Joshua (21/24)  

1. Левитските старешини на таковските домови дојдоа кај свештеникот Елеазар, кај Исуса, синот Навинов, и кај племенските старешини на Израилевите синови,
2. и им рекоа во Силом, во Хананската земја, велејки: "Господ беше заповедал преку Мојсеја да ни дадете градови за живеење и околни нивни предградија за добитокот наш."
3. И синовите Израилеви им дадоа на левитите од деловите свои, според заповедта на Господа, овие градови со нивните околни предградија.
4. И се фрли жреб за Катовите родови и според жребот на синовите од свештеникот Арон, кои беа левити, им се паднаа тринаесет градови - од Јудиното племе, од Сименовото племе и од Венијаминовото племе;
5. а на другите Катови синови според жребот за родовите на Ефремовото племе, на Дановото племе и на полуплемето Манасиево им се паднаа - десет градови;
6. на Гирсоновите синови од племето Исахарово, од Асировото племе, од Нефталимовото племе и од полуплемето Манасиево во Васан со жреб им припаднаа - тринаесет градови;
7. на Мерариевите синови, според родовите нивни, од Рувимовото племе, од Гадовото племе и од Завулоновото племе - дванаесет градови.
8. Синовите Израилеви им ги дадоа на левитите тие градови и предградијата нивни со жреб, како што беше заповедал Господ преку Мојсеја.
9. А синовите од племето Јудино и од племето Симеоново и од племето Венијаминово им ги дадоа овие градови што се набројуваа според имињата свои:
10. на Ароновите синови, од родовите Катови, ме у синовите Левиеви, бедејки нивниот жреб беше прв.
11. Им го дадоа Киријет-Арва, односно градот на Арво, Енаковиот татко, инаку градот Хеврон, во Јудината гора, заедно со околиите негови;
12. а полето на тој град и селата негови му ги дадоа во наследство на Јефониевиот син Халев.
13. И така, на синовите на свештеникот Арон им го дадоа градот Хеврон, со околиите негови, како град-прибежиште за убијците, и Левна со околината нејзина,
14. Јетер со околината негова, Естем со околината негова,
15. Олон со околината негова, Давир со околината негова,
16. Аин со околината негова, Јета со околината нејзина; Ветсамис со околината негова - девет градови од тие две племиња;
17. од Венијаминовото колено: Гаваон со околината негова, Гаве со околината нејзина,
18. Анатот со околината негова, Алмон со околината негова - четири града.
19. Сите градови на синовите Аронови, свештениците, се тринаесет градови со околините нивни.
20. И на родовите од Катовите синови, левитите, - што уште беа останале од Катовите синови, според нивниот жреб, им се паднаа градовите од пределите на племето Ефремово:
21. им го дадоа Сихем со околината негова, како град прибежиште за убијци, во Ефремовата гора, и Газер со околината негова.
22. Кавсаим со околината негова, Веторон со околината негова - четири града;
23. а од Дановото племе: Елтекон со околината негова и Гаветон со околината негова,
24. Елон со околината негова и Гетремон со околината негова - четири града;
25. од полуплемето Мансиево: Танах со околината негова, и Ветсам со околината негова - два града.
26. Сите градови што им се паднаа на другите Катови синови, се десет града со околините нивни.
27. А на Гирсоновите синови, сродници на левитите, им ги дадоа: од полуплемето Манасиево Голан во Васан со околината негова, град прибежиште за убијци, и Вестера со околината нејзина - два града;
28. од Исахаровото племе: Кисон со околината негова, Деврат со околината негова,
29. Јермот со околината негова, Ен-Ганим со околината негова - четири града;
30. од Асировото племе: Масал со околината негова, Авдон со околината негова;
31. Телкат со околината негова, Реов со околината негова - четири града;
32. од Нефталимовото племе: Кедес во Галилеја со околината негова, - град прибежиште за убијци, Ематор со околината негова и Ноемон со околината негова - три града.
33. Сите градови што им се паднаа на Гирсоновите синови, според племињата нивни, се тринаесет градови со околините нивни.
34. На другите левити, од родовите на Мерариевите синови, им ги дадоа од Завулоновото племе: Јекнам со околината негова, Карта со околината нејзина.
35. Дамна со околината нејзина, Налол со околината негова - четири града;
36. од онаа страна на Јордан спроти Јерихон од Рувимовото племе им беше даден градот прибежиште за убијци Восор, во пустињата Мисор, со околината негова, Јазир со околината негова,
37. Гедсон со околината негова, Масфа со околината нејзина - четири града;
38. од Гадовото племе: Рамот со околината негова, градот прибежиште за убијци, Рамот во Галад, Манаим со околината негова.
39. Есевон со околината негова, Јазир со околината негова - града четири.
40. Сите градови, што им се паднаа со жреб на другите левитски родови, од Мерариевите синови, според домовите нивни, се дванаесет града.
41. Сите левитски градови, што беа во наследствата на синовите Израилеви, беа четириесет и осум града со околините нивни.
42. При тие градови околу секој град имаше околина; така беше кај сите тие градови. Кога Исус ја заврши делбата на земјата според пределите нејзини, Израилевите синови му дадоа дел на Исуса по заповед на Господа, му го дадоа градот, кој само го бараше, му го дадоа Тамнасахар, во Ефремовата гора; тогаш Исус го изгради градот, што го беше побарал, и живееше во него. И ги зеде Исус камените ножеви, - со кои ги беше обрезал Израилевите синови, родени по патот во пустињата, бидејки тие не беа обрезани во пустињата, - и го постави во Тамнасахар.
43. И така Господ му ја предаде на Израилот целата замја, за која им се заколна на нивните таковци дека ке им ја даде; тие ја наследија и се населија во неа.
44. И Господ им даде спокојство отсекаде, како што им се беше заколнал на татковците нивни, и никој од непријателите нивни не устои против нив; сите нивни непријатели Господ им ги предаде во нивни раце.
45. Не остана неисполнет ниеден збор од сите добри зборови, кои Господ им ги беше рекол на домот Израилев: се се исполни.

  Joshua (21/24)