Joshua (10/24)  

1. Кога ерусалимскиот цар Адонивезек чу, дека Исус го презел Гај и го предал на клетва, и дека постапил со Гај и со царот негов така, како што постапил со Јерихон и царот негов, и дека Гаваонците склучиле мир со Исуса и со Израилот и со другите ме у нив,
2. тој многу се уплаши, бидејки Гаваон беше голем град, како еден од царските градови, и поголем од Гај, и сите жители негови беа храбри лу е.
3. Поради тоа ерусалимскиот цар Адонивезек испрати пратеници кај хевронскиот цар Елам, и кај Феран, царот јеримутски, и кај Афи, царот лахиски, и кај Давир, царот одоламски, да им кажат:
4. "Дојдете кај мене и помогнете ми да го сосипеме Гаваон, затоа што склучи мир со Исуса и синовите Израилеви."
5. Тие се собраа и отидоа петмина аморејски цареви: ерусалимскиот цар, хевронскиот цар, јеримутскиот цар, лахискиот цар, одоламскиот цар, тие и целиот нивни народ, и го опседнаа Гаваон и почнаа да војуваат против него.
6. Гаваонците испратија до Исуса во логорот Израилев во Галгал, да кажат: "Не ја тргнувај раката од твоите робови; дојди поскоро кај нас, избави не и помогни ни; зашто против нас се собрани сите аморејски цареви, што живеат во планините."
7. Исус тргна од Галгал, тој и со него сите способни за војна, и сите храбри мажи.
8. Тогаш Господ му рече на Исуса: "Не се бој од нив, зашто Јас ги предадов во рацете твои: никој од нив нема да устои пред лицето твое."
9. И ги нападна нив Исус ненадејно, бидејки целата нок беше одел од Галгал.
10. Господ ги доведе во забуна од Израилците, и тие им нанесоа голем пораз во Гаваон, ги гонеа по патот кон Веторон и ги поразуваа дури до Азик и до Макид.
11. А кога бегаа од Израилците по падините на Веторонската планина, Господ фрлаше врз нив од небото големи камења до самиот град Азик, и тие умираа: умрените од камењата беа повеке, отколку оние, што синовите Израилеви ги убија со меч во борбата.
12. Тогаш Исус Му рече на Господа во оној ден, во кој Господ Бог го предаде Амореј во рацете на Израилот - откако ги порази во Гаваон, и тие беа избиени од синовите Израилеви, - и рече пред Израилците: "Запри се, сонце, над Гаваон, и ти, месечино, над долината Елон!"
13. И сонцето застана, и месечината стоеше, додека Бог им се одмаздуваше на непријателите нивни. Нели е тоа запишано во книгите на Праведниот: ‘Сонцето застана на небото и не брзаше да зајде скоро цел ден?‘
14. Таков ден немало ни пред ни по оној, во кој Господ така да послушал човечки глас. Зашто Господ војуваше за Израилот.
15. Потоа Исус и целиот Израил со него се вратија во логорот, во Галгал.
16. А оние петмина цареви избегаа и се сокрија во пештерата во Макид.
17. Кога му јавија на Исуса и му рекоа: "Ги најдовме петмината цареви, тие се кријат во пештерата во Макид",
18. Исус рече: "Навалете големи камења пред влезот на пештерата и поставете кај неа лу е да ги пазат;
19. а вие не се задржувајте тука, туку гонете ги непријателите ваши, истребувајте ги последните делови од војската нивна и не им дозволувајте да отидат по градовите нивни, бидејки Господ, вашиот Бог, ги предаде во рацете ваши."
20. Откако Исус и синовите Израилеви им нанесоа многу голем пораз, и другите од нив избегаа во утврдените градови,
21. целиот народ се врати мирно во логорот кај Исуса во Макид, и никој не отвори уста против синовите Израилеви.
22. Тогаш Исус рече: "Отворете го влезот на пештерата и доведете ги кај мене од пештерата петмината цареви!"
23. Така и направија: ги доведоа кај него од пештерата петмината цареви: ерусалимскиот цар, хевронскиот цар, јермутскиот цар, лахискиот цар и одоламскиот цар.
24. Кога ги изведоа овие цареви пред Исуса, Исус ги повика сите Израилци и им кажа на воените началници, што беа оделе со него: "Приближете се, стапнете со нозете свои врз вратовите на тие цареви!"
25. Исус им рече: "Не плашете се и не се ужасувајте, бидете цврсти и храбри; зашто така ке постапи Господ со сите ваши непријатели, со кои ке војувате."
26. Потоа Исус ги уби, и ги обеси на пет дрвја; и висеа на дрвјата до вечерта.
27. На зајдисонце Исус заповеда, и ги симнаа од дрвјата, ги фрлија во пештерата, во која се криеја, и на влезот на пештерата натрупаа големи камења, кои се и денес таму.
28. Во истиот ден го презедоа Макид и го поразија со меч него и царот негов, и се живо, што се нао аше во него: не оставија никој, кој да не беше погоден или да избегал; и со макидскиотт цар постапија така, како што постапија со јерихонскиот цар.
29. Потоа тргна Исус и сите Израилци со него од Макид за Левна и војуваше против Левна
30. И ја предаде Господ и неа во рацете на Израилот и ја презедоа неа и царот нејзин, и истреби Исус со меч се живо, што се нао аше во неа; не остави во неа никој, што не беше погоден или да избегал, а со царот постапи така, како што постапи со јерихонскиот цар.
31. Од Левна тргна Исус и сите Израилци со него за Лахис, се улогори пред него и почна да војува против него;
32. и го предаде Господ Лахис во рацете на Израилот, и тој го презеде во вториот ден, и го порази со меч него и се живо, што беше во него, и го истреби така, како што постапи со Левна.
33. Тогаш на помош на Лахис му дојде газерскиот цар Орам; но Исус го порази со меч и него и народот негов така, што не остави од народот никој што не беше погоден или да избегал.
34. И тргна Исус и сите Израилци со него од Лахис за Аглон, се улогори пред него и почна да војува против него;
35. го предаде Господ и него во рацете на Израилот и го презедоа во истиот ден и го поразија со меч, и со се живо, што се нао аше во него во тој ден, постапи така, како што постапи со Лахис.
36. Потоа појде Исус и сите Израилци со него од Аглон за Хеврон, го опседнаа,
37. го презеде и го порази со меч него и царот негов, сите градови негови и се живо, што се нао аше во него; не остави никој, што не беше убиен; како што постапи со Аглон, така го порази и него и се живо, што се нао аше во него.
38. Потоа се обрна Исус и целиот Израил со него кон Давир и го опседна;
39. го презедоа него, царот негов и сите села негови, и го поразија со меч, и ги истребија нив и се живо, што се нао аше во него: никого не остави жив; како што постапи со Хеврон и царот негов, со Левна и царот нејзин, така постапи и со Давир и царот негов.
40. И ја порази Исус целата планинска земја, и Нагев и рамницата и Асидот и сите цареви нивни; не остави никого да преживее, и се живо погуби, како што беше заповедал Господ, Бог Изриалев.
41. го порази Исус од Кадис - Варни дури до Газа и целата земја Госом дури до Гаваон;
42. и сите тие цареви и земјите нивни Исус ги презеде веднаш, бидејки Господ, Бог Израилев, му помагаше на Израилот.
43. Потоа Исус и сите Израилци со него се вратија во логорот, во Галгал.

  Joshua (10/24)