Joshua (4/24)  

1. Кога целиот народ го премина Јордан, Господ му рече на Исуса:
2. "Земи од народот дванаесет лу е, по еден маж од секое племе
3. и заповедај им и кажи им: ‘Земете оттука, среде Јордан, каде што стоеја неподвижно ножете на свештениците, дванаесет камења, понесети ги со себе и ставете ги на местото, каде што ке нокевате оваа нок!‘"
4. Исус повика дванаесет лу е, што ги избра од синовиет Израилеви, по еден маж од секое племе
5. и им рече: "Одете по мене пред Господа, вашиот Бог, среде Јордан и секој нека земе оттаму по еден камен, и нека го стави на рамо според бројот на племињата на синовите Израилеви,
6. за да бидат кај вас за секогаш знак; кога ке те праша во подоцнежно време синот твои и ке рече: ‘зошто се овие камења кај вас?‘
7. а ти ке му речеш на синот твој: ‘Водата во реката Јордан престана да тече пред ковчегот на заветот на Господа над целата земја; кога тој го преминуваше Јордан, тогаш водата јорданска пресуши‘; и така тие камења ке бидат кај вас како вечен споменик на синовите Израилеви."
8. и синовите Израилеви направија така, како што заповеда Исус: зедоа дванаесет камења од среде Јордан, како што му рече Господ на Исуса, според бројот на племињата на синовите Израилеви, и ги понесоа со себе во логорот, и ги ставија таму.
9. И други дванаесет камења постави Исус среде Јордан на местото, каде што им стоеја нозете на свешетниците, кои го носеа ковчегот на заветот Господов. Тие се таму и до ден денес.
10. Свештениците, пак, кои го носеа ковчегот на заветот Господов, стоеја среде Јордан, додека не беше свршено се што Господ му беше заповедал на Исуса - точно така, како што му беше заповедал Мојсеј на Исуса; па потоа народот брзаше и преминуваше.
11. Кога целиот народ го премина Јордан, тогаш премина и ковчегот на заветот Господов и камењата пред нив.
12. И Рувимовите синови и Гадовите синови и полу племето Манасиево поминаа вооружени пред синовите Изриалеви, како што им беше заповедал Мојсеј.
13. Околу четириесет иљади вооружени за борба преминаа пред Господа кон градот Јерихон, за да се борат.
14. Во тој ден Господ го возвеличи Исус пред целиот род Израилев и почнаа да се бојат од него, како што се боеја од Мојсеја, се додека беше жив.
15. И му рече Господ на Исуса, велејки:
16. "Заповедај им на свештениците, што го носат ковчегот на заветот на сведоштвото, да излезат од Јордан."
17. Исус им заповеда на свештениците и рече: "Излезете од Јордан!"
18. И кога свештениците, што го носеа ковчегот на заветот Господов, излегоа од Јордан, и штом нозете нивни стапија на суво, водата на Јордан се спушти на своето место, потече, како вчера и завчера, по целото корито.
19. И народот излезе од Јордан во десеттиот ден на првиот месец и се смести во Галгал, на исток од Јерихон.
20. И дванаесетте камења, што ги беа зеле од Јордан, Исус ги постави во Галгал
21. и им рече на синовите Израилеви: "Кога ке ве прашаат вашите синови, велејки: ‘зошто се овие камења?‘
22. кажете им на вашите синови: ‘Израил го помина Јордан по суво.‘
23. Зашто Господ, вашиот Бог, ги исуши водите на Јордан за вас, додека да го преминете, исто онака, како што Господ, вашиот Бог, го направи со Црвеното Море, кое го исуши пред нас, додека го преминавме,
24. за да видат сите народи на земјата, дека раката Господова е силна, и да Го почитувате Господа, вашиот Бог, во секое време."

  Joshua (4/24)