Joel (1/3)  

1. Слово Господово до Јоила, синот Ватуилов.
2. Чујте го ова, старци, и внимавајте сите жители на оваа земја: се случувало ли ова во вашите денови или во деновите на вашите татковци?
3. Раскажувајте за него на децата ваши; а децата ваши нека им расакажуваат на нивните деца, и нивните деца - на следниот род;
4. се што остана од гасениците, го изедоа скакулците; а што остана од скакулците, го изедоа црвите; и што остана од црвите, го изедоа бубамарите.
5. Разбудете се пијаници, плачете и ридајте, вие сите што пиете вино, за сокот гроздов, зашто е одземен од устата ваша.
6. Зашто против земјата моја дојде народ силен и безброен; забите му се како заби на лав, а челустите како челуст на лавица.
7. Тој ми ја опустоши лозата, и смоквата ми ја откорна, ја обели до голо и ја фрли; гранките и останаа бели.
8. Плачи како што плаче млада жена, опашана со врекиште, за мажот од својата младост.
9. Се прекрати лебниот принос и преливот за него во домот Господен; плачат и свештениците, служителите Господови.
10. Опустошено е полето, тагува земјата, оти е уништено житото; се исуши гроздовиот сок, овенала маслината.
11. Црвенете се од срам, земјоделци, плачете лозари, за пченицата и за јачменот, оти нема веке жетва по нивите,
12. лозата се исуши, смоквата свена, нарот, палмата и јаболкницата - сите дрвја по полето се исушија; поради тоа и веселбата кај синовите човечки исчезна.
13. Препашете се со кострет, свештеници, и плачете; ридајте, служители на Светилиштето. Влезете и нокевајте, служители на мојот Бог, во кострет, зашто во Домот на вашиот Бог нема веке лебен принос и прелив.
14. Определете пост, објавете свечен собир, повикајте ги старците и сите жители од тој крај во домот на Господа, вашиот Бог - викајте кон Господа.
15. О каков ден! Оти денот Господен е близу; и ке дојде како запустување од Сесилниот.
16. Зар пред очите наши не се одзеде храната, и од домот на нашиот Бог - веселбата и радоста?
17. Изгниени се зрната во свите лушпи, запустени се житниците, урнати се амбарите, оти нема веке жито.
18. Ете, стенка добитокот, нажалени одат стадата волови, зашто нема за нив пасиште; се измачуваат и стадата овци.
19. Кон Тебе, Господи, викам, оти оган ги проголта сочните пасишта во пустињата, и пламен ги подгори дрвјата во полето.
20. Дури и животните во полето викаат кон Тебе, зашто секна водата по потоците, и оган ги изгори пасиштата во пустињата.

      Joel (1/3)