John (15/21)  

1. Јас Сум вистинската лоза, а Мојот Татко е лозарот.
2. Тој ја отстранува секоја лозинка од Мене што не дава плод, а ја обрежува секоја што дава плод, за да даде повеќе род.
3. Bие сте веќе чисти заради Словото кое ви го зборував.
4. Останете во Мене и Јас во вас. Како што лозинката не може да роди плод сама од себе ако не остане на лозата, така ни вие, ако не останете во Мене.
5. Јас Сум лозата, а вие сте лозинките. Кој останува во Мене и Јас во него, тој дава многу плод; зашто без Мене не можете да сторите ништо.
6. Ако некој не остане во Мене, тој ќе биде исфрлен како лозинка и се суши, - лозинките ги собираат, ги фрлаат в оган и ги горат.
7. Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде дадено.
8. Мојот Татко се прославува со тоа што давате многу плод и покажувате дека сте Мои ученици.
9. Како што Таткото Ме засака Мене, така и Јас ве засакав вас. Останете во Мојата љубов !
10. Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди, како што и Јас ги запазив заповедите на Мојот Татко и останувам во Неговата љубов.
11. Ова ви го реков за да биде Мојата радост во вас, а вашата радост да биде целосна.
12. Ова е Мојата заповед: да се љубите еден со друг како што Јас ве засакав вас.
13. Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели.
14. Bие сте Ми пријатели ако го вршите она што Јас го заповедам.
15. Не ве нарекувам веќе слуги, зашто слугата не знае што прави неговиот господар, туку ве нареков пријатели, зашто ви кажав сè што чув од Таткото.
16. Bие не Ме избравте Мене, туку Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да принесувате плод, и вашиот плод да остане; за што и да побарате во Мое име, да ви даде.
17. Ова ви го заповедам: да се љубите еден со друг! "
18. "Ако светот ве мрази, да знаете дека Мене Ме мразеше уште пред вас!
19. Да бевте од овој свет, светот би ги љубел своите; но бидејќи не сте од светов, туку Јас ве избрав од светот, затоа светот ве мрази.
20. Помнете го зборот што ви го реков: 'Слугата не е поголем од својот господар!' Ако Ме прогонуваа Мене, ќе ве прогонуваат и вас; ако го пазеа Моето Слово, ќе го пазат и вашето.
21. Туку, сето ова ќе ви го прават заради Моето име, затоа што не Го познават Оној Кој Ме прати.
22. Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев.
23. Кој Ме мрази Мене, Го мрази и Мојот Татко.
24. Да не направев меѓу нив дела какви што никој друг не направил, немаше да имаат грев; но сега видоа и пак нè мразат Мене и Мојот Татко.
25. Туку, треба да се исполни словото, запишано во нивниот Закон: 'Ме замразија без причина!'
26. А кога ќе дојде Утешителот, Кого Јас ќе ви Го испратам од Таткото, Духот на Bистината, Кој излегува од Таткото, Тој ќе сведочи за Мене;
27. а и вие ќе сведочите, бидејќи бевте со Мене уште од почетокот."

  John (15/21)