Job (9/42)  

1. На тоа одговори Јов и рече:
2. "Навистина знам, дека е тоа така; но како ке се оправда човек пред Бога?
3. Ако сака да влезе во расправија со Него, нема да Му одговори ни на едно од иљада.
4. Он е мудар по срце и мокен по сила; кој станувал против Него и останувал во спокојство?
5. Он ги преместува планините, а тие тоа не го знаат: ги превртува во гневот Свој;
6. ја поместува земјата од местото нејзино, и столбовите и треперат;
7. ке му каже на сонцето, - и тоа не изгрева, и на sвездите им става печат.
8. Он Сам ги распнува небесата и оди по морската површина;
9. Он ги создал Мечката, Орионот и Плејадата и sвездите на јужното небо;
10. врши големи дела, неиспитливи и чудесни, и безбројни се Неговите чуда.
11. Ете, Он оди пред мене, и јас не можам да Го видам; Он минува, а јас не Го забележувам.
12. Земе ли нешто, кој ке Му забрани? Кој смее да Го праша: што правиш?
13. Бог нема да го отстрани гневот Свој; пред Него ке паднат приврзаниците на гордоста.
14. Ако ме услиши и ги оцени зборовите мои,
15. дури и да сум прав, нема да одговарам, туку Судијата мој за милост ке Го молам.
16. И кога на гласот мој би се одзвал, немаше да поверувам дека ги чул зборовите мои Оној,
17. Кој во виор ме поразува и без вина ги умножува раните мои;
18. не ми дава да здивнам, а со горчила ме исполнува.
19. Ако станува збор за сила, Он е најсилниот; кој ке се спротивстави на Неговиот суд?
20. Ако почнам да се оправдувам, самата уста ке ме обвини; ако сум невин, Он ке ме прогласи за виновен.
21. А дали сум невин, и јас самиот веке не знам, животот свој го презирам.
22. Сеедно е: затоа реков: дека Он го погубува и непорочниот и виновниот;
23. ако лукавите гинат со лута смрт, тогаш со невините се подбиваат.
24. Земјата е препуштена во рацете на нечестивите. Он им ги покрива очите на нејзините судии. Ако Он не е, тогаш Кој е?
25. Но дните мои беа побрзи од гласникот, - далеку побегнаа, не видоа никаде добро;
26. летаат како лесни летала, како орел, што се спушта врз плен.
27. Ако речам: "Kе ги заборавам тагите свои, ке го отстранам својот мрачен изглед и ке закрепнам,"
28. од сите мои маки ужас ме опфака, зашто, знам дека нема да ме оправдаш.
29. Ако сум, пак, виновен, зошто тогаш залудо се измачувам?
30. Да се измиев со снежна вода и сосема да ги исчистев рацете свои,
31. и тогаш Ти ке ме турнеше во тиња, па ке се згнасеа од мене и алиштата мои.
32. Зашто Он не е човек, како што сум јас, та да можам да Му одговорам и да отидам заедно со Него на суд!
33. Ме у нас нема посредник, што би ја ставил раката своја ме у двајцата.
34. Нека го тргне Он од мене жезалот Свој, и стравот Негов да не ме застрашува,
35. тогаш ке зборувам и нема да се плашам од Него, бидејки вака не знам за себе.

  Job (9/42)