Judges (4/21)  

1. Кога умре Аод, Израилевите синови пак почнаа да прават зло пред Господа.
2. И Господ ги предаде во рацете на хананскиот цар Јавин, кој царуваше во Асор, и на неговиот војвода Сисар, кој живееше во Арисот.
3. И повикаа Израилевите синови кон Господа; зашто Јавин имаше деветстотини железни коли и ги притискаше Израилевите синови дваесет години.
4. Во тоа време судија на Израилот беше пророчицата Девора, жената Лафидотова;
5. таа живееше под палма, ме у Рама и Ветил, во Ефремовата гора и одеа кај неа Израилевите синови на суд.
6. Девора испрати по Варака, синот на Авинеема од Кедес Нефталимов, и му рече: "Зар не ти заповеда Господ, Бог Израилев: - иди, собери народ на гората Тавор и земи со себеси десет иљади души од Нефталимовите синови и од Завулоновите синови;
7. Јас пак, ке го доведам при тебе, кај потокот Кисон, Јавиновиот војвода Сисар, и колите негови и многуиљадната војска негова, и ке ти ги предадам во твои раце."
8. Варак и одговори: "Ако дојдеш со мене, ке одам; ако не дојдеш со мене, нема да отидам, зашто не го знам денот, во кој Господ ке го испрати Ангелот со мене."
9. Таа му рече: "Добро, ке дојдам со тебе; само знај, дека нема да биде славата твоја по патот, по кој ке одиш; зашто во женска рака ке го предаде Господ Сисара." И Девора стана и тргна со Варака за Кедес.
10. И Варак ги повика Завулоновците и Нефталимовците во Кедес, и по него тргнаа десет иљади души, и Девора појде со него.
11. Тогаш Кенеецот Хавер се оддели од Кенејците ,синови на Овав, Мојсеев роднина, и го постави шаторот свој кај дабот, блузу до Кедес.
12. И му јавија на Сисара дека Авинеемовиот син Варак излегол на гората Тавор.
13. Сисар ги собра сите коли, деветстотини железни коли, и сиот народ, што беше со него, од Арисот незнабожечки кај потокот Кисон.
14. И Девора му рече на Варака: "Стани, бидејки денес е денот, во кој Господ ке го предаде Сисара во рацете твои; Сам Господ ке тргне пред Тебе." И Варак слезе од гората Тавор, и по него - десет иљади души.
15. Тогаш Господ го доведе во забуна Сисара и сите негови коли и целиот народ негов пред Вараковиот меч, и Сисар слезе од колата своја и избега пеш.
16. Варак ги подгони колите негови и народот до дубарвата незнабожечка и целиот народ Сисаров падна од остар меч, та не остана ниеден.
17. А Сисар побегна пеш до шаторот на Јаил, жената на Кенеецот Хавер, зашто ме у асорскиот цар Јавин и домот на Кенеецот Хавер имаше мир.
18. Тогаш излезе Јаил и му рече на Сисара: "Влези господару мој, влези при мене, не плаши се!" Тој влезе при неа во шаторот, и таа го покри со наметката своја.
19. Сисар и рече: "Дај ми малку вода да пијам, жеден сим." Таа одврза мев со млеко, му даде да пие и пак го покри.
20. Сисар повторно и рече: Стој при влезот на шаторот и , ако некој додје и те праша: ‘нема ли никој тука?‘ а ти одговори - ‘нема‘".
21. Јаил, Хеверовата жена, зеде еден колец од шаторот, зеде и чекан во раката своја, и отиде тивко при него, та му го заби колецот во слепоочниците негови, така што тој допре до земјата; а тој уморен спиеше, - и издивна.
22. И ете, Варак, трчаше по Сисара. Јаил го пречека и му рече: "Влези, јас ке ти го покажам човекот, што го бараш." Тој влезе при неа, и ете, Сисар лежи мртов, и колецот во слепоочниците негови.
23. Така го покори Господ Бог во тој ден ханаскиот цар Јавин пред синовите Израилеви.
24. Раката на синовите Израилеви се засилуваше се повеке и повеке над хананскиот цар Јавин, додека тие најпосле не го истребија.

  Judges (4/21)