Joel (2/3)  

1. Трубете со труби на Сион и викајте на Мојата света гора; нека треперат сите жители земни, оти настапува денот Господен, бидејки е близу,
2. денот на темнина и мрак денот облачен и маглив: како зората ке се шири по горите многуброен народ и силен каков што немало од векот и каков што не ке има потоа од род во род.
3. Пред него оган ке голта, а зад него пламен ке пали; пред него е земјата како Едемска градина, за зад него земјата ке биде опустошена како пустиња, и за никого од него нема да има спас.
4. Изгледаат како коњи, потскокнуваат како коњаници,
5. скокаат преку горските врвови како со тропот од коли, како праскот од огнен пламен, кој гори слама - како силен народ построен за борба.
6. Штом ке се појави, ке затреперат народите; лицата на сите ке им побледат.
7. Како борци ке трчаат и како храбри борци ке се искачуваат по карпите, и секој ке си оди по својот пат и нема да се отстранува од патот свој.
8. И нема да се притискаат еден со друг, а ке па аат врз копја, но ке остануваат неповредени.
9. Kе трчаат по градот, ке се искачуваат по sидовите, ке влегуваат во куките, ке влегуваат и низ прозорците како крадачи.
10. Пред нив ке се потресе земјата, ке се расклати небото, сонцето и месечината ке потемнат, а и sвездите ке ја изгубат светлината своја.
11. И Господ ке го пушти гласот Свој пред Својата војска, зашто силата воинствена Негова е многу голема, и силен е оној што ке ја извршува вољата Негова; оти голем е денот Госпден и многу е страшен, и кој ке истрпи?
12. Но и уште сега вели Господ: обрнете се кон Мене од се срце со пост, плач и ридание.
13. Раскинете го срцата свои, а не облеката и обрнете се кон Господа вашиот Бог: зашто Он е благ и милосрден, долготрпелив и многумилостив и сожалува за злото.
14. кој знае дали нема да се смили и дали ке остави благослов: лебен принос и прелив за Господа, вашиот Бог?
15. Затрубете со труба на Сион, наредете пост и објавете свечен собир.
16. Соберете го народот, свикајте собир, поканете ги и старците, соберете ги децата и цицалчињата; нека излезе младоженицот од својата одаја и невестата од својата горна одаја.
17. Ме у тремот и жртвеникот нека плачат свештениците, служителите на Господа и нека велат: "Смилувај се, Господи, над народот Свој, не предавај го наследството Свое на срам, та да не се подигруваат со него народите! Зошто ме у нив да се зборува - каде е нивниот Бог?"
18. Тогаш Господ ке поревнува за земјата Своја, па ке се смили и на народот Свој.
19. Тогаш ке одговори Господ и ке му рече на народот Свој: "Еве, Јас ке ви пратам леб, вино и елеј, и ке се наситите со тоа, и нема повеке да ве предавам на поруга пред народите.
20. И непријателот од север ке го мавнам и ке го протерам во безводна и пуста земја - предната сила - во источното море, а задната - во западното море, и ке се крене омразата од него, и ке се почувствува смрдеа, зашто тој беше направил големо зло.
21. Не бој се, земјо; радувај се и весели се, зашто голем е Господ и може да го направи тоа.
22. Не бојте се sверови полски, зашто пасиштата на пустињата ке се наполнат со трева, дрвјата ке го дадат својот плод, смоквата и лозјата ке ја покажат својата сила.
23. А и вие, чеда Сионови, радувајте се и веселете се во Господа, вашиот Бог; оти Он ке ви дава умерен дожд, па ке ви прака дожд - дожд ран и дожд доцен, како и порано.
24. И ке се наполнат гумната со жито и ке се преполнат бочвите со гроздов сок и со елеј.
25. И ке ви надоместат за оние години, кога испојадоа се скакулците, црвите, бумбарите и гасениците - Мојата голема војска што ја пратив против вас.
26. И до наситка ке јадете и ке се наситувате и ке го славите името на Господа, вашиот Бог, Кој пред вас изврши големи чудеса, така што Мојот народ нема да се посрами довека.
27. И ке познаете дека Јас сум ме у Израилот и дека Јас сум Господ, вашиот Бог, и дека нема друг, и Мојот народ нема да се посрами довека.
28. И, ете, потоа ке излеам од Мојот Дух врз секоја плот, и синовите ваши и керките ваши ке пророкуваат; старците ваши ке сонуваат соништа и младите ваши ке гледаат виденија.
29. А и врз слугите и слугинките во оние денови ке излеам од Мојт Дух.
30. И ке покажам знаци на небото и на земјата: крв, оган и столбови од дим.
31. Сонцето ке се преобрати во темнина, а месечината - во крв, пред да настапи денот Господен, великиот и страшниот.
32. Тогаш секој, што ке го призовува името Господово, ке се спаси; бидејки на гората Сион и во Ерусалим ке има спасение, како што вели Господ, а и по другите места, што ке ги повика Господ.

  Joel (2/3)