Jonah (4/4)    

1. Поради тоа Јона многу се огорчи и вознегодува.
2. Па Му се помоли на Господа и рече: "О, Господи, зар не го велев тоа уште додека бев во земјата своја? Та затоа и побегнав во Тарсис, оти знаев дека Ти си Бог добар и милосрден, долготрпелив и многумилостив, па ке се сожалиш за бедата.
3. А сега, Господи, земи ја душата моја од мене, зашто подобро е да умрам отколку да живеам."
4. Господ пак му рече: "Зошто тоа толку многу те огорчи?"
5. Тогаш Јона излезе од градот, па седна од источната страна, и таму си направи сеница и се смести во неа под ладовина, за да види што ке стане со градот.
6. Господ Бог нареди сега да израсне растение над главата на Јона, за да има над главата сенка, и да го избави од огорчението негово. Јона многу му се зарадува на тоа растение.
7. И нареди Господ, вториот ден, кога зората се зазори, црви да ја подгризат тиквата, и таа се исуши.
8. А кога изгреа сонцето, испрати Бог врел источен ветар, и сонцето почна да ја вжештува главата на Јона, така што тој изнемоште толку што се помоли да умре, велејки: "Подобро е да умрам отколу да живеам."
9. А Бог му рече тогаш на Јона: "Па зар е добро тоа што се лутиш заради растението?" А тој одговори: "Многу сум лут, лут сум дури до смрт!"
10. Тогаш Господ рече: "Тебе ти е жал за едно растение, за кое ти не си се трудел, ниту си го одгледувал, и кое за една ноки израсна и се исуши,
11. а Мене да не Ми е жал за Ниневија, за овој голем град, во кој живеат повеке од сто и дваесет иљади души, кои не можат да ја разликуваат десната рака од левата, а и за многу добиток?"

  Jonah (4/4)