Job (6/42)  

1. Одговори Јов и рече:
2. "О, да беа точно измерени маките мои, и заедно со нив да го бев ставил на терезија страдањето мое!
3. Тие навистина би биле потешки од морскиот песок! Затоа зборовите ми се жестоки.
4. Стрелите на Вседржителот се во моето тело; духот мој го пие отровот нивни; ужасите Божји се управија против мене.
5. Рика ли див осел при трева? Мука ли бик над крмата своја?
6. Се јаде ли блуткавото без сол и има ли вкус белката од јајцето?
7. До она до кое душата моја не сакаше да се допре, тоа ми е сега храна во болеста.
8. О, да се беше остварела желбата моја, и Бог да го исполнеше очекувањето мое!
9. О, да сакаше Бог да ме сотре, да ме млатнеше со раката Своја и да ме истребеше!
10. Тоа би ми била вистинска утеха, иако горам од мојата безмилосна болест, бидејки не се откажав од зборовите на Светиот.
11. Колку ми е силата, та да се надевам на себе самиот? И каков е крајот, та да го продолжувам животот мој?
12. Камена сила ли е силата моја? И од бакар ли е телото мое?
13. Има ли во мене помош за мене, има ли за мене некоја поткрепа?
14. Кој одбива милост кон ближниот свој - ако тој не престанал да се бои од Севишниот Бог.
15. Но моите брака ме напуштија, како безводни потоци и како бранови ме одминаа
16. Како снег и мраз што се топат од толина и не се познава што имало.
17. Во време сушно тие намалуваат, а во време на жеги исчезнуваат од местата свои.
18. Го менуваат правецот на патиштата свои, навлегуваат во пустињата и се губат;
19. погледнуваат кон нив патниците од Темна, им се надеваат на оние што одеа во Сева,
20. но остануваат посрамени во својата надеж: одат таму и црвенеат од срам.
21. Така сте и вие сега спрема мене: видовте страотија и се исплашивте.
22. Ви рекова ли: дајте ми, или подајте ми нешто од вашиот вишок;
23. избавете ме од раката душманска, откупете ме од раката на мачителите?
24. Научете ме, и јас ке замолчам, покажете ми во што сум згрешил.
25. Колку се силни искрените зборови! Но што кажуваат вашите прекори?
26. Мислите ли зборовите мои да ги изобличите? Во ветар ги фрлате зборовите ваши?
27. Го напа ате сиромавиот и му копате јама на пријателот свој.
28. Но, ве молам, погледнете ме: зборувам ли лага пред вашето лице?
29. Разгледајте по правда? - јас сум исправен.
30. Има ли во јазикот мој неправда? Зар грлото мое не може да го разликува лошото?

  Job (6/42)