Joshua (23/24)  

1. По многу време, откако Господ Бог го успокои Израилот од сите околни непријатели, Исуз остаре, дојде во напредната возраст.
2. И ги свика Исус сите синови Изриаилеви, старешините нивни, судиите нивни и управителите нивни, и им рече: "Јас остарев, сум во напредната возраст.
3. Вие видовте се што Господ, вашиот Бог, го направи пред лицето ваше со сите тие народи, бидејки Господ, вашиот Бог, Самиот се бори за вас.
4. Ете, ви ги поделив со жреб тие други народи во наследство на племињата ваши, сите народи што ги истребив од Јордан до Големото Море, на запад.
5. Самиот Господ, вашиот Бог, ке ги прогони од вас додека не загинат; и ке направи против нив диви sверови, додека не ги истреби нив и нивните цареви од пред лицето ваше; ке ги истреби пред вас, за да ја добиете во наследство земјата нивна, како што Господ, вашиот Бог, ви говореше.
6. Затоа трудете се најточно да внимавате и да исполнувате се што е напишано во книгата на Мојсеевиот закон, не клонејки се од него ниту надесно, ниту налево.
7. Не се зближувајте со народите, што останаа ме у вас, не ги спомнувајте имињата на нивните богови, не колнете се во нив, не служете им и не се поклонувајте,
8. но приврзете се кон Господа, вашиот Бог, како што правевте до денес.
9. И Господ избони од вас големи и силни народи, и никој не устои пред вас до денес;
10. еден од вас прогонуваше иљада, бидејки Самиот Господ, вашиот Бог, се биеше за вас, како што ви говореше.
11. Затоа трудете се многу за да Го сакате Господа, вашиот Бог.
12. Ако, пак, се повратите и се приклучите кон остатоците на тие народи, што останаа ме у вас, и се сродите со нив, и одите кај нив, и тие кај вас,
13. знајте, дека Господ, вашиот Бог, нема повеке да ги прогонува од вас тие народи, туку ке бидат за вас примка и мрежа, камшик за ребрата ваши и трн за вашите очи, додека не бидете истребени од таа добра земја, која Господ, вашиот Бог, ви ја даде.
14. Еве, јас сега заминувам на пат каде што целиот свет заминува. А вие познавте со сето свое срце и со сета своја душа, дека не беше напразен ниеден збор од сите добри зборови, што ги говореше за вас Господ, вашиот Бог: се се изврши на вас, ни еден збор не остана неисполнет.
15. Но како што се изврши на вас секој добар збор, што ви го кажуваше Господ, вашиот Бог, така Господ ке го исполни над вас секој лош збор, додека не ве истреби од оваа добра земја, што ви ја даде Господ, вашиот Бог.
16. Ако го прекршите заветот на Господа, вашиот Бог, што Он ви го заповеда, и отидете да им служите на други богови и да им се поклонувате, тогаш гневот Господов ке пламне врз вас, и брзо ке исчезнете од оваа добра земја, која ви ја даде Господ."

  Joshua (23/24)