Jonah (3/4)  

1. И повторно дојде словото Господово до Јона, велејки му:
2. "Стани и појди во градот Ниневија, големиот град и проповедај му го она што ке ти кажам."
3. Стана Јона и отиде во Ниневија по заповед на Господа; а Ниневија беше многу голем град: три дена одење.
4. И Јона почна да оди по градот, колку што можеше да се изоди за еден ден, и проповедаше, велејки: "Уште четириесет дена и Ниневија ке биде разурната!"
5. И поверуваа ниневијците во Бога, прогласија пост и се облекоа во вреки, мало и големо.
6. Таа проповед дојде и до царот на Ниневија, и тој стана од престолот свој, ја соблече царската облека, се облече во врекиште и седна во пепел,
7. па заповеда да се прогласи и да се каже во Ниневија од името на царот и од неговите големци - ни лу ето, ни добитокот, ни воловите, ниту овците да не јадат ништо и да не одат на пасење и да не пијат;
8. и лу ето и добитокот да бидат покриени со врекишта и силно да извикуваат кон Бога: секој да се откаже од својот лош пат и од насилството на рацете свои.
9. Кој знае - можеби Бог ке се смилостиви и ке го отфрли од нас свотој разгорен гнев, и така да не загинеме.
10. И ги виде Бог нивните дела, оти тие се одвратија од својот лош пат, па се сожали на злото, за кое беше рекол дека ке го нафрли врз нив, и не го нафрли.

  Jonah (3/4)