Judges (1/21)  

1. По смртта на Исуса синовите Израилеви Го прашаа Господа, велејки: "Кој од нас прв ке тргне против Хананејците - да војува против нив?"
2. Господ одговори: "Јуда ке тргне; ете, Јас ја предавам земјата во негови раце."
3. Јуда, пак, му кажа на братот свој Симеона: "Влези со мене во мојот жреб, и да војуваме против Хананејците; и јас ке влезам со тебе во твојот жреб." И Симеон отиде со него.
4. Тогаш Јуда тргна, и ги предаде Господ Хананејците и Ферезејците во рацете нивни, и тие убија од нив во Везек десет иљади души.
5. Во Везек се сретна со Адони-Везек, се судрија со него и ги разбија Хананејците и Ферезејците.
6. Адони-Везек избега, но тие се спуштија, тргнаа по него, го фатија и му ги исекоа палците на рацете негови и на нозете негови.
7. Тогаш Адони-Везек рече: "Седумдесет цареви со пресечени палци на рацете и нозете собираа трошки под трпезата моја; како што правев јас, така ми воздаде Бог." И го доведоа во Ерусалон, каде што и умре.
8. и војуваа Јудините синови против Ерусалим, го презедоа и го поразија со меч и градот го изгореа со оган.
9. Потоа Јудините синови отидоа да војуваат против Хананејците, кои живееја во гората и во јужната земја и во низините.
10. И тргна Јуда против Хананејците, кои живееја во Хеврон, порано Хеврон се нарекуваше Киријат-Арба, и го поразија Сесаја, Ахимана и Талмаја.
11. Оттука отидоа против жителите на Давир, порано Давир се викаше Киријат-Сефер.
12. И рече Халев: "Кој ке го порази Киријат-Сефер и го преземе, ке му ја дадам керката своја Ахса за жена.
13. Го презеде Готониил, син Кенезов, помалиот брат Хелезов, и Халев му ја даде керката своја Ахса за жена.
14. Пред да замине таа, Готоноил ја подучи да бара од татка си земја, и таа слезе од оселот. Халев ја праша: "Што бараш?"
15. А таа му рече: "Дај ми благослов; ти ми даде сува земја, дај ми и водни извори." И и ги даде Хелев горините извори и долните извори.
16. И синовите на Кенеецот, Мојсеевиот тест, појдоа од градот на палмите со Јудините синови во Јудината пустиња, која е на југ од Арад. И дојдоа и се населија ме у народот.
17. Потоа тргна Јуда со брата си Симеона и ги порази Хананејците, кои живееја во Сефат, го предадоа градот под заклетва и го нарекоа тој град Хорма.
18. Јуда исто така ги презеде Газа со пределите нејзини, Акарон со пределите негови, и Анарод со пределите негови,
19. зашто Господ беше со Јуда, и тој ја завладеа планината; но не можеше да ги истера жителите во долината, бидејки тие имаа железни двоколки.
20. А на Халев му го предадоа Хеврон, како што беше заповедал Мојсеј, и таму тој ги доби во наследство трите града на синовите Енакови и ги истера оттаму трите синови Енакови.
21. Но Венијаминовите синови не ги истераа Јевусејците, кои живееја во Ерусалим; Јевусејците живеат со синовите на Венијамина во Ерусалим и до ден денес.
22. И синовите Јосифови исто така тргнаа против Ветил, и Господ беше со нив.
23. А се задржаа Јосифовите синови и го разгледаа Ветил, а порано градот се нарекуваше Луз.
24. И стражарите видоа еден човек, кој доа аше од градот и му рекоа: "Покажи ни го влезот во градот, и ке ти направиме милост."
25. Тој им го покажа влезот во градот, и тие го поразија градот со меч, а тој човек и сите негови роднини ги пуштија.
26. Тој човек отиде во земјата на Хетејците и изгради таму град и го нарече со името Луз. Тоа му е името и до ден денес.
27. И Манасија не ги истера жителите на Ветсан и потчинетите му градови, ниту жителите во Дор, ни потчинетите му градови, ни жителите на Иевлам и потчинетите му градови, живелите на Мегедон и потчинетите му градови; така останаа Хананејците да живеат во оваа земја.
28. Кога Израилот се засили, ги направи Хананејците свои поданици, но не ги истера.
29. И Ефрем не ги истера Хнанеците кои живееја во Газер; и Хананејците живееја ме у нив во Газер и им плакаа данок.
30. И Завулон не ги истера жителите на Китрон, ниту жителите на Нахлол, и Хананејците живееја ме у нив и им плакаа данок.
31. И Асир не ги истера жителите на Акхор, ниту жителите на Дор и ни жителите на Сидон и Ахлав, ни од Ахазив, Далафе, Елва, Афек ниту, пак, од Роав.
32. Се насели Асир ме у Хананејците, жителите на таа земја, бидејки не ги истера.
33. И Нефталим не ги истера жителите на Ветсамес како ни жителите на Ветанах и живееше ме у Хананејците, жителите на таа земја; а жителите на Ветсамес и на Ветанах беа негови поданици.
34. Аморејците ги притискаа синовите Данови во горите, бидејки не им даваа да слезат во долината.
35. И Аморејците останаа да живеат во гората Херес, во Ајалон и Салавин; но раката на Јосифовите синови ги присили и тие им станаа поданици.
36. Пределите на Аморејците се протегаа од гората Акравин, од карпата се угоре.

      Judges (1/21)