Lamentations (3/5)  

1. Јас сум човек, кој видов мака од жезалот на Неговиот гнев;
2. Он ме поведе и воведе во темнина, а не во светлина.
3. Оне се обрна само против мене и цел ден ме биеше со раката Своја;
4. го сплеска телото мое и кожата моја, ги здроби коските мои;
5. ме загради и ме опколи со горчила и маки;
6. ме постави во темно место, како одамна умрените;
7. ме огради со sид, за да не изгегувам, ми направи тешки вериги;
8. и, кога викав и пискав, ја задржуваше молитвата моја;
9. со камења ги прегради патиштата мои, ги искриви патеките мои.
10. Он стана за мене како мечка во заседа, како лав на скришно место;
11. ги искриви патиштата мои и ме раскина, ме уништи;
12. го затегна лакот Свој и ме постави како цел за стрела;
13. ги прострела бубрезите мои со стрели од торбата Своја.
14. Станав потсмев за сиот народ мој, негова секојдневна песна.
15. Ме презасити со горчила, со пелин ме напои;
16. со камен ми ги скрши забите мои, со пепел ме покри.
17. Избега мирот од душата моја; заборавив за добри работи
18. и реков: ја снема силата моја и надежта моја од Господа.
19. Помисли на моето страдање и на мојата мака, за пелинот и за жолчката.
20. Душата моја силно се секава на тоа и отпа а во мене.
21. Еве што му одговорив на срцето мое и поради тоа имам надеж:
22. по милоста на Господа не загинавме наполно, бидејки милосрдието Негово не е пресекнато;
23. тоа се обновува секое утро; верноста Негова е голема!
24. Гсопод е дел мој, ми вели душата, па така на Него ке се надевам.
25. Добар е Господ кон оние, кои се надеваат на Него, кон душата, која Го бара.
26. Добро му е на оној, кој треперливо го очекува спасението од Господа.
27. Добро е за човекот да го носи јаремот свој во младоста своја.
28. Сам ке седи и ке молчи, бидејки Господ му го ставил бремето на него.
29. Нека ја допре устата своја до земјата, можеби уште има надеж.
30. Го подава образот свој на оној, кој бие, да трпи навреди до презастување,
31. бидејки Господ не отфрла за навек.
32. Пратил ли невоља, Он и ке се смилува според Својата голема милост.
33. Зашто Он не по вољата на Своето срце ги казнува и ги огорчува синовите човечки.
34. Но, кога ги газат со нозете сите затвореници на земјата,
35. кога неправедно го осудуваат човека пред лицето на Севишниот,
36. кога го притеснуваат човека во неговата работа: зар Господ не гледа?
37. Кој вели - "бива и она што Господ не заповедал да биде?"
38. Зар не доа аат и злото и доброто од устата на Господа?
39. На што се жалат живите лу е? Секој за гревовите свои?
40. Да ги испитаме и да ги истражиме патиштата свои и да се обрнеме кон Господа.
41. Нека го подигнеме срцето свое и рацете свои кон Бога, Кој е на небесата.
42. Ние згрешивме и се противевме, Ти не не поштеди.
43. Ти се облече со гнев и не прогони, не умртвуваше, и не не жалеше;
44. Ти се сокри во облак, за да не достигне молитвата наша;
45. смет и гнасотија не направи ме у народите.
46. Ги отворија против нас устите широко сите наши непријатели.
47. Ужас и јама, пустош и разорение - тоа е делот наш.
48. Потоци солзи лее окото мое за погибелта на керката од мојот народ.
49. Окото ми се прелива и не престанува, бидејки нема одмор
50. се додека Господ не погледне милостиво и види од небесата.
51. Окото мое е причина да страда душата моја заради сите керки на мојот град.
52. Постојано се силат непријателите мои да ме уловат како птичка, без никаква причина.
53. Го фрлија во јама животот мој и ме засипаа со камења.
54. Водата се подигна над главата моја; па си реков - "загинав."
55. Го призвав името Твое, Господи, од јамата длабока.
56. Ти го чу гласот мој; не прикривај го увото Свое од мојата воздишка и од мојот плач!
57. Ти се приближуваше, кога ке повикав кон Тебе, и велеше - не бој се!
58. Ти го заштитуваше, Господи, делото на мојата душа; го откупуваше мојот живот.
59. Ти го гледаш, Господи, моето притеснување; пресуди го делото мое.
60. Ти ја гледаш сета одмазда нивна, сите намери нивни против мене.
61. Ти ги слушаш, Господи, навредите нивни, сите намери нивни против мене,
62. зборовите на оние, што стануваат против мене, и лукавствата нивни против мене секој ден.
63. Погледај, седнат ли, станат ли, јас сум песна за нив.
64. Отплати им, Господи, според делата на рацете нивни;
65. прати им помрачение на срцето нивно и проклетсвото Твое врз нив;
66. гони ги, Господи, со гнев и истреби ги од поднебјето!

  Lamentations (3/5)