Judges (9/21)  

1. Авимелех, Јеровааловиот син, отиде во Сихем кај вујковците свои, и им рече ним и на целото племе од мајчиното потекло:
2. "Кажете им на сите сихемски жители: што е подобро за вас, да владеат со вас сите седумдесет синови Јероваалови или да владее со вас еден? И спомнете си дека јас сум ваша коска и ваше тело."
3. Вујковците им ги кажаа на жителите сихемски сите тие зборови за него; и срцето на тие жители се склони кон Авимелеха, бидејки си говореа: "Тој е наш брат".
4. И му дадоа седумдесет сикли сребро од домот на Ваалверит, за кои Авимелех најде безделници и скитници, кои тргнаа по него.
5. И дојде во домот на таткото свој во Ефрат и ги уби браката свои, седумдесетте Јероваалови синови, врз еден камен. Остана само Јотам, најмалиот Јероваалов син, зашто се беше сокрил.
6. Тогаш се собраа сите сихемски жители и целиот дом на Маалов, и отидоа, па го поставија Авимелеха за цар кај дабот, близу до Сихем.
7. Откако му раскажаа за тоа на Јотама, тој отиде и застана на врвот од гората Гаризим и, откако го крена гласот свој, па викна и им рече: "Чујте ме, жители Сихемски, и Бог ке ве чуе!
8. Едно време тргнале дрвјата да побараат цар и и рекле на маслинката: "Стани ни цар!"
9. Маслинката им рекла: "Зар да ја оставам маснотијата своја, со која се послужува Бог и лу ето, па да тргнам да скитам по дрвјата?"
10. Тогаш дрвјата и рекле на смоквата: "Дојди ти, да ни станеш цар!"
11. Смоквата им одговорила: "Зар да си ја оставам сладоста своја и убавиот плод и да тргнам да скитам по дрвјата?"
12. И кажале дрвјата на лозата: "Дојди ти, да ни станеш цар!"
13. Лозата им рекла: "Зар да го оставам сокот свој, што ги весели Бога и лу ето, и да тргнам да скитам по дрвјата?"
14. Најпосле сите дрвја му рекле на трнот: "Дојди ти, да ни станеш цар!"
15. Трнот им рекол на дрвјата: "Ако, навистина, ме поставите за цар над себеси, тогаш дојдете да си починете под сенката моја; ако не, ке излезе оган од трнот и ке ги изгори кедрите ливански."
16. И, ете, гледате, по вистина и по правда ли постапиле кога го поставиле за цар Авимелеха? И добро ли постапиле со Јероваала и домот негов, и според неговите добрини ли направиле така?
17. За вас сите војуваше татко ми, не го жалеше ни животот свој и ве спаси од рацете на Мадијамците;
18. а вие сега се кревате против домот на мојот татко и ги убивате седумдесетте синови на татко ми врз еден камен и го поставивте за цар над жителите сихемски Авимелеха, синот на робинката негова, зашто е ваш брат.
19. Ако денес сте постапиле според вистината и според правдата со Јероваала и со домот негов, тогаш одете и радувајте се на Авимелеха, и тој да се радува на вас;
20. ако, пак, не - нека излезе оган од Авимелеха и нека ги избори жителите сихемски и целиот дом Маалов, и нека излезе оган од жителите сихемски и од домот Маалов и да го изгори Авимелеха!"
21. И избега Јотам, избега и отиде во Веер, и живееше таму скришно од братот свој Авимелеха.
22. Авимелех, пак, царуваше над Израилот три години.
23. И испрати Бог луш дух ме у Авимелеха и жителите на Сихем, и почнаа жителите сихемски да не му се покоруваат на Авимелеха.
24. За да се одмазди за седумдесетте синови Јероваалови, и крвта нивна да им се сврти против братот нивни Авимелеха, кој ги уби, и против жителите сихемски, кои ја поддржаа раката негова, за да го убие братот свој,
25. жителите сихемски поставија по горските врвови против него заседи, кои го ограбуваа секого, што минуваше покрај нив по патот. За тоа му беше јавено на Авимелеха.
26. Во Сихем простигна и Гал, Еведовиот син, со браката свои, и одеа во Сихем, и жителите сихемски се потпреа врз него.
27. И излегоа во полето, и го береа грозјето свое, го газеа и се веселеа, па отидоа во домот на својот бог, јадеа и пиеја, и го проколнуваа Авимелеха.
28. А Гал, Еведовиот син, рече: "Кој е Авимелех и што е Сихем, та да му служиме? Не е ли тој Јероваалов син, и не е ли Зевул неговиот главен слуга? Подобро служете им на потомците од Емора, татко Сихемов, а нему зошто да му служиме?
29. Ако некој ми го дадеше тој народ во рацете мои, јас ке го изгонев Авимелеха." И му беше речено на Авимелеха: "Зголеми ја војската своја и излегувај.
30. Зевул, управителот на градот, гу чу зборовите на Гал, Еведовиот син, и силно се разгневи.
31. Тој испрати тајно пратеници кај Авимелеха да му кажат: "Ете, Гал, Еведовиот син, и браката негови дојдоа во Сихем, и го бунтуваат градот против тебе;
32. затоа стани нокеска, ти и народот, што се нао а со тебе, и постави заседа во полето;
33. а изутрина, по изгревање на сонцето, стани и пристапи кон градот; и кога тој и народот, кој е со него, ке излезат спроти тебе, тогаш прави го со нив она, што раката твоја може."
34. Авимелех стана нокта, и сиот народ, што се нао аше се него, и поставија во заседа кај Сихем четири дружини.
35. Утредента Гал, Еведовиот син, излезе и застана кај градските порти; а излезе и Авимелех и народот, што беше со него, од заседата.
36. Гас, откако го виде народот му рече на Зевула: "Еве, народот слегува од врвот на гората." Зевул му одговори: "Сенките од дрвјата ти се причинуваат лу е."
37. Гал пак проговори и рече: "Ене, народот се спушта од височините, и една дружина доа а откај патот на дубравата Меоним."
38. И му рече Зевул: "Каде ти е устата, која велеше: ‘кој е Авимелех, та да му служиме?‘ Ова е народ, што ти го презираше; излегувај сега и бори се со него."
39. И тргна Гал пред жителите сихемски и се судри со Авимелеха.
40. Но Авимелех се спушти по него, и тој избега од него; а паднаа многу убиени до самите градски порти.
41. И Авимелех остана во Арум, а Зевул го истера Гала и браката негови, за да не живее во Сихем.
42. На другиот ден народот излезе во полето, и му јавија за тоа на Авимелеха.
43. Тој го зеде народот свој и го раздели на три дружини и ги постави во заседа по полето. И, откако виде, дека народот излезе од градот, се крена против нив и ги уби.
44. Додека Авимелех и дружините, што беа со него, пристапија и застанаа кај градските порти, другите две дружини ги нападнаа сите, што беа во полето, и ги испотепаа.
45. И Авимелех водеше борба со градот, целиот тој ден, го презеде градот, го порази народот, што беше во него, го разруши градот и го посипа со сол.
46. Откако го слушнаа тоа сите, што беа кај кулата Сихемска, влегоа во куката на богот Валверит.
47. Му јавија на Авимелеха дека таму се собрале сите, што беа во кулата Сихемска.
48. Тогаш Авимелех отие на гората Салмон, тој и сиот народ, кој беше со него, и зеде Авимелех секира со себеси, отсече гранка од дрвјата, ја стави на рамото свое и му рече на народот, што беше со него: "Вие видовте што направив; поскоро направете го и вие она што го направив и јас."
49. И секој од сиот народ пресече гранка, па тргнаа по Авимелеха, ги натрупаа гранките околу кулата и запалија оган со нив, и изгинаа сите, што беа во кулата Сихемска, околу иљада души мажи и жени.
50. Потоа Авимелех отиде во Тевес и го опседна и го презеде.
51. Среде градот имаше јака кула; таму избегаа сите мажи и жени и сите градски жители, се затворија и се качија на покривот од кулата.
52. Авимелех дојде до кулата, удри на неа и се приближи до вратата од кулата, за да ја изгори со оган.
53. Тогаш една жена фрли парче од воденичен камен врз главата на Авимелеха и му го скрши черепот.
54. Авимелех веднаш го повика слугата, оруженосецот свој, и му рече: извади го мечот свој и убиј ме, за да не се рече за мене: "го уби жена". И слугата го прободе и тој умре.
55. Израилците, откако видоа дека Авимелех умре, отидоа секој во местото свое.
56. Така му даде Бог на Авимелеха за злочинот што го направи против таткото свој, убивајки ги седумдесетте брака свои.
57. И сите злодела на сихемските жители Бог ги сврти против главите нивни; и ги стигна клетва од Јотам, Јеровааловиот син.

  Judges (9/21)