Judges (5/21)  

1. Во тој ден запеаја Девора и Варак, синот Авинеемов со овие зборови:
2. "Благословувајте Го Господа зашто се одмазди за Израилот, народот покажа сесрдност.
3. Слушајте, цареви, внимавајте, кнезови; јас ке Му пеам и ке Му свирам на Господа, на Господа, Бога Израилев!
4. Кога излегуваше Ти, Господи, од Сир, кога доа аше од селото Едомово, земјата се тресеше, небото капеше и облаците вода пролеваа;
5. горите се топеа од лицето на Господа, дури и Синај затрепери пред Господа, Бога Израилев.
6. Во дните на Самегара, синот Анатов, во дните на Јаил, патиштата опустеа и кои порано одеа по правите патишта, тогаш одеа по околните патеки.
7. Во Израилот немаше жител во селата, немаше, додека јас, Девора, не станав, дедека не востанав јас, мајката Израилева.
8. Избраа нови богови, затоа војната беше пред вратата. Се виде ли штит и копје во четириесет иљади од Израилот?
9. Срцето ми е кон вас, началници Израилеви, кон ревнителите во народот; прославувајте Го Господа!
10. Вие, кои јавате на бели ослици, што седите во судовите и одите по патот, проповедајте!
11. Среде гласовите на оние што плескаат, таму нека покажат правда, Господи, зацврсти ја правдата во Израилот! Тогаш народот Господв се разотиде по своите градови.
12. Стани, стани! Деворо! Стани, стани, па запеј песна! Стани, Варак и води ги своите платеници, сине Авинеемов!
13. Тогаш се возвеличи силата негова; Господ мене ми ги потчини храбрите.
14. Од Ефрема дојдоа оние, кои беа фатиле корен во долините; по тебе е братот твој Венијамин, според народот твој; од Махир доа аа началници, а од Завулона оние што се занимаваат со пишување.
15. И кнезовите Исахарови со Девора, и Исахар исто така како Варак, се спуштија пеш во долината. Во Рувимовите племиња - големо разногласие.
16. Зошто си ми седнал ме у кошарите и го слушаш блеењето на стадата? Во Рувимовите племиња - долемо несогласие.
17. Галад си живее спокојно од онаа страна на Јордан, и зошто Дан да се занимава со корабите, а Асир да седи на морскиот брег и се весели при своите пристаништа.
18. Завулон е народ, кој ја даде душата своја на смртта, и Нефталим - на полските височини.
19. Дојдоа цареви, тогаш се судрија царевите ханански во Тахан, при водите Мегидонски, но ни парче сребро не добија.
20. Од небото се војуваше, се биеја sвездите од своите патишта против Сисара.
21. Потокот Кисон ги одвлече, потокот Кадимин, потокот Кисон. Гази ги, душо моја, силните!
22. Тогаш отпа аа копитата на коњите од топотење, од терање на јавачите нивни.
23. Проколнете го Мазор, рече Ангелот Господов, проколнете ги жителите негови, затоа што не дојдоа на помош на Господа со храбрите.
24. Нека е благословена ме у жените Јаил, жената на Кенеецот Хевер, ме у жените во шаторите нека е благословена!
25. Тој побара вода: таа млеко му даде, во војводска чаша му донесе кравја павлака.
26. Левата рака своја таа ја протегна кон колецот, а десната - кон чеканот ковачки; го удри Сисара, му ја смрска главата, го прободе и му ги проби слепоочниците негови.
27. Ме у нозете нејзини падна, истоштен се испружи и умре, ме у нозете незини падна веднаш.
28. Погледна низ прозорецот Сисаровата мајка, низ решетката и си помисли: зошто не доа а уште колата негова, зошто се забавуваат тркалата на колите негови?
29. Мудрите нејзини дворјани и одговараат, а и самата таа си одговара на зборовите свои:
30. можеби нашле плен, па го делат: кому по една мома, кому по две на војник. Плен шарен за Сисара, плен шарен, везен; шарен и везен од обете страни, симнат од рамениците на пленикот.
31. Така да загинат сите Твои непријатели, Господи! А оние, кои Го сакаат, да бидат како сонце кога изгрева во сета своја сила! - И мирна беше земјата четириесет години.

  Judges (5/21)