Judges (12/21)  

1. Лу ето од Ефремовото племе се собраа, дојдоа во Сефин и му рекоа на Ефтаја: "Зошто отиде да војуваш против Амонитите, а нас не не повика со себе? Ние ке го изгорима со оган домот твој со тебе."
2. Ефтај им рече: "Јас и народот мој имавме со Амонитите силни караници; јас ве повикав, но вие не ме спасивте од рацете нивни.
3. Откако увидов, дека вие нема да ме спасите, го изложив животот на опасност и отидов против Амонитите, и Господ ги предаде во рацете мои; зошто дојдовте сега да војувате против мене?"
4. Тогаш Ефтај ги собра сите галадски жители и удри на Ефремовците, и жителите галадски ги испотепаа Ефремовците, велејки: "Вие сте бегалци Ефремови, а Галад е среде Ефрема и среде Манасија".
5. И Галадците ги зазедоа бродовите јордански од Ефремовците, и кога некој од унесрекените Ефремовци ке речеше: "дозволете ми да преминам", жителите галадски му велеа: "нели си ти Ефремовец?" Тој ке одговори: "не".
6. Тие ке му речат: "кажи шиболет", и тој ке рече: "сиболет", и не можеше никако да го изговори. Тогаш тие го земаа и го заколуваа при бродот преку Јордан. И во тоа време од Ефремовците паднаа читириесет и две иљади.
7. Ефтај беше судија над Израилот шест години, и умре Ефтај, и беше погребан во еден од галагадските градови.
8. По него судија над Израилот беше Есевон од Витлеем.
9. Тој имаше триесет синови, а триесет керки од домот свој омажи, додека тириесет керки зеде однадвор за синовите свои, и беше судија над Израилот седум години.
10. Есевон умре и беше погребан во Витлеем.
11. По него судија над Израилот стана Елон од Завулон и му судеше на Израилот десет години.
12. Умре и Завулонецот Елон и го погребаа во Елим, во земјата Завулонова.
13. По него беше судија над Израилот Авдон, син на Елива Фаратонецот.
14. Тој имаше четириесет синови и триесет внуци, кои јаваа на седумдесет ослиња; тој му судеше на Израилот осум години.
15. И умре Авдон, синот на Фаратонецот Елива, и беше погребан во Фаратон, во земјата Ефремова, во гората Амаликова.

  Judges (12/21)