Judges (10/21)  

1. По Авимелеха се крена да го спаси Израилот Тола, синот на Фуј, син Додов, од Исахарово племе. Тој живееше во Самир, на гората Ефремова.
2. Тој беше судија над Израилот дваесет и три години, и умре, и беше погребан во Самир.
3. По него се крена Јаир од Галад, кој беше судија над Израилот дваесет и две години.
4. Тој имаше триесет и два сина, кој јаваа на триесет и две ослиња, и тие имаа триесет и два града, кои и до денес се нарекуваат Јаирови селишта, а се во Галадската земја.
5. Умре Јаир и беше погребан во Камон.
6. А Израилевите синови пак почнаа да вршат зло пред Господа и им служеа на разни Вааловци и Астарти, на боговите сириски, на боговите сидонски, на боговите моавски, на боговите амонитски и на боговите филистејски, а Господа Го оставија и не Му служеа.
7. И се разгори гневот на Господа против Израилот, и Он ги предаде во рацете на Амонитите.
8. Оттогаш тие ги угнетуваа и ги мачеа Израилевите синови осумнаесет години по ред, сите Израилеви синови од онаа страна на Јордан во Аморејската земја, кој е во Галад.
9. Најпосле Амонитите го преминаа Јордан, за да војуваат против Јуда и Венијамина и против домот Ефремов. И синовите Израилеви беа на големи маки.
10. Па повикаа синовите Израилеви кон Господа и рекоа: "Згрешивме пред Тебе, зашто го оставивме нашиот Бог и им служиме на Вааловци."
11. И Господ им рече на Израилевите синови: "Не ве угнетуваа ли Египтјаните и Аморејците, Амонитите и Филистејците,
12. Сидонците, Амаликијците и Моавците и кога повикавте кон Мене, не ве спасив ли од рацете нивни?
13. А вие Ме оставивте и почнавте да им служите да други богови; затоа нема повеке да ве спасувам;
14. одете, повикајте ги боговите, што сте ги избрале, нека ве спасат тие во ова за вас тешко време."
15. Тогаш синовите Израилеви Му рекоа на Господа: "Згрешивме; прави со нас се што Ти е угодно, само спаси не сега."
16. И ги отфрлија од себе ту ите богови и почнаа да Му служат само на Господа. И не ги истрпе душата Негова страдањата Израилеви.
17. Амонитите, пак, се собраа и се сместија, се улогорија во Галад; исто така се собраа и Израилевите синови и се улогорија во Масифа.
18. Народот и началниците галадски се рекоа еден на друг: "Кој ке почна војна против Амонитите, тој нека биде началник на сите галадски жители."

  Judges (10/21)