Jonah (1/4)  

1. И би словото Господово до Јона, синот Аматиев:
2. "Стани и оди во Ниневија, град голем, и проповедај во него, зашто неговите лоши дела стигнаа до Мене."
3. А Јона стана за да избега во Тарсис од лицето Господово; слезе во Јопа, каде што најде кораб што плови за Тарсис, па откако ја плати возарината, влезе во него за да избега со него во Тарсис од лицето Господово.
4. Но Господ подигна силен ветар на морето, и настана голема бура, така што коработ за малку ке се разбиеше.
5. Морнарите се уплашија и повикаа секој кон својот бог, па почнаа товарот од коработ да го фрлаат во морето, за да му се олесни; а Јона беше слегол во дното на коработ, легнал и длабоко заспал.
6. Тогаш дојде при него капетанот на коработ и му рече: "Што, ти спиеш! Стани и повикај кај твојот Бог. Можеби Бог ке се сети на нас, и ние нема да загинеме."
7. Па си рекоа еден на друг: "Да фрлиме жреб и да видиме поради кого не снајде оваа беда." Фрлија жреб и жребот падна на Јона.
8. Тогаш му рекоа: "Кажи ни заради што не снајде оваа невоља? Со што се занимаваш, и од каде идеш? Каде е твојата земја и од кој народ си?"
9. Тој им рече: "Јас сум Евреин, Го почитувам Господа Бога на небесата, Оној што ја создаде земјата и водата."
10. Тогаш лу ето се уплашија многу и му рекоа: "Зошто го направи ова?" Оти тие узнаа дека тој бега од лицето Господово, - како што тој сам им беше кажел.
11. И му рекоа: "Што да направиме со тебе, та морето да стивне за нас?" Бидејки морето се брануваше.
12. Тогаш тој им рече: "Земете ме и фрлете ме в море, и морето за вас ке стивне, оти знам дека поради мене се крена оваа бура."
13. Лу ето потоа се трудеа некако да се приближат до суво, но не можеа, бидејки морето се повеке беснееше против нив.
14. Тогаш повикаа кон Господа и рекоа: "Те молиме Господи, да не загинеме поради душата на овој човек, и да не бидеме одговорни за невина крв, зашто Ти, Господи, си направил како што ти е Тебе угодно."
15. Па го зедоа Јона и го фрлија во морето; и морето престана да се бранува.
16. Тогаш лу ето се уплашија многу од Господа, Му принесоа на Господа жртви и се заветуваа.

      Jonah (1/4)