Joshua (12/24)  

1. Еве ги царевите на оние земји, кои синовите Израилеви ги убија и чија земја ја наследија од онаа страна на Јордан, од источната страна, од Арнонската долина дури до планината Ермон, и целата рамнина на исток;
2. Сион, аморејскиот цар, кој живееше во Есевон и владееше од Ариор, што е кај бреговите на потокот Арнон, кон средината на потокот, и половината Галад, до потокот Јавок, предели на синовите амонитски;
3. И Арав дури до Хенеретското Море на исток, и дури до морето Аравско, Соленото Море, на исток по патот за Витсимот, и од Теман кое е под гората Фазга;
4. и Ог, васанскиот цар, последниот од исполините кој живееше во Астарот и во Едраин,
5. и владееше од планината Ермон и Селха, и со целиот Васан, до Гесурската и Махатската граница, и со половината на Галад, до пределите на есевоскиот цар Сион.
6. Мојсеј, слугата Господов, и синовите Израилеви ги убија; и ја даде Мојсеј, слугата Господов, во наследство на племето Рувимово и Гадово и на полуплемето Манасиево.
7. А ова се царевите аморејски, кои ги прази Исус и синовите Израилеви од онаа страна на Јордан на запад, крај морето Валгад во Ливанската долина до планината Алок, која се протега кон Сеир, и чија земја Исус им ја даде во наследство на племињата Израилеви со жреб;
8. по планината, по низините, и во Арав, и во Асидот, и во пустињата, и во Нагев, каде што живеат Хетејците, Аморејците, Хананејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците;
9. царот јерихонски и царот на Гај, што е близу до Ветил,
10. царот ерусалимски, царот хевронски,
11. царот јеримутски, царот лахиски,
12. царот еглонски, царот газерски,
13. царот давирски, царот гадерски,
14. царот ерматски, царот адерски,
15. царот левиски, царот одоламски,
16. царот макидски, царот ветилски,
17. царот апфуски, царот оферски,
18. царот афекски, царот хесаромски,
19. царот самвронски, царот фувски,
20. царот маронски, царот ахсадски,
21. царот танахски, царот магдедонски,
22. царот кедески, царот јаконски, - Хермел
23. царот адорски при Нафедор, царот гоимски во Галгал,
24. и царот терски. Вкупно триесет и еден цар.

  Joshua (12/24)