Joshua (22/24)  

1. Тогаш Исус го повика Рувимовото и Гадовото племе и Манасиевото полуплеме и им рече:
2. "Вие чувте се, што ви беше заповедано од Мојсеја, слугата Господов, и ги послушавте сите мои зборови во се, што ви заповедав;
3. вие не ги напуштавте браката свои во текот на многуте денови и ги запазивте заповедите на Господа, вашиот Бог.
4. Сега Господ, вашиот Бог, ги успокои вашите брака, како што им беше говорел; и така, вратете се и одете во домовите ваши, во земјата на вашето наследство, што ви ја даде Мојсеј, слугата Господов, од онаа страна на Јордан;
5. само пазете грижливо да ги исполнувате заповедите и законот, што ви го даде Мојсеј, слугата Господов: да Го сакате Господа, вашиот Бог, да одите по сите Негови патишта, да ги пазите заповедите Негови, да се приврзувате кон Него и да Му служите со сето срце ваши и со сета душа ваша."
6. Потоа Исус ги благослови и ги отпушти и тие се разотидоа по домовите свои.
7. На едната половина од Манасиевото племе Мојсеј и даде во Васан, а на другата половина Исус и даде дел со браката нивни во Јордан кон морето. И кога Исус ги отпушти во домовите нивни и ги благослови,
8. со големото богатство се вратија во домовите свои, со многу многу добиток, со сребро, со злато, со бакар и со железо, и со големо множество облека; и го разделија пленот земен од непријателите со браката свои.
9. Тогаш синовите Рувимови и синовите Гадови и полуплемето Манасиево се вратија и тргнаа од синовите Израилеви од Силом, кој што е во Хананската земја, за да си одат во земјата Галад, во земјата на наследството свое, што го добија по заповед на Господа, дадена преку Мојсеја.
10. Кога дојдоа во околината на Јордан, во Хананската земја, синовите Рувимови и синовите Гадови, и полуплемето Манасиево изградија таму, крај Јордан, еден жртвеник, жртвеник голем на изглед.
11. И слушнаа Израилевите синови дека се зборува: ‘Ете, синовите Рувимови и синовите Гадови и полуплемето Манасиево изградиле жртвеник во Хананската земја, во Галилот крај Јордан, наспроти Израилевите синови.‘
12. Штом го чуја тоа Израилевите синови, со собра целото општество на синовите Израилеви во Силом за да одат во војна против нив.
13. Најнапред синовите Израилеви го испратија кај синовите Рувимови и кај синовите Гадови и кај полуплемето Манасиево во Галадската земја Финес, синот на свештеникот Елеазар,
14. и со него десет кнезови, по еден кнез од домовите на татковците од сите Израилеви племиња; секој од нив беше војвода во иљадниците Израилеви.
15. И тие дојдоа кај синовите Рувимови и кај синовите Гадови и кај полуплемето Манасиево во земјата Галад и им рекоа, велејки:
16. "Еве што вели целото општество Господово: каков престап сте направиле пред Господа, Израилевиот Бог, со тоа што сте отстапиле сега од Господа, Израилевиот Бог, сте си подигнале жртвеник и отстапивте сега од Господа?
17. Зар мал ви беше гревот Фогоров, од кого не сме се очистиле ни до ден денес и поради него дојде пораз врз општеството Господово?
18. А вие денес отстапувате од Господа! Денес станувате против Господа, а утре Господ ке се разгневи на целото општество Израилево.
19. Ако, пак, земјата на вашето наследство ви е мала, поминете сите во земјата Господова, во која се нао а скинијата Господова, земете дел ме у нас, но не станувајте против Господа, нити против нас станувајте, градејки си друг жртвеник, освен жтвеникот на Господа, нашиот Бог;
20. зар Ахан, синот Зарин, не изврши ли самиот престап, земајки од заколнатото, а гневот падна врз целото општество Израилево? Не умре само тој поради беззаконието свое."
21. И одговорија на тоа синовите Рувимови и синовите Гадови и полуплемето Манасиево и им рекоа на војводите Израилеви:
22. "Господ Бог на боговите, Господ е Бог Господ, Он знае, и Израилот нека знае! Ако отстапуваме од Господа, Господ нека не не поштеди овој ден!
23. Ако сме изградиле жртвеник, за да отстапиме од Господа, нашиот Бог, или за да принесуваме на него сепалиници или да принесуваме на него жртви за спасение, самиот Господ нека суди!
24. Но за добро го направивме ние тоа, за да не им речат утре вашите синови на нашите синови: ‘Што имате вие со Господа, Израилевиот Бог?‘
25. Господ го одреди Јордан за граница ме у нас и вас, синовите Рувимови и синовите Гадови, вие немате дел во Господа. Така синовите ваши ке ги оту ат нашите синови да не Му служат на Господа.
26. Затоа рековме: да си подигнеме жртвеник не заради приноси ниту заради жртви,
27. туку за да биде тој ме у вас и нас, ме у нашите родови по нас, сведок, дека ние можеме да Му служиме на Господа пред нив со наши приноси, и со наши жртви и со наши жртви за спасение и за да ни им речат утре вашите синови на нашите синови: ‘вие немате дел во Господа.‘
28. Па си рековме: ако така ни кажат нам и на нашите родови по нас, ние ке им речеме: ‘Видете ја сличноста на жртвеникот Господов, што го направиле нашите татковци, на заради приноси ниту заради жртви, туку за да биде сведок ме у вас и нас и ме у синовите наши.
29. Далеку сме од мислата, да отстапиме од Господа, и да се одвратиме од Господа, и да sидаме жртвеник за приноси, жртви за грев и жртви за спасение, освен пред жртвеникот на Господа, нашиот Бог, кој е пред скинијата Негова."
30. Свештеникот Финес, сите кнезови на општеството и војводите на иљадниците Израилеви, што беа со нив, кога ги ислушаа зборовите, што ги рекоа Рувимовите синови, Гадовите синови и Манасиевите синови ги одобрија.
31. И Елеазаровиот син, свештеникот Финес, им рече на синовите Рувимови, на синовите Гадови, и на полуплемето Манасиево: "Денес познавме, дека Господ е со нас, дека вие со тоа не сте извршиле пред Господ престап, но дека сте ги избавиле синовите Израилеви од раката Господова."
32. Тогаш Елеазаровиот син, свештеникот Финес, и кнезовите народни се вратија од синовите Рувимови и од синовите Гадови и од племето Манасиево во Хананската земја кај синовите Израилеви и им донесоа одговор.
33. И на Израилевите синови тоа им беше угодно, па Го благословија синовите Израилеви Бога и рекоа дека нема да војуваат против нив, и да ја разорат земјата, во која живеат синовите Рувимови и синовите Гадови и полуплемето Манасиево.
34. И Рувимовите синови и Гадовите синови и полуплемето Манасиево го нарекоа тој жртвеник Ед, зашто, рекоа тие, тој е сведок ме у нив, дека Господ Бог е нивни Бог.

  Joshua (22/24)