Joshua (24/24)    

1. Тогаш Исус ги собра сите племиња Израилеви во Сихем и ги свика старешините на Израилот и кнезовите негови, судиите негови и управителите негови, и тие се претставија пред Господа Бога.
2. И му рече Исус на целиот народ: "Вака вели Господ, Бог на Израилот: ‘Вашите татковци, Тара, таткото Авраамов и таткото Нахоров, во старо време живееја од онаа страна на реката и им служеа на други богови.
3. Но јас го зедов таткото ваш Авраама од онаа страна на реката, го водев до целата земја Хананска, му го умножив семето негово и му го дадов Исака.
4. На Исака му ги дадов Јакова и Исава. На Исава му ја дадов во наследство гората Сир; а Јаков и синовите негови влегоа во Египет и станаа таму голем, силен и многуброен народ, и Египтјаните почнаа да ги притеснуваат.
5. Тогаш ги испратив Мојсеја и Арона и го поразија Египет со знаци, што ги извршив, а потоа ве изведов.
6. Ги изведов татковците ваши од Египет, и вие дојдовте кај Црвеното Море. Тогаш Египтјаните се спуштија по татковците ваши со коли и коњаници до Црвено Море;
7. но тие повикаа кон Господа, и Он спушти облак и магла ме у нас и Египтјаните и го наведе на нив морето, кое и ги покри. Очите ваши видоа што направи Господ во Египетската земја и вие останавте во пустињата многу денови.
8. И ве воведе во земјата на Аморејците, кои живееја од онаа страна на Јордан; тие станаа против вас, но Господ ги предаде во рацете ваши, и вие ја добивте како наследство земјата нивна и ги истребивте од пред лицето ваше.
9. Се крена Валак, синот Сепфоров, моавски цар, и отиде со војската против Израилот, и испрати да го повика Веоровиот син Валаам, за да ве проколне;
10. но Господ не сакаше да го послуша Валаам, - тој ве благослови, и јас ве избавив од рацете негови.
11. Вие го преминавте Јордан и дојдовте во Јерихон. И почнаа да војуваат против вас жителите на Јерихон: Аморејците и Ферезејците, Хананејците и Хетејците, Гергесејците, Евејците и Јевусејците, но Господ ги предаде во рацете ваши.
12. И испрати пред вас стршели, кои ги изгонија од пред вас двајцата аморејски цареви; не со твојот меч и не со твојот лак се направи тоа.
13. И ви даде земја, за која вие не сте се труделе, и градови што не сте ги граделе, и вие живеете во нив; и лозја и маслини, кои не сте ги саделе, а јадете плодови."
14. И така, бојте се од Господа и служете Му со чистота и искреност; и отфрлете ги боговите на кои им служеа татковците ваши од онаа страна на реката и во Египет, и служете Му на Господа.
15. Ако, пак, не ви е угодно да Му служите на Господа, одберете си сега, кому да му служите: на боговите ли, на кои им служеа татковците ваши, кога беа од онаа страна на реката, или на боговите на Аморејците, во чија земја живеете, а, пак, јас и домот мој ке му служиме на Господа, бидејки он е свет."
16. Одговори народот и рече: "Не, тоа никако, да Го оставиме Господа и да почнеме да им служиме на други богови!
17. Зашто Господ е наш Бог; Он не изведе нас и таковците наши од Египетската замја, од домот на ропството, и правеше пред очите наши чуда големи и не пазеше по целиот пат, по кој одевме, и ме у сите народи, низ кои минувавме.
18. Господ ги изгони од кај нас сите народи и Аморејците, што живееја во оваа земја. Затоа и ние ке Му служиме на Господа, бидејки Он е Бог наш."
19. Исус му рече на народот: "Не ке може да Му служите на Господа (Бога), зашто Он е свет Бог, Бог ревнител; Он нема да го истрпи баззаконието ваше и гревовите ваши.
20. Ако Го оставите Бога и им служите на ту и богови, Он ке испрати на вас зло и ке ве истреби, место да ви направи добро."
21. И народот му одговори на Исуса: "Не, ние ке Му служиме на Господа."
22. Исус му рече на народот: "Сведоци ли сте вие за себе, дека Го избравте Господа - да Му служите?" Тие одговорија: "Сведоци сме."
23. "А сега, отфрлете ги ту ите богови, што се во вас, и свртете го срцето свои кон Господа, Бог Израилев."
24. Народот му рече на Исуса: "На Господа, нашиот Бог, ке Му служиме и гласот Негов ке го слушаме."
25. И тој ден случи со народот завет и му даде наредби и закони во Сихем пред скинијата на Господа, Бога Израилев.
26. И ги запиша Исус тие зборови во книгата на законот Божји, па зеде голем камен и го постави таму под дабот, што е пред светилиштето Господово.
27. И му кажа Исус на целиот народ: "Ете, оној камен ке ни биде сведок, бидејки тој ги чу сите зборови на Господа, што Он ви ги кажа денес; тој нека биде сведок против вас во подоцнежните денови, ако некогаш лажете пред Господа, Вашиот Бог."
28. И потоа Исус го распушти народот, секој во местото свое.
29. И Му служеше Израилот на Господа во сите денови Исусови, и во сите денови на старешините, кои го поминаа времето со Исуса и кои ги видоа сите дела што му ги направи на Израилот.
30. А по сето тоа умре Исус, синот Навинов, слугата Господов, на сто и десет години.
31. И го погребаа во пределите на делот негов во Тамна Сахар, во Ефремовата гора, на север од планината Гаас. И ги ставија таму со него во гробот, во кој што го погребаа, камените ножеви, со кои Исус ги беше обрезал Израилевите синови во Галгал, кога ги изведе од Египет, како што беше заповедал Господ; и тие се таму дури до денес.
32. И коските на Јосифа, кои Израилевите синови ги изнесоа од Египет, ги погребаа во Сихем, во оној дел на полето, што Јаков го беше купил од синовите Аморејски, кои живееја во Сихем, за сто сребреници и му ги даде како дел на Јосифа.
33. Потоа умре и Ароновиот син, првосвештеникот Елеазар, и го погребаа во Финесовиот Гават, кој му беше даден на Ефремовата гора.

  Joshua (24/24)