донесе при свештеникот пред скинијата на сведоштвото јагне без недостаток, едногодишно - жртва сепаленица или гулапче или грлица како жртва поради грев.
7. И свештеникот нека ја принесе пред Господа и да се помоли за неа, и така ке ја очисти од течењето на крвта нејзина. Тоа е закон за жената што ке роди машко или женско дете.
8. Ако не е во можност да донесе јагне, тогаш нека земе две грлици или две гулапчиња, едното како жртва сепаленица, а другото поради жртва за грев; ке се помоли за неа свештеникот, и таа ке се очисти."

  Leviticus (12/27)