Joshua (1/24)  

1. По смртта на Мојсеја, слугата Господов, Господ му рече на Навиновиот син Исуса, служител на Мојсеја, велејки:
2. "Мојсеј, слугата Мој умре; затоа сега стани, мини преку оној Јордан, ти и сиот овој народ, во земјата, која Јас им ја давам, на синовите Израилеви.
3. Секое место, на кое ке стапнат стапалата на вашите нозе, вам ви го давам, како што му реков на Мојсеја:
4. од пустињата и од Антиливан дури до големата река, реката Еуфрат, целата земја Хетејска, и до големото море на запад ке бидат ваши предели.
5. Никој нема да устои пред тебе преку сите денови на твојот живот; и како што бев со Мојсеја, така ке бидам и со тебе: нема да те оставам и ниту ке те презрам.
6. Биди цврст и храбар, зашто ке му ја разделиш земјата на овој народ, во наследство за која им се заколнав на татковците нивни дека ке им ја дадам;
7. само биди многу цврст и храбар, и грижливо пази го и извршувај го се она што ти го заповеда слугата Мој Мојсеј; не се отстранувај од сето тоа ни надесно ни налево, туку постапувај разумно со се што ке преземаш.
8. Да не се одделува од устата твоја ова книга на законот; туку поучувај се од неа дење и ноке, за да разбереш како ке го извршуваш се она, што е напишано во неа; зашто тогаш ти ке имаш успех во патиштата твои и умно ке постапуваш.
9. Еве, ова ти заповедам Јас: биди цврст и храбар, не плаши се и не се ужасувај; зашто Господ, твојот Бог, е заедно со тебе, каде и да одиш."
10. Тогаш Исус им заповеда на управителите народни и рече:
11. "Влезете ме у народот и заповедајте им на лу ето и кажете им: пригответе си храна за пат, зашто по три дена ке ја минете реката Јордан, и ке влезете да ја преземете земјата, која Господ, Бог на вашите татковци, ви ја дава во наследство."
12. А на племето Рувимово, Гадово и на полуплемето Манасиево Исус им рече:
13. "Спомнете си, што ви заповеда Мојсеј, слугата Господов, велејки: ‘Господ, вашиот Бог ве успокои и ви ја даде оваа земја;
14. жените ваши, децата ваши и добитокот ваш нека останат во земјата, која Мојсеј ви ја даде од оваа страна на Јордан; а вие храбрите, што можете да војувате, тргнете вооружени пред браката ваши и помагајте им,
15. додека Господ, вашиот Бог, не ги успокои браката ваши, како и вас; додека и тие не ја наследат таа земја, која Господ, вашиот Бог, им ја дава; тогаш вратете се во наследствоот свое и земете ја земјата, која Мојсеј, слугата Господов, ви ја даде од оваа страна на Јордан спрема исток."
16. Тие му одговорија на Исуса: "Се што ни заповедаш, ке направиме, и каде и да не пракаш, ке одиме;
17. како што го слушавме Мојсеја, така ке те слушаме и тебе; само Господ, твојот Бог, да биде со тебе, како што беше со Мојсеја;
18. секој, што ке се противи на твојата заповед и не ги послуша зборовите твои во се, што и да му заповедаш, ке биде погубен. Само биди цврст и храбар!"

      Joshua (1/24)