Joshua (13/24)  

1. Кога Исус остаре и беше во напредна возраст, Господ му рече: "Ти остаре и веке си во напреднати години, а останува уште многу да се завладее.
2. Остануваа уште овие земји: сите филистимски предели, Гесур и Ханан,
3. ненаселениот ханански крај од Египет дури до границите на Акарон на север, им припа а на пет филистимски области: Газа, Азот, Аскалонит, Гет Акаронит и Евеја.
4. Од Теман, пак, целата Хананска земја спрема Газа и Сидон, до Афек, дури до аморејските граници.
5. исто така целата земја Гавла филистимска и целиот Ливан од исток, од Галгал, што е под планината Ермон, до влезот во Емат.
6. Сите планински жители од Ливан до Масерфот - Маим, сите сидонци Јас ке ги изгонам пред синовите Израилеви. Па раздели му ја со жреб на Израилот, како што ти заповедав;
7. раздели ја оваа земја сега како дел од наследството на деветте племиња и на племето Манасиево - од Јордан дури до Големото Море на запад; ним дај им ја: Големото Море нека биде граница.
8. А племето Рувимово и Гадово, со другото полуплеме Манасиево, го добија својот дел од Мојсеја од онаа страна на Јордан, на исток, како што им беше дал Мојсеј, слугата Господов,
9. од Ариор, кој е до устието на потокот Арнон, и градот, кој е среде долината, и целиот Мисор од Медаван;
10. исто така сите градови на аморејскиот цар Сион, кој царуваше во Есевон дури до пределите на амонитските синови,
11. како и Галад и Гесурската и Мехадската област, и целата планина Аермон и целиот Васан до Елхи,
12. целото царство Огово во Васан, кој царуваше во Астарот и во Едраин. Тој сам остана од исполините, кого Мојсеј го порази и уби.
13. Но Израилевите синови не ги изгонија жителите на Гесур и Махад и Ханан, и Ресурците и Махатците жевеат ме у Израилот и до ден денешен.
14. Само на Левиевото племе не му даде наследство; Господ, Израилевиот Бог, е негово наследство, како што му беше рекол Господ; а ова се деловите, што им ги определи Мојсеј на синовите Израилеви според племињата нивни во Аравот Моавски од онаа страна на Јордан, спроти Јерихон:
15. на племето на Рувимовите синови според родовите нивни Мојсеј им даде дел:
16. нивните предели беа од Ариор, што е спрема долината Арнонска, и градот, што е во долината Арнонска,
17. и сета земја Мисорска дури до Есевон и Девор и Вамот Вал,
18. И Јаса, и Кадимот, и Мифат, и
19. Кариатем, и Севам и Сард,
20. и Сиор на планината Енак, и Бетфагор, и Асидот - Фасга, и Витсимут;
21. сите градови Мисорски и целото царство на аморејсиот цар Сион, кој царуваше во Есевон, и кого го уби Мојсеј, како и мадијамските старешини Евија, и Роком, и Сур, Ур и Ровек, сиорски кнезови, што живееја во таа земја;
22. исто така и врачот Валаам, Веоровиот син, го убија со меч Израилевите синови во борбата.
23. Предел на Рувимовите синови беше Јордан. Тоа беше делот на Рувимовите синови според племињата нивни, - градовите и селата нивни.
24. Мојсеј им даде наследство и на Гадовите синови, според племињата нивни:
25. нивни предели беа Јазир и сите галадски градови и половината од земјата на Амоновите синови до Ароир, што е пред Рават;
26. и земјите од Есевон до Рамот кај Масфе и Вотаним и Манаим до Дивировите предели,
27. а и во Емек Витарам, и Витнамра, и Сахот Сафон, остаток од царството на есевонскиот цар Сион; неговата граница беше Јордан до Хенеретското Море од онаа страна на Јордан, кон исток.
28. Тоа е наследството на Гадовите синови според племињата нивни, - градовите нивни и селата нивни.
29. Мојсеј му даде дел и на полуплемето Манасиево, според родовите нивни;
30. нивни предели беа: од Манаим, и целот царство Васанско, и целото царство на васанскиот цар Ог и сите села Јаирови во Васан - шеесет градови;
31. а половината од Галад, и во Астарот и во Едраин, градови царски на Ог Васански, тие им беа дадени на синовите од Махира, Манасиев син, и половина на Махировите синови, според родовите нивни.
32. Тоа е наследство што им го даде Мојсеј во Аравот Моавски од онаа страна на Јордан, спроти Јерихон, кон исток.
33. А на Левиевото племе Мојсеј не ме даде дел: Самиот Господ, Бог Израилев, е нивни дел, како што им беше рекол Он.

  Joshua (13/24)