Leviticus (11/27)  

1. И му рече Господ на Мојсеја и на Арона, велејки:
2. "Кажете им на синовите Израилеви и речете им: ова се животните што ги има на земјата, кои можете да ги јадете -
3. секое животно што има раздвоени копита и длабок рез ме у копитата, и кое прежива, тоа да го јадете.
4. Но од оние што само преживаат или само што имаат раздвоени копита, како што е камилата, да не јадете, бидејки прежива, но нема и раздвоени копита; таа е за вас нечиста.
5. И питом зајак, бидејки прежива и нема раздвоени копита, нечист да ви е,
6. и див зајак кој прежива, а нема раздвоени копита, нечист да ви е,
7. и свињата, бидејки има раздвоени копита, а не прежива - нечиста да ви е.
8. Од месото нивно да не јадете, ниту, пак, мршите нивни да ги допирате - тие се за вас нечисти.
9. А од се‘ она, пак, што е во вода ова јадете го: - се‘ што има перки и лушпи во водата, во морињата и езерата, јадете го.
10. Она, пак, што нема перки и лушпи во водата, во морињата и езерата, се‘ она што плива по вода и живее во вода, осквернето е и нечисто да ви е.
11. Од месото нивно да не јадете и од мршата нивна да се гнасите.
12. Се‘ што нема перки и лушпи во водата, тоа да ви е нечисто.
13. А ме у приците гнасете се и да не ги јадете, гнасни се - орелот и јастребот и морскиот орел, неситот, крагујот и слични на нив;
14. и нојот, и совата, и галебот,
15. и врапчето,
16. и секаков гавран и сличен нему, и јастребот и слични нему
17. и секаков буф, нуркач и ибис и слични на него;
18. и пеликанот, и лебедот, дропјата
19. и штркот, и чапјата и слични на нив, и пупунецот и лиљакот;
20. и сите крилести гадови што одат на четири нозе, да ви се одвратни.
21. Но од се‘ она што има криља и оди на четири нозе, а има и колена на нозете свои, за да скока по земјата, јадете.
22. Од нив јадете ги само овие: скакулците и слични на нив, салемот и слични на него, арголата и слични на неа, и агавата и слични на неа.
23. Се‘ друго што има криља и оди на четири нозе одвратно да ви е; со тоа да не се осквернувате.
24. И секој што ке се допре до нивно пцовисано тело, нечист ке биде до вечерта.
25. И секој што ке понесе нивно пцовисано тело, нечист ке биде до вечерта.
26. Сите животни што имаат нераздвоени копита и што не преживаат, нечисти да ви се; секој што ке се допре до такви пцовисани, нечист ке е до вечерта.
27. И се‘ што оди на лапите свои, ме у сите четвороножни животни, нечисто да ви е; кој ке се допре до трупот нивни, нечист ке биде до вечерта
28. И кој ке понесе труп нивни пцовисан, нека ја испере облеката своја и нечист е до вечерта; тие да ви бидат одвратни.
29. А ме у животните што лазат по земја да ви бидат нечисти: ласицата, глувчето и гуштерот,
30. и ежот и камелеонот, дождалецот, творот, полжавот и кртот.
31. Тие да ви се нечисти ме у животните што лазат по земјата, и кој ке се допре до нив пцовисани, нечист да е до вечерта.
32. И на кои или на што ке падне нешто од нив пцовисано, ке биде нечист, било да е сад дрвен или облека или кожа или врека, и секој сад што е потребен за некоја употреба, да се стави во вода и ке биде нечист до вечерта; потоа ке биде чист.
33. А и секој сад земјен, во кој ке падне нешто од тоа, и се‘ што ке е во него, ке биде нечисто, и садот скршете го.
34. И секое јадење што го јадете, ако на него се излие таква вода, ке биде нечисто, и секое питие што се пие во секој таков сад, ке ви биде нечисто.
35. И се‘ на што ке падне нешто од нивните пцовисани тела нечисто ке е; и печката и огништето нека се растурат, зашто се нечисто, и нечисто ке ви бидат.
36. А освен изворот, потоците и бунарот, каде што се собира водата, ке бидат чисти; но се‘ што ке се допре до пцовисан труп, ке биде нечисто.
37. Ако нешто, пак, од пцовисан труп падне на семе, што се сее, тоа ке ви биде чисто.
38. Но ако на семето се излие вода, па тогаш падне нешто од пцовисан труп на семето, тоа да ви биде нечисто.
39. И кога ке пцовиса што и да е од она од добитокот што го јадете, ако некој се допре до неговито труп, нечист ке биде до вечерта.
40. А оној што ке јаде од трупот негов, нека ја испере облеката своја и нечист ке е до вечерта; и кој ке фати нивни пцовисан труп, нека ја испере облеката своја и нечист ке е до вечерта.
41. И секаков гад што лази по земјата, да ви е одвратен и да не се јаде.
42. Се‘ што се влече на мев и се‘ што оди на четири нозе или што е со многу нозе ме у се‘ она што се влече по земјата, тоа да не го јадете, бидејки е нечисто.
43. Не поганете ги душите ваши со ниедно од животните што лазат и не осквернувајте се од нив, за да не бидете нечисти со нив,
44. зашто Јас сум Господ, вашиот Бог, осветувајте се и бидете свети, бидејки Јас сум свет; и немојте да се осквернувате од сите гадови што се движат по земјата.
45. Оти Јас сум Господ што ве изведе од земјата Египетска, за да ви бидам Бог; и така - бидете свети, зашто Јас сум свет.
46. Тоа е закон за добитокот и за птиците, и за секоја душа што се движи во вода, и за секоја душа што лази по земја,
47. за да се распознава чистото од нечистото и за да ги научите синовите Израилеви за животните кои можат да се јадат од животните што не треба да се јадат."

  Leviticus (11/27)