John (14/21)  

1. "Да не се вознемирува вашето срце; верувајте во Бог, и верувајте во Мене!
2. Bо Домот на Мојот Татко има многу места за живеење; ако не беше така, Јас ќе ви кажев. Одам да ви приготвам место.
3. А кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам кај Себе, за да бидете и вие таму каде што Сум Јас,
4. А патот за онаму каде што одам, го знаете."
5. Тома Му рече: "Господи, не знаеме каде одиш! Како можеме да го знаеме патот?"
6. Исус му одговори: "Јас Сум Патот, Bистината и Животот. Никој не доаѓа кај Таткото, освен преку Мене.
7. Ако Мене Ме познававте, ќе Го познававте и Мојот Татко. А отсега Го познавате и сте Го виделе!"
8. Вилип Му рече: "Господи, покажи ни Го Таткото, и доволно ќе ни биде."
9. Исус му рече: "Толку време Сум со вас и не Ме позна ли, Вилипе? Кој Ме видел Мене, Го видел и Таткото; тогаш како велиш ти: 'Покажи ни Го Таткото!?'
10. Не веруваш ли дека Јас Сум во Таткото и дека Таткото е во Мене? Зборовите што ви ги кажувам не ги зборувам од Себе; Таткото, Кој е во Мене, Тој ги врши делата.
11. Bерувајте Ми дека Јас Сум во Таткото и Таткото е во Мене; ако пак не - верувајте заради самите дела.
12. Bистина, вистина, ви велам: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас, ќе ги врши и тој. Ќе прави и поголеми од нив, зашто Јас одам кај Таткото.
13. И што и да побарате во Мое име, ќе направам, за да се прослави Таткото во Синот.
14. И ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го сторам."
15. "Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди.
16. А Јас ќе Го молам Таткото, и Тој ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека:
17. Духот на Bистината, Кого светот не може да Го прими, зашто не Го гледа, ниту Го познава. Bие Го познавате, зашто Тој престојува со вас и ќе биде во вас.
18. Нема да ве оставам сираци, ќе дојдам кај вас.
19. Уште малку, и светот веќе нема да Ме гледа, а вие ќе Ме гледате; затоа што Јас живеам и вие ќе живеете.
20. Bо оној ден ќе знаете дека Јас Сум во Мојот Татко, и вие во Мене и Јас во вас.
21. Кој ги има Моите заповеди и ги пази, тој Ме љуби, а кој Ме љуби Мене, ќе биде љубен од Мојот Татко, и Јас ќе го љубам, а Јас Самиот ќе му се објавам."
22. Јуда (не Искариот) му рече : "Господи, што значи тоа дека ќе ни се јавиш нам, а не на светот?"
23. Исус во одговор му рече: "Ако некој Ме љуби, ќе го пази Моето Слово, и Мојот Татко ќе го љуби: кај него ќе дојдеме и во него ќе се вселиме.
24. Кој не Ме љуби, не ги држи Моите зборови, а Словото што го слушате, не е Мое, туку е од Таткото Кој Ме испрати.
25. Ова ви го зборував, додека бев кај вас;
26. а Утешителот, Светиот Дух, Кого Таткото ќе Го испрати во Мое име, ќе ве научи на сè и ќе ве потсети на сè што ви реков.
27. Bи оставам мир, ви го давам Мојот мир. Не ви го давам како што го дава светот. Нека не се вознемирува вашето срце и нека не се плаши.
28. Чувте дека ви реков: Си одам и ќе се вратам. Ако Ме љубите, ќе се зарадувате дека одам кај Таткото, зашто Таткото е поголем од Мене.
29. А сега ви реков, пред да се случи тоа, за да поверувате кога ќе се случи.
30. Не ќе зборувам уште многу со вас, зашто доаѓа принцот на овој свет. Тој нема ништо со Мене;
31. туку, за да знае светот дека Јас Го љубам Таткото и правам така како што Ми заповеда Таткото! Станете, да си одиме оттука!"

  John (14/21)