Joshua (8/24)  

1. И му рече Господ на Исуса: "Не палши се и не се ужасувај; земи ги со себе сите мажи, способни за војна и оди во Гај; ете, Јас го предавам во твои раце гајскиот цар и народот негов, градот негов, и земјата негова.
2. Направи му на Гај и царот негов исто она што му направи на Јерихон и царот негов; само пленот и добитокот негов поделете се го; постави заседа зад градот."
3. Исус и сите мажи, способни за војна, се подготвија да одат во Гај; и одбра Исус триесет иљади души храбри и ги испрати во текот на нокта,
4. им даде заповед, велејки: "Скријте се зад градот; не се оддалечувајте од градот и бидете сите готови;
5. јас, пак, и сите мажи, што се со мене, ке се доближиме до градот и штом жителите галски ке излезат против нас, како и порано, ние ке избегаме од нив;
6. тие ке јурнат по нас, и така ние ке ги одвлечеме од градот, зашто тие ке речат: - бегаат од нас, како и порано -; откога ке избегаме од нив,
7. вие станете од заседата и одете во градот, и Господ, вашиот Бог, ке ви го предаде во рацете ваши.
8. Откога ке го преземете градот, запалете го градот со оган, постапете според заповедта моја; тоа ви го заповедам јас."
9. Така ги испрати Исус, и тие отидоа во заседа и заседнаа ме у Ветил и Гај, на запад, од Гај; таа нок пренокева Исус среде народот.
10. Откако стана утрината рано, Исус го прегледа народот и тргна тој и старешините Израилеви пред народот за Гај;
11. и сите мажи, способни за војна, што беа со него, тргнаа, се приближија и дојдоа до градот од спротива, од исток, додека заседата беше откај морето.
12. И се сместија на север од Гај, а ме у нив и Гај имаше долина. Потоа Исус зеде до пет иљади души и го постави во заседа ме у Ветил и Гај, на запад од градот.
13. И целиот логор, кој беше на север од градот, се распореди така, што западниот дел беше на запад од логорот. А Исус отиде таа нок среде долината.
14. Штом гајскиот цар го виде тоа, стана рано и излезе веднаш со жителите градски против Израилот во борба на определеното место пред рамнината; но тој не знаеше, дека против него има заседа зад градот негов.
15. Исус и целиот Израил, како божем се разбиени од нив, избегаа кон пустињата;
16. а тие го повикаа целиот народ, што беше во градот, за да ги гонат, и, гонејки го Исуса, се оддалечија од градот;
17. и не остана во Гај и Ветил ниту еден човек, кој не беше тргнал по Израилот; а градот свој го оставија отворен, гонејки го Израилот.
18. Тогаш Господ му рече на Исуса: "Спружи го копјето, што е во раката твоја, кон Гај, бидејки Јас ке го предадам во рацете твои и заседата веднаш нека стане од местото свое!" Исус ја сприжи кон градот раката своја со копјето, што беше во раката негова.
19. А оние што беа во заседа станаа веднаш од местото свое и јурнаа, штом ја испружи раката своја, влегоа во градот, го презедоа и за миг го запалија со оган.
20. Жителите гајски, кога погледнаа назад, видоа, дека од градот се крева дим кон небото. Немаше каде да бегаат - ниту натаму, ниту наваму; зашто народот, што беше во пустињата, се сврте кон гонителите.
21. Исус и целиот Израил, кога видоа, дека оние што беа во заседа го презеле градот и дека од градот се крева дим кон небото, се вратија и почнаа да ги убиваат Гајците.
22. А оние од градот излегоа против нив, така што тие се надјоа ме у Израилците, од кои едни беа на една страна, а другите на друга; така ги разбија, што не оставија од нив ниту еден жив, ниту избеган;
23. а гајскиот цар го фатија жив и го доведоа кај Исуса.
24. Откога Израилците ги убија сите жители од Гај во полето и пустињата, каде што ги гонеа, и откако тие сите до еден паднаа од сечилото на мечот, тогаш сите Израилци се вратија во Гај и го поразија со сечилото на мечот.
25. Загинатите од тој ден мажи и жени, сите од Гај, беа дванаесет иљади.
26. Исус не ја тргна раката своја, што ја беше испружил со копјето, додека не ги проколна сите од Гај;
27. само добитокот и пленот од тој град синовите Израилеви го поделија ме у себе, според Господовиот збор, што Господ беше му го кажал на Исуса.
28. Тогаш Исус го изгори Гај и го претвори во вечни урнатини, во пустињата до денес;
29. а гајскиот цар го обеси на дрво и го остави на дрвото до вечерта; по зајдисонце Исус пак им заповеда, и го симнаа трупот негов од дрвото, го фрлија пред градските порти во ров, и натрупаа врз него голема грамада камења, која постои до ден денешен.
30. Тогаш Исус му изгради жртвеник на Господа, Бога на Израилот, на гората Гевал,
31. како што Мојсеј, слугата Господов, им беше заповедал на синовите Израилеви, за кое беше напишано во книгата на Мојсеевиот закон, - жртвеник од цели камења, до кои не допрело железо; и принесоа врз него сепаленица на Господа и жртва за спасение.
32. И таму на камењата Исуа напиша препис од законот на Мојсеја, што тој го беше напишал пред синовите Израилеви.
33. Сиот Израил, старешините негови и управителите негови и судиите негови, застанаа од едната и од другата страна на ковчегот спроти свштениците, - левитите, кои го носеа ковчегот на заветото Господов, - како придојдените, така исто и придојдените жители, едната половина од нив кај планината Гаризим, а другата половина кај планината Гевал, како што порано Мојсеј, слугата Господов, беше заповедал да се благослови народот Израилев.
34. Потоа Исус го прочита сите зборови од законот, благословувањата и проклетстава, како што е напишано во книгата на законот;
35. од се она, што Мојсеј му беше заповедал на Исуса, немаше ни збор, што Исус не го причита пред целото Израилско собрание, пред мажите и жените и децата и придојдените, што се најдоа ме у нив.

  Joshua (8/24)