Judges (16/21)  

1. Потоа Самсон дојде во Газа; таму виде една блудница и влезе при неа.
2. Им јавија на жителите од Газа: "Самсон дојде овде". И обиколуваа, го чекаа цела нок при градските порти и се криеја цела нок, велејки: "До осамнување ке чекаме и ке го убиеме."
3. А Самсон спиеше до полнок; на градските порти со двата довратника, ги крена заедно со диреците, ги стави на грб и ги оденсе на врвот од гората, која е на патот за Хеврон и ги остави таму.
4. Потоа тој засака една, која живееше во долината Сорек; името и беше Далида.
5. Дојдоа кај неа филистејските кнезови и и рекоа: "Запрашај го и дознај во што му е големата сила, и како да го надмудриме, за да го врземе и да го смириме; ние, пак, ке ти дадеме за тоа секој по иљада и сто сикли сребро."
6. Тогаш Далида го праше Самсона: "Кажи ми, во што ти е големата сила, и со што би можеле да те врзат, за да те смират?"
7. Самсон и одговори: "Ако ме врзат со седум сурови тетиви, уште неисушени, јас ке станам бессилен и ке бидам како другите лу е."
8. И и донесоа филистејските кнезови седум сурови тетиви, уште неисушени, и таа го врза со нив.
9. Во тоа време еден од нив седеше сокриен во спалната нејзина; и таа рече: "Самсоне, Филистејците идат против тебе." Тој ги раскина тетивите, како што се раскинува коноп кога ке го гори оган. И не се дозна за силата негова.
10. И Далида му рече на Самсона: "Ете, ти ме измами и ми кажа лага; кажи ми сега, со што можат да те врзат?"
11. Тој и одговори: "Кога би ме врзале со нови јажиња, кои не биле употребени, јас би станал бессилен и ке бидам како другите лу е."
12. Далида зеде нови јажиња, го врза и му рече: "Самсоне, Филистејците доа аат против тебе." Во тоа време еден од нив седеше сокриен во спалната. И тој ги скина јажињата од рацете свои како конци.
13. И Далида пак му рече на Самсона: "Ти се ме мамиш и ми говориш лага; кажи ми, со што можат да те врзат?" Тој одговори: "Ако привиеш седум перчиња од косата на главата моја, на вратило и ги забиеш со колец на камен јас ке бидам бессилен како другите лу е."
14. И го успа Далида на колената свои. И кога тој заспа, Далида зеде седум перчиња од косата на главата негова, ги приви на вратилото и со колец ги притегна на камен и му рече: "Филистејците идат против тебе, Самсоне!" Тој се разбуди од сонот и го извлече кросното сплеткано од основата и вратилото, и пак не се дозна за силата негова.
15. И Далида тогаш му рече: "Зошто зборуваш ‘те сакам‘, а срцето твое не е со мене? Ете, ме измами трипати и не ми кажа, во што е твојата голема сила."
16. И бидејки таа го возменураваше со зборовите свои секој ден и го мачеше, душата негова му се натажи до смрт.
17. И тој и го откри целото свое срце, велејки и: "Бербер не се допрел до главата моја, зашто јас сум назореј Божји од мајчината си утроба: ако ме истриже некој, ке ме напушти силата моја; јас ке ослабам и ке бидам како другите лу е."
18. Далида, откако виде, дека тој и го откри целото срце свое, испрати и ги повика филистејските кнезови, велејки им: "Дојдете сега; тој ми го откри целото срце свое." И тие дојдоа кај неа и донесоа сребро во рацете свои.
19. И Далида го успа на колената свои, па повика еден човек, та му заповеда да ги истриже седумте плетенки на главата негова. И тој почна да ослабува, и силата негова го напушти.
20. Таа тогаш рече: "Филистејците доа аат против тебе, Самсоне!" Тој се разбуди од сонот свој и рече: "Kе отидам, како и порано, и ке се ослободам." Но не знаеше, дека Господ отстапил од него.
21. Филистејците го фатија и му ги извадија очите, го доведоа во Газа и го оковаа со две бакарни вериги, и тој мелеше во затворот.
22. Ме утоа, косата на главата негова, откако беше истрижен, почна пак да расте.
23. Филистејските кнезови се собраа, за да принесат голема жртва на Дагона, својот бог, и да се провеселат, па рекоа: "Нашиот бог го предаде во рацете наши нашиот непријател Самсон."
24. Исто така и народот, откако виде, го прославуваше својот бог, велејки: "Нашиот бог ни го предаде во рацете наши непријателот наш и опустошителот на земјата наша, кој порази многумина од нас."
25. А кога се развесели срцето нивно, рекоа: "Повикајте го Самсона од затворот за да не развесели. И го повикаа Самсона од затворот, и тој ги веселеше и го ставија ме у два столба.
26. И Самсон му рече на момчето, што го водеше за рака: "Дозволи ми да ги напипам столбовите, врз кои се крепи домот, и да се потпрам на нив. Момчето така и направи.
27. А домот беше полн со мажи и жени: таму беа сите филистејски кнезови, и на покривот имаше до три иљади мажи и жени, кои гледаа во Самсона како ги веселеше.
28. Повика Самсон кон Господа и рече: "Господи Боже, спомни си за мене и поддржи ме само сега, о Боже, за да им се одмаздам веднаш на Филистејците за двете очи мои."
29. И ги помести Самсон од местото двата средни столба, врз кои се крепеше домот, откако наблегна врз нив, на едниот со десната рака, а на другиот со левата.
30. И Самсон рече: "Умри, душо моја, со Филистејците!" И притисна со сета сила, и домот се урна врз кнезовите и врз сиот народ, што беше со него. И умрените, што ги уби при смртта своја, беа повеке, отколку тој што беше умртвил во текот на целиот живот свој.
31. И дојдоа браката негови и целиот негов татков дом, го зедоа, па отидоа и го погребаа ме у Сарај и Естаол, во гробот на татко му Маној. Тој беше судија над Израилот дваесет години. По Самсона се издигна Емегар, Енановиот син, и уби од другите племиња шестотини души, освен добитокот. И тој го спаси Израилот.

  Judges (16/21)