Joshua (17/24)  

1. Еве го наследството на племето Манасиево, кој беше Јосифов првороден син. На Манасиевиот првороден син Махир, татко на Галад, кој беше храбар во борба, му се падна Галад и Васан.
2. Добија наследство и другите Манасиеви синови, според родовите нивни; и синовите Ахизерови, и синовите Елекови, и синовите Есрилови, и синовите Сехемови, и синовите Семираелови, и синовите Оферови. Тоа се синовите Манасиесви, синот на Јосифа, според родовите нивни.
3. Салпад, пак, синот на Офер, кој беше син на Галад, а овој - син на Мехир, Манасиев син, немаше синови, туку само керки. Еве ги имињата на керките негови: Мала, Нуа, Егла, Мелха и Терса.
4. Тие дојдоа кај свештеникот Елеазар и кај Исуса, синот Навинов, и кај кнезовите, и рекоа: "Бог му беше заповедал на Мојсеја да ни даде дел ме у нашите брака." И им се даде наследство, па заповед на Господа, ме у браката на таткото нивни.
5. И Манасија го доби во наследство полето Лавеково, освен земјата Галадска и Васанска од онаа страна на Јордан;
6. зашто керките на синовите Манасиеви добија делови ме у синовите негови, а Галадската земја им се падна на другите Манасиеви синови.
7. Границата на синовите Мансиеви оди до Асир-Махтот и Данат, кој е спроти Сихем; оттука границата излегува на Јамин и на Јасиф, кај изворот Тафтот.
8. Земјата Тафтот му се падна на Манасија, а пределот на Манасеивиот Тафтот - на Ефремовите синови.
9. Оттука границата слегува кон долината на Кана, на југ по долината Јарим. Градот Теревит му припа а на Ефрема, иако е ме у градовите на Манасија. Манасиевата граница е на север од потокот и завршува кај морето.
10. Она што е на југ, тоа е Ефремово, а она што е на север, тоа е Манасиево; а морето им е нивна граница; со Асир се граничи откај север, а со Исихар откај исток.
11. На Манасија му припаднаа ме у Исахар и Асир, Ветсан со селата негови, Јевлам и селата негови, жителите на Дор и потчинетите му села, жителите на Ендор и потчитените му села, жителите на Магед и потчинетите му села, и жителите во Танах, и селата негови, и трет дел од Нафет и селата негови.
12. Манасиевите синови не можеа да ги изгонат жителите на тие градови и Хананејците останаа да живеат во таа земја.
13. Кога, пак, Израилевите синови се зацврстија, ги направија Хананејците свои поданици, но - не ги изгонија.
14. Јосифовите синови му се противставија на Исуса и рекоа: "Зошто ни даде за наследство еден жреб и едно јаже, кога сме ние многубројни, бидејки така не благословувал Господ досега?"
15. Исус им одговори: "Ако сте многубројни, одете во гората и таму, во земјата на Ферезејците и Ратајците, расчистете си место, штом гората Ефремова ви е тесна."
16. Јосифовите синови рекоа: "Гората Ефремова не ни е доволна; а сите Хананејци, што живеат во долината, имаа железни коли, како оние, што се во земјата Вет-Сан и во селата нивни, така и оние, што се во Језраелската долина."
17. Но Исус му рече на Јосифовиот дом, на Ефрема и на Манасија: "Кога си многуброен и имаш голема сила, нема да останеш само со еден жреб;
18. и гората нека биде твоја, и неа ти ке ја расчистиш, и таа ке биде твоја до самиот крај; бидејки ти ке ги изгониш Хананејците, иако тие имаа железни коли, иако се силни, ти ке ги присилиш."

  Joshua (17/24)