Judges (11/21)  

1. А Ефтај беше од Галад, човек храбар; но беше син на една блудница, со која Гал го роди Ефтаја.
2. Но жената на Гал му роди синови. Кога пораснаа синовите од жената, таа го истера Ефтаја, велејки му: "Ти не си наследник на татковиот ни дом, зашто си син на друга жена."
3. И Ефтај избега од браката свои во земјата Тов. При Ефтајта се собраа тогаш безделниците и одеа по него.
4. По извесно време Амонитите влегоа во војна против Израилот.
5. Во времето на војната на Амонитите против Израилот отидоа галадските старешини да го доведат Ефтај од земјата Тов,
6. и му рекоа на Ефтаја: "Дојди, стани ни војвода и ке војуваме против Амонитите."
7. Ефтај им рече тогаш на галадските старешини: "Нели ме намразивте и ме истеравте од домот на така ми? Зошто дојдовте сега кај мене, кога сте во невоља?"
8. Галадските старешини му одговорија на Ефтаја: "За тоа дојдовме кај тебе сега, за да дојдеш со нас и да војуваш против Амонитите и да бидеш кај нас кнез на сите жители галадски."
9. А Ефтај им одговори на галадските старешини: "Ако ме вратите, за да се борам против Амонитите, и Господ ми ги предаде, - ке станам ли кај вас кнез?"
10. Галадските старешини му рекоа на Ефтај: "Господ нека биде сведок ме у нас, дека ке постапиме според зборот твој!"
11. Потоа Ефтај отиде со галадските старешини, и народот го постави за свој кнез и војвода. И Ефтај ги искажа сите свои зборови пред Господа, што ги беше рекол во Масифа.
12. И Ефтај испрати тогаш пратеници при амонитскиот цар да каже: "Што бараш од мене, та си дошол кај мене да војуваш во земјата моја?"
13. А амонитскиот цар им рече на Ефтаевите пратеници: "Кога Израил дојде од Египет, ја зазеде мојата земја од Арнон до Јавок и Јордан; затоа врати ми ја на мирен начин и јас ке се повлечам."
14. И се вратија пратениците на Ефтаја. Но Ефтај пак испрати пратеници при амонитскиот цар,
15. за да му кажат: "Вака вели Ефтај: Израел не ја зазеде земјата Моавска и земјата Амонитска;
16. зашто, кога доа аше од Египет, Израилот отиде во пустињата кај Црвеното Море и дојде во Кадес;
17. оттаму Израил испрати пратеници кај едомскиот цар за да кажат: ‘дозволи ми да минам низ земјата твоја‘. Но едомскиот цар не се согласи; и при моавскиот цар испрати, но и тој не се согласи. Зато Израил остана во Кадес.
18. И тргна преку пустињата, ја заобиколи земјата Едомска и земјата Моавска, и дојде до источната граница на Моавската земја, и се смести од онаа страна на Аронон; не не влезе во пределите моавски, бидејки Арнон е граница на Моав.
19. Но Израил испрати пратеници и при Сиона, царот аморејски, царот есевонски, и му рече: ‘дозволи ни да минеме преку твојата земја до нашето место.‘
20. Но Сион не му дозволи на Израилот да мине преку пределите негови, и го собра Сион сиот народ свој, па се улогори во Јас и се судри со Израилот.
21. И Господ, Бог Израилев, го предаде Сиона и сиот негов народ во рацете на Израилот, и тој ги испотепа; и завладеа Израил со целата земја на Аморејците, кои живееја во таа земја,
22. и тие завладееја над сите предели на Амореја, од Арнон до Јавок и од пустињата до Јордан.
23. И така, Господ, Бог Израилев, ги изгони Аморејците пред народот Свој, Израилот, а ти сакаш да го завладееш?
24. Не владееше ли ти со тоа, што ти го дал Хамос, твојот Бог? И ние владееме со сето она, што ни го даде како наследство Господ, нашиот Бог.
25. Зар си ти подобар од Валак, Сепфоровиот син, царот моавски? Се карал ли тој со Израилот или војувал ли против него?
26. Израилот живее веке триста години во Есевон и во нему потчинетите градови, во Ароир и во потчинетите му градови, и во сите градови, што се блиску до Арнон; зошто за тоа вмреме не ги одзедовте?
27. Јас не сум виновен пред тебе, а ти ми правиш зло, излегуваш во војна против мене. Господ нека биде судија ме у синовите Израилеви и Амонитите."
28. Но амонитскиот цар не ги послуша зборовите на Ефтаја, што тој му ги испрати.
29. И слезе врз Ефтаја Духот Господов, и тој го премина Галад и Манасија, ја премина Масифа Галадска, и од Масифа Галаска отиде кај Амонитите.
30. И се заветува Ефтај пред Господа, велејки: "Ако ги предадеш Амонитите во рацете мои,
31. тогаш, кога ке се вратам со мир од Амонитите, се што ке ми излезе во пресрет од вратата на домот мој, нека биде за Господа, и ке го принесам за жртва сепаленица."
32. Па отиде Ефтај кај Амонитите, да се бори против нив, и Господ му ги предаде во рацете негови;
33. и им нанесе многу голем пораз, од Ароир до Менит, во дваесет градови, и до Авел - лозарски крај, и се смирија Амонитите пред синовите Израилеви.
34. Потоа дојде Ефтај во Масифа, во домот свој, и ете, керка му излегува во пресрет со тимпани и хор: таа му беше единица; освен неа немаше ни син ни керка.
35. Штом ја виде, ја раскина облеката своја и рече: "Ах, дете мое! Ти ме сосипа: и ти се ме у оние, што го нарушија спокојството мое! Јас ја отворив устата своја пред Господа и не можам да одречам."
36. Таа му одговори: "Татко! Ти си ја отворил устата своја пред Господа - прави го она со мене, што си го кажал со устата своја, штом Господ се одмазди преку тебе на твоите напријатели, Амонитите".
37. И му рече на татка си: "Направи ми уште, еве, што - пушти ме за два месеца да отидам да се искачам на гората и да го исплачам моминството свое со другарките мои!"
38. Тој и рече: "Оди!" И ја пушти за два месеца. Таа отиде со другарките свои и го оплакуваше моминството свое во гората.
39. По два месеца таа се врати при татка си, и тој го изврши над неа заветот свој, што го даде, и таа не позна маж. И стана обичај кај Израилот,
40. така што од година до година керките Израилеви да одат и ја оплакуваат керката на Галадецот Ефтаја, по четири дена секоја година.

  Judges (11/21)