Judges (7/21)  

1. И порани Јеровоам, односно Гедеон, утрината и сиот народ, што беше со него, и се сместија при изворот Арад; мадијамскиот, пак, логор беше на север од него, кај ридот Море, во долината.
2. И Господ му рече на Гедеона: "Се тебе има многу народ, не можам да ги предадам Мадијамците во негови раце, за да не се возгордее Израилот пред Мене и да каже: "мојата рака ме спаси".
3. Затоа разглеси да чуе народот, и кажи: "Кој се бои и е плашлив, нека се врати и веднаш нека оди на гората Галад". И се вратија од народот дваесет и две иљади души, а десет иљади останаа.
4. И му рече Господ на Гедеона: "Народ се уште има многу; одведи ги кај водата, таму ке ти ги одберам; за кого ке речам: ‘да оди со тебе‘, нека оди со тебе; а за кого ке ти кажам: ‘не треба да оди со тебе‘, нека не оди."
5. Тој го одведе народот кај водата. И му рече Господ на Гедеона: "Кој лока вода со јазикот свој, како што лока куче, него стави го настрана, исто така и сите оние, што клекнуваат за да пијат вода."
6. И бројот на оние, што локаа со уста од рака, беше триста души; а сиот друг народ коленичеше, за да пие вода.
7. И му рече Господ на Гедеона: "Со тие триста, што локаа, ке ве спасам и ке ви ги предадам Мадијамците во рацете ваши, а сите други нека си одат секој во своето место".
8. И тие ја зедоа храната од народот за себе и трубите нивни, и Гедеон ги распушти сите Израилци по шаторите, а задржа кај себе триста души. Мадијамскиот логор, пак, беше подолу од него - во долината.
9. Во онаа нок Господ му рече: "Стани, слези во логорот, зашто ти го предадов во твои раце.
10. Ако, пак, се плашиш да слезеш сам, оди во логорот со Фара, слугата свој;
11. и ке чуеш што зборуваат, и тогаш ке се зацврстат рацете твои, и ке слезеш во логорот". И слезе тој и Фара, слугата негов, до војниците, што беа во логорот.
12. А Мадијамците и Амаликовците и сите жители од исток се беа сместиле по долината во големо множество, како скакулци; камилите нивни беа безброј, беа многу - како песокот на морскиот брег.
13. Гедеон дојде. И ете, еден му го раскажува сонот на друг и вели: "Сонив дека еден тркалезен јачменов леб се тркала по мадијамскиот логор и откако се отркала до шаторот, удри во него така, што тој падна, го собори, и шаторот се растури."
14. Другиот му одговори: "Тоа не е ништо друго, туку мечот на Гедеона, Јоасовиот син, Израилецот; Бог ги предал во рацете негови Мадијамците и целиот логор."
15. Откако го чу прикажувањето за сонот и толкувањето негово, Гедеон Му се поклони на Господа, се врати во Израилскиот логор и рече: "Станувајте! Господ го предаде во рацете ваши мадијамскиот логор."
16. И ги распореди тристоте души на три чети и на сите им даде по една труба и празни стомни и во стомните свеки.
17. И им рече: "Гледајте ме мене и правете го истото; ете, ке се доближам до логорот, и што ке правам јас, тоа правете го и вие.
18. Кога јас и тие, што се со мене ке затрубиме со труба, трубете и вие со вашите труби околу целиот логор и викајте: "Меч Господов и Гедеонов!"
19. И дојде Гедеон и сто души со него до крајот на логорот, во почетокот на средната стража, ги разбудија стражарите, затрубија со трубите и ги скршија стомните, што беа во рацете нивни.
20. И затрубија сите три чети со труби, и ги скршија стомните, и ги држеа во левата рака свеките, а во десната рака трубите, трубеа и викаа: "Меч Господов и Гедеонов!"
21. И секој стоеше на местото свое околу логорот; тогаш во целиот логор се растрчаа, развикаа и почнаа да бегаат.
22. Дедека тие триста души трубеа со труби, Господ го сврте мечот на секого притив другарот негов по целиот стан, и војската бегаше до Бетшита кај Царер, до пределите на Авелмехол, близу до Табата.
23. Тогаш Израилците од племето Нефталимово, Асирово и од целото племе Мансиево беа повикани и се впуштија по Мадијамците.
24. а Гедеон испрати пратеници по целата гора Ефремова да кажат: "Излезете им во пресрет на Мадијамците и заземете им ги бродовите во водите на Ветир и Јордан." И беа повикани сите Ефремовци, и ги зазедоа бродовите во водите на Ветир и Јордан;
25. И ги фатија двајцата мадијамски кнезови: Орива и Зива; Орива го убија во Сур, а Зива - во Јакевзив, и ги гонеа Мадијамците; главите, пак, на Орива и Зива му ги однесоа на Гедеон од онаа страна на Јордан.

  Judges (7/21)