Judges (17/21)  

1. Имаше еден човек од Ефремова гора, по име Миха.
2. Тој и рече на мајка си: "Иљада и сто сикли што ти беа украдени и за кои ти изрече пред мене проклетство, тоа сребро е кај мене, јас го зедов." Мајка му рече: "Багословен нека биде синот мој пред Господа!"
3. И тој ги врати на мајка си иљадата и сто сикли сребро. И мајка му рече: "Тоа сребро го посветив од себеси на Господа за мојот син, за да направи од него идол и излеана статуа, и така, ти го давам."
4. Но тој и го врати среброто на мајка си. Мајка му ги зеде двесте сикли сребро и ги даде на леарот. Тој направи од нив идол и излеа статуа, кој стоеше во домот на Миха.
5. И така, Миха имаше дом Божји. И направи тој ефод и серафим и посвети еден од синовите свои, за да му биде свештеник.
6. Во тие денови Израилот немаше цар; затоа секој го правеше она што го сметаше за право.
7. Тогаш живееше таму еден младич, левит, од Витлеем Јудејски, од Јудиното колено;
8. тој човек излезе од градот Витлеем Јудејски, од Јудиното колено, за да преживее каде што ке најде место, и, како што одеше по патот, дојде до Ефремовата гора, до домот на Миха.
9. И Миха го запраша: "Од каде доа аш?" А тој му одговори: "Јас сум левит од Витлеем Јудејски и одам да поживеам, каде што ке најдам место."
10. А Миха му рече: "Остани кај мене и биди ми татко и свештеник; ке ти давам годишно по десет сикли сребро, потребната облека и исхрана."
11. Левитот се согласи да остане кај оној човек, и тој момок му беше како син.
12. Миха го посвети левитот, и тој момок му беше свештеник и живееше во домот на Миха.
13. И Миха си рече: "Сега знам дека Господ ке ми прави добро, зашто имам левит свештеник."

  Judges (17/21)