Judges (20/21)  

1. Тогаш излегоа сите синови Израилеви, и се собраа целото општество како еден човек од Дан до Вирсавија и Галадската земја пред Господа во Масифа.
2. Се собраа пред Господа старешините на сиот народ, сите племиња Израилеви, во собранието на народот Божји, - четиристотини иљади пешаци мечоносци.
3. А Венијаминовите синови слушнаа дека синовите Израилеви дошле во Масифа. И Израилевите синови запрашаа: "Кажете, како станало тоа зло?"
4. Левитот, мажот на убавата жена, одговори и рече: "Дојдов со наложницата своја да нокевам во Гаваон Венијаминов;
5. и се кренаа против мене жителите на Гаваон и преку нокта ја опколија заради мене куката; мене сакаа да ме убијат, а наложницата моја ја измачија, откако ја познаа, така што таа умре;
6. јас ја зедов наложницата своја, на парчиња ја исеков и ја испратив по сите области на владеењето Израилево, бидејки тие извршија назаконито и срамно дело во Израилот;
7. ете, сите вие, синови Израилеви, разгледајте го тоа дело и решете тука."
8. И се крена сиот народ како еден човек и рече: "Никој нема да отиде во шаторот свој и никој нема да се врати во домот свој.
9. А еве што ке направиме сега со Гаваон: да фрлиме жреб за него!
10. Kе земеме по десет души на сто од сите Израилеви племиња, по сто на иљада и по иљада на десет иљади, за да донесат храна за народот, кој што ке тргне против Гаваон Венијаминов, за да го казни за срамот, што го беше извршил против Израилот."
11. И сите Израилци се собраа против градот еднодушно, како еден човек.
12. И Израилиевите племиња испратија лу е да му кажат по целото Венијаминово племе: "Каква гнасотија е извршена кај вас!
13. А сега, предајте ги тие развратници, што се во Гаваон; ние ке ги убиеме и ке го искорениме злото од Израилот." Но синовите Венијаминови не сакаа да го послушаат гласот на браката свои, синовите Израилеви.
14. И синовите Венијаминови од градовите се собраа во Гаваон, за да тргнат во војна против синовите Израилеви.
15. А во оној ден Венијаминовите синови, што се беа собрале од градовите свои, се изброија дваесет и шест иљади души мечоносци; освен тоа од жителите на Гаваон имаше одбрани на број седумстотини.
16. Во сиот тој народ имаше седумстотини души одбрани, кои беа леваци, и сите тие фрлаа камења со пракки, без да погрешат.
17. А Израилците, без Венијаминовите синови, броеја четиристотини иљади души мечоносци; сите тие беа способни за војна.
18. Тогаш Израилевите синови станаа и отидоа во Божјиот дом и го запрашаа Бога: "Кој од нас прв ке тргне во бој против синовите Венијаминови?" И Господ одговори: "Јуда прв нека оди."
19. Утрината станаа синовите Израилеви и се распоредија на табори пред Гава;
20. и излегоа Израилците за борба против Венијамина и се наредија синовите Израилеви во бојни редови близу до Гава.
21. Тогаш излегоа од Гава и синовите Венијаминови и во тој ден убија дваесет и две иљади Израилци.
22. Но, народот израилски се совзеде и пак се нареди за борба на истото место, каде што беше претходниот ден.
23. И отидоа синовите израилеви пред Господа и плачеа до вечерта, па Го прашаа Господ: "Да влеземе ли пак во борба со синовите на нашиот брат Венијамин?" Господ им рече: "Одете против него!"
24. И вториот ден Израилевите синови пак настапија против синовите на Венијамина.
25. Во тој ден излезе и Венијамин од Гава и беа убиени од синовите Израилеви уште осумнаесет иљади души мечоносци.
26. Тогаш сите Израилеви синови и сиот народ тргнаа и дојдоа во Божјиот дом, па седеа таму и плачеа пред Господа, постеа целот ден до вечерта и Му принесоа на Бога сепалиници и мирни жртви.
27. И Го прашаа синовите Израилеви Господа (во тоа време Ковчегот на зеветот беше таму
28. и Финес, синот Елеазаров, син Аронов, стоеше пред него): "Дали да излеземе пак против нашиот брат Венијамин или не?" Господ им рече: "Одете! Утре ке го предадам во вашите раце."
29. Тогаш Израил постави заседа околу Гава.
30. На третиот ден излегоа синовите Израилеви против синовите на Венијамина, па, како и порано, се наредија за борба против Гава.
31. Венијаминовите синови излегоа против народот и се оддалечија од градот, и почнаа, како порано, да убиваа од народот по патиштата, од кои еден води за Ветил, а друг во Гаваон, преку полето, и убија до триесет души Израилци.
32. И Венијаминовите синови си рекоа: "Тие па аат пред нас како порано." А Израилевите синови си рекоа: "Да бегаме од нив и да ги одвлечеме од градот на патот."
33. Тогаш сите Израилци станаа од местото свое и се наредија во Ваал-Тамара. А Израилевата заседа се спушти од местото свое од западната страна на Гаваон.
34. И се собраа против Гаваон десет иљади души одбрани од сиот Израил, и почна жестока борба. Но Венијаминовите синови не знаеја дека ке ги снајде зло,
35. и Господ го разби Венијамина пред Израилот, и Израилците кутнаа во тој ден од синовите Венијаминови дваесет и пет иљади и сто души вооружени со мечеви.
36. Кога Венијаминовите синови помислија, дека ги поразиле Израилците, кои им направија место, бидејки Израилецот се надеваше на заседата, што ја беа поставле близу до Гаваон,
37. заседата побрза и се спушти кон Гаваон, - влезе и го порази со меч целиот град.
38. Израилците си беа договориле знак со заседата, да нападнат, кога ке се крене дим од градот.
39. И така, кога Израилците отстапија од местото на борбата, и Венијамин почна да поразува и кутна до тиесет души Израилци, велејки: "пак па аат пред нас, како и во поранешните судири",
40. тогаш почна да се издига од градот дим како столб. Венијамин погледна назад, и ете, од целиот град излгува дим кон небото.
41. И Израилците се вратија, а Венијамин се уплаши, бидејки виде дека го снашло зло.
42. И избегаа синовите Венијаминови од Израилците по патот кон пустињата, но беа следени со колеж, и оние, што излегуваа од градовите, таму ги убиваа;
43. го опколија Венијамина и го гонеа без почивка од Нуа и го поразуваа до самата источна страна на Гаваон.
44. И од синовите Венијаминови паднаа осумнаесет иљади души, силни мажи.
45. А од другите што се свртија и се спуштија спрема пустињата, кон карпата Римон, насобраа пет иљади и ги гонеа дури до Гадам, и од нив убија две иљади души.
46. Сите, пак, Венијаминови синови, паднати тој ден, беа дваесет и пет иљади души, вооружени со мечеви, сите беа силни мажи.
47. Другите се свртија и избегаа во камената пустиња, при Римон, четиристотини души и таму останаа четири месеци.
48. А Израилците се вратија кај синовите Венијаминови и ги поразија со меч - и лу ето од градот, и добитокот, и се, што се срекаваше во сите градови, и со оган ги изгореа сите градови што се нао аа по патот.

  Judges (20/21)