Judges (6/21)  

1. А синовите Израилев пок почнаа да прват зло пред Господа, и Господ ги предаде во рацете на Мадијамците за седум години.
2. Тешка беше раката Мадијамска, над Израилот, и Израилевите синови поради Мадијамците си правеа прибежишта во пештери и тврдини по горите.
3. И кога ке посееше нешто Израилот, ке дојдеше Мадијамец или Амаликиец или жител од исток, ке нападнеше на него;
4. и стоеше кај нив во шаторите, и ги уништуваше земните плодови дури до Газа, и не му оставаше за исхрана на Израилот ни овца, ни вол, ни осел.
5. Зашто тие доа аа со добитокот свој и со шаторите свои, доа аа во големо множество - како скакулци; тие и камилите нивни број немаа, и одеа по земјата Израилева за да ја опустошуваат.
6. Многу осиромаше тогаш Израилот од Мадијамците, и повикаа синовите Израилиеви кон Господа.
7. А кога синовите Израилеви повикаа кон Господа против Мадијамците,
8. Господ испрати пророк при Израилевите синови и Он им рече: "Вака вели Господ, Бог Израилев - Јас ви изведов од Египет, ве изведов од домот на ропството;
9. ве избавив од раката на Египтјаните и од раката на сите ваши угнетувачи, ги истерав од пред вас, и ви ја дадов земјата нивна,
10. и ви реков: ‘Јас сум Господ, Бог ваш; не ги почитувајте боговите на Аморејците, во чија земја живеете.‘
11. Тогаш дојде Ангелот Господов и седна во Ефрат под дабот, кој беше Јоасов, таткото на Авиезер; а синот негов Гедеон млатеше на гумното, за да се сокрие од Мадијамците.
12. И му се јави Ангелот Господов и му рече: "Со тебе е Господ, мажу силен!"
13. Гедеон му одговори: "Господару мој, ако е Господ со нас, зошто не снајде сета оваа мака? И каде се сите Негови чудеса, за кои ни раскажуваа нашите татковци, велејки: ‘Господ не изведе од Египет?‘ Сега Господ не остави и не предаде во рацете на Мадијамците."
14. Господ го погледна и рече: "Оди со таа своја сила и спаси го Израилот од раката на Мадијамците. Јас те испракам."
15. Гедеон Му одговори: "Господи, како ке го спасам Израилот: ете, и племето ми е најбедно во коленото Манасиево и јас сум најмал во домот на мојот татко?"
16. Господ му рече: "Јас ке бидам со тебе, и ти ке ги поразиш Мадијамците како еден човек."
17. Гедеон Му рече: "Ако сум се здобил со милот пред Тебе, дај ми доказ дека Ти говориш со мене.
18. Не оди си оттука, додека не дојдам кај Тебе, да ти донесам дар свој и да Ти го предадам". Он рече: "Јас ке останам, додека се вратиш."
19. Гедеон отиде и приготви козле и лебови пресни од една ефа брашно; месото го стави во кошница, чорбата ја налеа во грне, ги донесе при Него под дабот и Му ги поднесе.
20. И Ангелот Божји му рече: "Земи го месото и погачата, и стави ги на оној камен, а чорбата истури ја." Тој така и направи.
21. Ангелот Господов го протегна крајот на жезалот, што беше во раката негова, и го допре месото и лебовите; и вивна оган од каменот и изгореа месото и лебовите. А Ангелот Господов се сокри од очите негови.
22. И виде Гедеон дека тоа беше Ангел Господов и рече Гедеон: "Тешко ми е, Владико Господи, зашто видов лице на Ангел Господов."
23. Господ му рече: "Мир на тебе, не плаши се, нема да умреш!"
24. И Гедеон Му изгради таму жртвеник на Господа и го нарече: Јехова Шалом. Тој стои и до денес во Ефрат Авиезеров.
25. Во таа нок Господ му рече: "Земи едно теле од стадото на татка ти и едно јуне седумгодишно и разруши го жртвеникот Ваалов, кој што е кај татка ти, и исечи ги дрвцата, што се кај него,
26. и изгради Му како што треба жртвеник на твојот Господ Бог, Кој ти се јави на врвот од карпата, па земи го второто теле и принеси го како жртва сепаленица врз дрвцата, што ке ги исечеш."
27. Гедеон зеде десет души слуги свои и направи како што му рече Господ; но бидејки се плашеше од домашните на таткото свој и од жителите градски да го направи тоа дење, го направи ноке.
28. Кога утредента градските жители станаа, ете, жртвеникот Ваалов беше разрушен, дрвцата близу него исечени и второто теле принесено како жртва врз новоизградениот жртвеник.
29. И си говореа еден на друг: "Кој го направи тоа?" Бараа, распрашуваа и рекоа: "Јоасовиот син Гедеон го направи тоа."
30. И градските жители му рекоа на Јоаса: "Изведи го синот свој; тој треба да умре, зашто го разруши Вааловиот жртвеник и ги исече дрвцата, што беа до него."
31. Јоас им кажа на сите што дојдоа при него: "Вие ли ке се застапувате за Ваал, вие ли ке го заштитувате? Кој ке се застапи за него, ке биде предаден на смрт уште ова утро; ако е тој бог, сам нека се одмазди за тоа што му го срушил жртвеникот негов."
32. И почнаа да го нерекуваа од тој ден Јероваал, бидејки Јоас беше рекол: сам нека се одмазди Ваал со него, поради тоа што му го срушил жртвеникот негов.
33. И сите Мадијамци и Амаликовците и жителите од исток се собраа заедно, ја преминаа реката и се сместија во долината Израилска.
34. И Духот Господов го потрепи Гедеона; тој затруби со труба, и племето Авиезерово се собра да оди по него.
35. И испрати пратеници по сето племе Манасиево, и тоа се одзва да оди по него; тој исто така испрати пратеници до Асира, Завулона и Нефталима, и тие дојдоа таму да се сретнат.
36. А Гедеон Му рече на Бога: "Ако го спасиш Израил преку мојата рака, како што говореше Ти,
37. тогаш еве, ке положам овде на гумното едно руно - ако има роса само на руното, а по целата земја биде суво, ке знам дека Ти преку мојата рака ке го спасиш Израилот, како што ми рече."
38. Така и стана: утредента, откако стана рано, фати да го цеди руното и исцеди роса од руното цела чаша вода.
39. И Гедеон Му рече на Бога: "Не ми се гневи, ако пак кажам и ако само уште еднаш се обидам со руното - нека биде суво само на руното, а по целата земја да има роса."
40. Така и направи Бог во таа нок: само на руното беше суво, а по целата земја имаше роса.

  Judges (6/21)