Judges (18/21)  

1. Во тие денови Израилот немаше цар; и во тоа време, пак, Дановото племе си бараше дел, каде да се насели, зашто дотогаш не му беше паднал полн дел ме у Израилевите племиња.
2. И Дановите синови испратија од племето свое петмина храбри мажи, од Сарај и Естаол, за да ја прегледаат земјата и да ја испитаат, и им рекоа: "Одете, проучете ја земјата!" Тие дојдоа во Ефремовата гора близу до домот на Миха и таму нокеваа.
3. Откако влегоа во домот на Миха, тие го познаа гласот на младиот левит, влегоа таму и го прашаа: "Кој те доведе овде? Што правиш тука? Зошто си овде?"
4. Тој им одговори: "Тоа и тоа направи за мене Миха, ме најми, и јас сум му свештеник."
5. Тие тогаш му рекоа: "Прашај го Господа Бога, за да знаеме, успешен ли ке биде патот наш, по кој сме тргнале."
6. Свештеникот им рече: "Одете со мир; пред Господа е патот ваш, по кој сте тргнале."
7. И петмината мажи тргнаа, и дојдоа во Лаис, и видоа дека тамошниот народ живее спокојно, според обичајот на Сидонците, дека е тих и безгрижен, и дека нема во оваа земја, кој да онеправда во нешто, или да има власт: тој народ живееше далеку од Сидонците и со никого немаа никаква работа.
8. И кога се вратија кај браката свои во Сарај и Естаол, и браката нивни ги запрашаа: "Што направивте?"
9. Тие одговорија: "Станете да одиме против нив; ние ја видовме земјата, таа е многу убава. Што, вие се двоумите? Не задржувајте се и тргнете да ја завладееме таа земја;
10. а кога ке тргнете, ке дојдете кај еден народ безгрижен, и таа земја е широка; Бог ја предава во ваши раце; местото е такво, што нема скудности во ништо, што дава земјата."
11. И тргнаа оттаму, од Сарај и Естаол, шестотини души од Дановото племе вооружени.
12. Тие тргнаа и се улогорија во Киријат-Јарим, во Јудеја. Затоа и до денес она место го нарекуваа Даанов логор. Тој е од онаа страна на Киријат-Јарим.
13. Оттука тие тргнаа кон Ефремовата гора и дојдоа при домот на Миха.
14. И петмината мажи, што беа оделе да ја прегледаат земјата Лаис, им рекоа на браката свои: "И дали знаете, дека во еден од тие домови има ефод, серафим, идол и излеана статуа? И така, помислете, што да се прави."
15. И навратија таму и влегоа во домот на младиот левит, во домот на Миха, и го поздравија.
16. А шестотините Данови синови, вооружени, стоеја кај вратата.
17. Петмината, пак души, што беа оделе да ја обиколат земјата, отидоа, влегоа таму, го зедоа идолот и ефодот, серафимот и излеаната статуа. А свештеникот стоеше кај вратите со шестотините души, вооружени.
18. Кога влегоа во домот на Миха и го зедоа идолот, ефодот, серафимот и излеаната статуа, свештеникот им рече: "Што правите?"
19. Тие му одговорија: "Молчи, стави ја раката на устата своја и оди со нас и биди ни татко и свештеник; подобро ли ти е да бидеш свештеник во домот на еден човек, отколку да бидеш свештеник во Израилево племе и род?"
20. Свештеникот се зарадува, го зеде ефодот, серафимот и идолот и излеаната статуа, и тргнаа со народот.
21. Тие свртија и тргнаа, и ги испратија напред децата, добитокот и тешките предмети.
22. Кога се оддалечија од домот на Миха, Миха и жителите од домовите, соседи на Миховиот дом, се собраа и се втурнаа по Дановите синови
23. и викаа по Дановите синови. Дановите синови се свртија и му рекоа на Миха: "Што ти е, што викаш толку?"
24. Миха одговори: "Ми ги зедоте боговите, што бев ги направил, и свештеникот, и си заминавте. Што ми остана уште, па велите: што ти е?"
25. А Дановите синови му рекоа: "Да не се чуе гласот твој повеке, инаку, некој од нас, ако се налути, ке те нападне, и ти ке си ја загубиш душата своја и челадта своја."
26. И Дановите синови тргнаа по патот; а Миха, откако виде, дека се тие посилни од него, си тргна назад и се врати во домот свој.
27. А тие откако го зедоа она, што го беше направил Миха, и свештеникот, кој беше со него, отидоа во Лаис против спокојниот и безгрижен народ, и го поразија со меч, а градот го изгореа со оган.
28. Немаше кој да помогне, зашто тој беше оддалечен од Сидон и со никого немаше работа. Тој гред се нао аше во долината, што е близу до Вет-Рехов. И изградија одново град и се населија во него.
29. откако го нарекоа градот со името Дан, според името на татка си Дан, Израилевиот син; а порано тој град се викаше Лаис.
30. И Дановите синови си поставија идол; Јонатан, пак, синот на Гирсона, Манасиев син, тој и синовите негови, беа свештеници во Дановото племе се до денот, кога жителите на онаа земја се преселија;
31. и си имаа идол, што беше напарвен од Миха, за сето време, додека домот Божји се нао аше во Силом.

  Judges (18/21)