Judges (19/21)  

1. Во она време, кога Израил немаше цар, живееше еден левит, кој како придојден живееше во гората Ефремова. Тој си зеде наложница од Витлеем Јудејски.
2. Но наложницата негова се скара со него и си отиде во татковиот си дом, во Витлеем Јудејски, и остана таму четири месеци.
3. Мажот и стана и отиде при неа, за да ја замоли и да ја врати назад. Со него беше слугата негов и две ослиња. Таа го воведе во татковиот дом.
4. Тестот негов, татко на таа млада жена, откако го виде, го пресретна радосно и го задржа. И тој престојуваше кај него три дне: јадеа, пиеја и нокеваа таму.
5. На четвртиот ден станаа рано, стана и тој, за да си оди. И таткото на младата жена му рече на зетот свој: "Поткрепи го срцето свое со залак леб, и потоа ке тргнете."
6. Тие останаа, и двајцата заедно јадеа и пиеја. И таткото на таа млада жена му рече на тој човек: "Остани уште една нок, и нека се повесели срцето твое!"
7. Човекот беше станал за да си оди, но тестот го наговори и тој пак нокеваше таму.
8. На петтиот ден изутрината тој стана, за да си оди. А таткото на младата жена рече: "Поткрепи си го срцето свое со леб, и почекајте, додека да измине денот." И јадеа двајцата и пиеја.
9. И стана човекот да си оди, тој, наложницата негова и слугата негов. И тестот негов, таткото на младата жена, му рече: "Еве, почна да се стемнува, нокевајте, ве молам, денот е на свршување, нокевај тука, нека се повесели срцето твое; утре рано ке тргнете на пат, и ке си одиш во домот свој!"
10. Но мажот не се согласи да нокева, стана и тргна; и наближи до Евус, кој е сега Ерусалим; со него двете натоверени ослиња и наложницата со него.
11. Кога беа близу до Евус, денот веке беше изминал. И слугата му рече на господарот свој: "Да навратиме во овој евусејски град и да нокеваме во него."
12. Господарот му одговори: "Не, нема да одиме во град на други племиња, кое не се од синовите Израилеви, а ке појдеме во Гаваон."
13. И му рече на слугата свој: "Оди да стигнеме до едно од Гаваонските места и ке нокеваме во Гаваон или во Рама."
14. Па тргнаа, и одеа, а сонцето зајде близу до Гаваон Ванијаминов.
15. И тие навратија таму, за да одат да нокеваат во Гива. Откако влезе, тој седна на градскиот плоштад, но никој не ги покани во домот свој да нокеваат.
16. И ете, еден старец се вракаше вечерта од полска работа; тој беше родум од Ефремовата гора и живееше како придојден во Гаваон. Жителите, пак, од тоа место беа Венијаминоти синови.
17. Кога ги грена очите, тој виде на градскиот плоштад патник. И старецот запраша: "Каде одиш и од каде доа аш?"
18. Тој му одговори: "Од Витлеем Јудејски одиме за Ефремовата гора, од каде што сум јас; отидов во Витлеем Јудејски, а сега одам кон домот Господов; и никој не ме поканува во домот свој;
19. си имаме и слама и храна за ослите свои; исто така и леб и вино за мене и за твојата робинка и за овој слуга има кај твоите слуги, од ништо немаме потреба."
20. Старецот му рече: "Биди спокоен; каква потреба и да имаш, јас ке се погрижам, само на улица не нокевај."
21. И го одведе во домот свој и им даде храна на ослите негови, а самите тие се измија нозете свои, јадеа и пиеја.
22. Откако го развеселија срцето свое, ете, градските жители, развратници, ја опколија куката, зачукаа на вратата и му говореа на старецот, стопанот на куката: "Изведи го човекот, кој влезе во куката твоја, за да го запознаеме."
23. Стопанот на куката излезе пред нив и им рече: "Не, брака мои, не правете зло, кога тој човек влегол во куката моја, не правете го тоа безумие;
24. еве, јас имам керка мома, а тој има наложница ке ги изведам осраметете ги и правете со нив, се што ви е угодно; а со тој човек не правете го тоа безумие."
25. Но тие на сакаа да го слушаат. Тогаш мажот ја зеде наложницата своја и ја изведе при нив на улица. Тие ја познаа и ја злоставуваа цела нок до утрината. И ја пуштија во зората.
26. И во зората дојде жената, падна пред кукната врата на човекот, кај кого беше господарот нејзин, и лежеше до осамнување.
27. Господарот нејзин стана утрината, ја отвори кукната врата и излезе, за да тргне на пат; и ете, наложницата негова лежи пред кукната врата, со рацете на прагот.
28. Тој и рече: "Стани, ке одиме!" Но одговор немаше зашто таа беше умрела. Тој ја стави на ослето, стана и замина за местото свое.
29. Кога дојде во домот свој, зеде нож, ја фати наложницата своја, ја пресече по деловите на телото нејзино на дванаесет делови и испрати по сите предели Израилеви.
30. Секој, што го виде тоа, велеше: "Не станало и не се видело такво нешто од денот, кога Израилевите синови изегоа од Египетската земја до денес. И им рече на лу ето што ги испрати: "Така зборувајте по сиот Израил: станало ли такво нешто? Размислете за тоа, посоветувајте се и кажете!"

  Judges (19/21)