Joshua (15/24)  

1. Племето на Јудините синови, според родовите нивни, го доби овој предел: граница до Идумеја им беше пустињата Син кон Лив и дури до Кадис на југ.
2. Нивната јужна граница беше дел од Соленото Море, што се простира на југ;
3. на југ таа оди кон Акравим на возвишението, го обиколува Син, влегува од југ кон Кадис-Варни, излегува на Есрон и се протега до Адар, оди на запад од Кадис и свртува кон Акрак,
4. потоа излегува на Асемон, оди кон Египетската долина, така што крајот на таа граница е морето. Тоа е нивната јужна граница.
5. Границата на исток и целото Солено море, до крајот на Јордан; а границата на север почнува од Соленото Море до крајот на Јордан;
6. оттука границата оди кон Витагла, мунува на север кон Ветара и оди угоре до каменот на Рувимовиот син Веор;
7. потоа границата се спушта кон Давир од долината Ахор на север свртува кон Галгал, кој е спроти возвишението Адамин на југ од потокот; потоа границата преминува кон источните води и завршува кај Рогил;
8. оттука границата оди угоре кон долината на Еномовите синови, на југ од Јевус, кој е Ерусалим; и границата оди по врвот на гората, што е на запад спроти Еномовата долина кон морето до крајот на Рефаимската долина на север;
9. од врвот на гората границата свртува кон изворот на водите Нефтоах и оди преку гората Ефрон; и границата свтува кон Ваал, а тоа е градот Јарим;
10. потоа границата свртува од Ваал кон морето и оди кон планината Сир и излегува на север зад градот Јарим, кој и Хаслон, слегува кон градот на сонцето и мине на југ;
11. оттука границата оди на север позади Акарон; границата свртува кон Сакхарон, мунува преку гората на Ваалови стигнува до Јавнил; и границата завршува кај морето. Западната граница е Големото Море.
12. Тоа се околните граници на Јудините синови според нивните родови.
13. А на Јефоновиот син Халев Исус му даде еден дел ме у Јудините синови, како што му беше заповедал Господ на Исуса; а му го даде Исус и градот Киријат-Арва, односно таткото Енаков; тоа е градот Хеврон.
14. Јефоновиот син Хелав ги истера оттаму трите Енакови синови: Суси, Толмај и Ахим.
15. Оттаму Халев тргна против Давираните; порано Давир се нарекуваше Киргејат-Сефер.
16. И рече Халев: "Кој ке го порази Давир и го презеде, ке му ја дадам керката моја Асхан за жена."
17. И го презеде Готонил, син на Кенезеецот, братот на Халев, и тој му ја даде керка си Асхан за жена.
18. Кога требаше таа да замине, ја посоветува да побара од таткото свој земја, и таа слезе од ослето. Халев ја запраша: "Што сакаш?"
19. Таа одговори: "Благослови ме; ми даде јужна земја, дај ми ги и Голат-Маим." И тој и ги даде Голат-Маим, горните и долните извори.
20. Ете тоа е наследството на племето на Јудините синови, според родовите нивни.
21. А ова се градовите на Јудините синови, во пределите соседни на Идумеја, на југ: Кавсен, Едраим и Јагур;
22. Кина, Димона, Адада,
23. Кадес, Асор, и Итнасит,
24. Телем, Зиф и Валот,
25. Асор новиот, и градот Асером, инаку Асор,
26. Ама, Сама и Модада,
27. Асергада и Вефталет,
28. Асарсула и Вирсавија со селата нивни и предградијата нивни.
29. Вал, Авим и Асем,
30. Елтолад, Хесил и Ерма,
31. Сикелек, Ведевина и Сансана,
32. Лавот, Селеим, Аин и Ремон; сите градови се дваесет и девет со селата нивни.
33. Во рамнината: Естаол, Сара, Асна и Рамен
34. Зано, Ингоним, Тафуа и Инаим,
35. Јеримут, Одолам и Немра, Сохо и Азика,
36. Сагарим, Адијатаим, Гадира со селата нејзини; четириесет градови со селата нивни.
37. Сенам, Адаса, Магдалгад,
38. Далан, Масфа, и Јектаил,
39. Лахис, Васхат и Еглом,
40. Хавон, Ламас и Хатлос,
41. Гадирот, Вит-Дагон, Нома и Макид; шеснаесет градови со селата нивни.
42. Левна, Атер и Асан,
43. Јефта, Асен и Несит,
44. Кејла, Ахзев и Мариса и Едом: девет градови со селата нивни.
45. Акарон и селата негови, и предградијата негови,
46. и од Акарон, Јемна и се што е до Аздот со селата нивни.
47. Азот, селата негови и предградијата негови, Газа, со селата нејзини и предградијата нејзини, до самиот Египетски поток и до Големото Море, кое што е граница;
48. и на возвишенијата: Сафир, Јефер и Сохо,
49. и Рена, град убав, а тоа е Давир,
50. Анов, Естемо и Аним,
51. Госом, Хилуон и Гилом, единаесет градови со селата нивни.
52. Ерев, Есан и Рума,
53. Јанум, Вет-Тафуе и Афак,
54. Хамата и градот Арво, а тоа е Хеврон, и Сиор - градови девет и селата нивни.
55. Маон, Хермел, Зиф и Јета,
56. Јездраел, Јекдам и Зано,
57. Аким, Гава и Тамна - градови десет со селата нивни.
58. Алул, Ветсур и Гедор,
59. Марот, Ветанон и Еледекен - шест градови со селата нивни; Теко, Ефрата, односно Витлеем Фагор, Етам, Кулон, Татами, Сорис, Карем, Галим, Ветир и Манохо: единаесет градови со селата нивни.
60. Каријат-Вал, а тоа е градот Јарим, и Арева: два града со селата и предградијата нивни;
61. Вадаргис и Витарава, Мадон и Сахоха,
62. Невсан, градот на сол, и Ингад - шест градови и селата нивни.
63. Но Јудините синови не можеа да ги изгонат Јевусејците, жителите на Ерусалим, и затоа Јевусејците живеат со синовите на Јуда во Ерусалим до денес.

  Joshua (15/24)