Joshua (5/24)  

1. Кога аморејските цареви, што живееја од онаа страна на Јордан кон морето, и хананејските цареви, што се крај морето, чуја дека Господ Бог ги исушил водите на Јордан пред синовите Израилеви, додека тие преминувале, тогаш им се запреа мислите, се ужасија и не остана веке во нив дух против синовите Израилеви.
2. Во тоа време Господ му рече на Исуса: "Направи си камени ножеви од остар камен и обрежи ги синовите Израилеви по вторпат!"
3. Тогаш Исус направи остри ножеви од камен, и ги обреза синовите Изриалеви во местото наречено Рид на обрезанието.
4. И така ги обреза Исус синовите Израилеви, кои тогаш се родија по патот, и кои ме у излезените од Египет тогаш не беа обрезани, сите ги обреза Исус; сиот народ, што беше излегол од Египет, од машки пол, сите способни за војна умреа во пустињата по патот, откако без излагле од Египет;
5. бидејки сите излезени беа обрезани, а сите, што беа се родиле во пустињата по патот, по излегувањето од Египет, не беа обрезани;
6. зашто синовите Израилеви четириесет години одеа по пустињата Мавдаритит; заради тоа мнозина не беа обрезани, додека изумреа сите способни за војна, што беа излегле од Египет, кои не го послушаа гласот Господов и на кои Господ им се залона, дека нема да ја видат земјата, која Господ со клетва беше им ја ветил на татковците нивни, дека ке ни ја даде нам земјата, каде што тече мед и млеко,
7. а на место нив ги постави синовите нивни. Нив ги обреза Исус, зашто тие не беа обрезани; бидејки нив, како родени по патот, не ги обрезуваа.
8. Сиот народ, откако беше обрезан, си остана на местото во логорот, додека не оздрави.
9. Тогаш Господ му рече на Исуса: "Сега Јас го симнав од вас египетскиот срам!" И тоа место се наречува дури и до ден денес "Галгал".
10. И се задржаа синовите Израилеви во логорот во Галгал и направија Пасха во рамнините Јерихонски на четиринаесеттиот ден од месецот, вечерта;
11. и на вториот ден по Пасха почнаа да јадат од пченицата на таа земја - бесквасни лебови и печени зрна во истиот тој ден;
12. и маната престана да па а во тој ден, по кое почнаа да јадат од житото на таа земја; и веке немаше мана кај синовите Израилеви: во таа година тие јадеа од плодовите на Хананската земја.
13. Кога Исус се нао аше близу до Јерихон, погледна и виде, и ете, пред него стои човек, со истргнат меч во раката. Исус се приближи до него и му рече: "Наш ли си, или си од нашите непријатели?"
14. Тој му одговори: "Не; јас сум водачот на војската Господова, сега дојдов овде." Исус падна ничкум на земја, се поклони и му рече: "Што ке му заповедаш на својот слуга?"
15. Водачот на војската Господова му рече на Исуса: "Собуј ги обувките од нозете свои, бидејки местото, на кое стоиш, е свето." Исус така и направи.

  Joshua (5/24)