Joshua (16/24)  

1. Потоа жребот падна на Јосифовите синови: од Јордан кај Јерихон, кон Јерихон на исток, во планинската пустиња, која се протега од Јерихон кон Ветил;
2. од Ветил границата оди кон Луз и мунува кон пределот Архијатарот,
3. се спушта кон морето, кон границата Јефалтимска дури до пределот Ветарон долни, па и до Газер и излегува кај морето.
4. Тоа го добија како дел Јосифовите синови Ефрем и Манасија.
5. Границата на Ефремовите синови според родовите нивни беше оваа: откај исток границата на нивното наследство беше Атарот и Адар до горни Веторон;
6. потоа границата оди кон морето на север до Махтот, свртува на исток кон Тинат-Силом и минува источно од Јанох;
7. а од Јанох, откако слегува кон Атарот и Нарат, допира до Јерихон, и селата нивни и излегува на Јерихон;
8. од Тапфу границата оди кон морето, кај потокот Кана, и завршува кај морето. Тоа е делот на племето на синовите Ефремови, според родовите нивни.
9. Имаше одделни градови за Ефремовите синови и во наследство на Манасеивите синови, - и сите тие градови беа со селата нивни.
10. Но Ефремовите синови не ги изгонија Хананејците, кои живееја во Газер; затоа Ханенејците живеат ме у Ефремовците до денес, и им плакаат данок. Најпосле дојде египетскот цар - Фараон, го презеде градот и со оган го изгори, а Хананејците и Ферзејците и жителите на Газер беа убиени, а Фараонот го даде пленот на керката своја.

  Joshua (16/24)