Leviticus (10/27)  

1. Двата сина Аронови, Надав и Авиуд, земајки ја секој својата кадилница, ставија оган во нив, па ставија во нив и кадиво, и принесоа пред Господа ту оган, иако тоа не им беше заповедал Господ.
2. Тогаш излезе оган од Господа, и ги изгоре, и умреа пред Господа.
3. И му рече Мојсеј на Арона: "Тоа е она што го рече Господ, велејки преку оние што ке пристапуваат кон Мене, ке се осветам и во цел собор ке се прославувам." И Арон се смири.
4. Потоа Мојсеј ги повика Мисаила и Елисафана, синовите на Озил, чичкото на Арона, и им рече: "Дојдете и извадете ги браката ваши од светилиштево надвор од логоров."
5. И тие пристапија и ги изнесоа заедно со хитоните нивни надвор од логорот, како што рече Мојсеј.
6. Па му рече Мојсеј на Арона и на Елеазара и на Итамара, другите негови синови: "Не откривајте ги вашите глави, а и одеждите ваши да не ги раскинувате, за да не умрете и Господ да не се разгневи на целиот народ, туку браката ваши, целиот дом Израилев нека плаче поради огнот што се запали од Господа;
7. и не излегувајте од дверите на скинијата на сведоштвото, за да не загинете, зашто елејот за помазание на вас е од Господа." И направија според зборовите на Мојсеја.
8. И Господ му рече на Арона, велејки:
9. "Вино и сикер да не пиете, ти и синовите твои, кога ке влегувате во скинијата на сведоштвото, а и кога ке пристапувате кон жртвеникот, за да не загинете, тоа нека ви биде вечен закон во поколенијата ваши:
10. за да можете да распознавате што е свето, а што не е; и што е чисто, а што не;
11. учете ги синовите Израилеви на сите заповеди, што им ги кажа Господ преку Мојсеја."
12. Потоа Мојсеј му рече на Арона, и на Елеазара и на Итамара, другите негови синови: "Земајте од жртвата што ке преостане и од приносите пред Господа и јадете го тоа кај жртвеникот, зашто тоа е најголема светиња.
13. И јадете го тоа на свето место, бидејки тоа е законски дел твој и законски дел на синовите твои од приносите пред Господа; зашто така ми заповеда Господ.
14. А градите од жртвата што се принесува и плешките да ги јадете на свето место, ти и синовите твои, и домот твој со тебе, зашто со закон ти се даде тебе и на синовите твои дел од жртвите за спасение, што ги принесуваат синовите Изралеви.
15. Плешките од жртвите што се принесуваат и градите од жртвите вознесувани да се донесуваат заедно со лојот што се вознесува пред Господа, и тоа да биде твое, и на синовите твои, и на керките твои со тебе, како дел со вечен закон, како што му заповеда Господ на Мојсеја."
16. Потоа Мојсеј побара козел како жртва поради грев; но, ете, тој беше изгорел; затоа се разгневи Мојсеј на Елеазара и на Итамара, синовите Аронови и рече:
17. "Зошто не јадевте на свето место, бидејки тоа е жртва поради грев што е најголема светиња; таа ви ја дава Господ вам да ја јадете, за да го ослободи целиот народ од грев и да се помолите за нив пред Господа;
18. и ете крвта негова не е внесена во светилиштето; зашто требаше да ја јадете на свето место, внатре, како што ми заповеда Господ."
19. Тогаш му рече Арон на Мојсеја, велејки: "Еве, тие денес принесоа жртва поради својот грев и жртва сепаленица пред Господа; и ми се случи ова. А да бев јал денес од жртвата за грев, ке Му беше ли тоа угодно на Господа?"
20. Го чу тоа Мојсеј и му беше угодно.

  Leviticus (10/27)